Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.086
    Допаѓања:
    108.936
    Пол:
    Женски
    Утре сабајлето сакам да дадам на беба авокадо. Мм купил , па викам ајде ќе и дадам. Цело ли авокадо да ставам или пола? Се вари или само се лупи и се гмечи? Со што е најдобро да го дадам? Уште не јадеме зеленчук , а од овошје имам дома јаболко , круша , банана , слива.
    Не сум некој фан на овие тропскиве овошја/зеленчуци , па и да не и се допадне нема да ми биде криво :D
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.614
    Допаѓања:
    185.179
    Пол:
    Женски
    Негде стои дека четврт е доволно оти е јако, а во статииве на фб што ми излагаат со предлози за бебешки оброци и цело стои, јас помалку од пола давам.
    Овошјето секогаш го давам свежо, а авокадо и такво се препорачува да се даде. Мојата сака многу авокадо, најчесто го давам со банана и круша. Има неутрален вкус, па може да се даде и во комбинација со зеленчук и во тој случај не се додава масло.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Кога се воведува втор оброк?

    Почнавме од 5 месеци со вкусови, и од почеток добро јаде. Сега има 6 месеци и 1 недела.

    За син ми не се сеќавам кога воведов втор оброк.
     
  4. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Каков путер давате? И во што да го дадам, какви комбинации??
    9м точно

    @BabyT какви макарони? И со што ги даваш? Цели?? Сецкани?


    @Sofi.ja без Семки. Ги вадам, уствари само странично сечам и семките остануваат на тиквичката, ги фрлам потоа.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    На почетокот гледав да се само од дурум пченица и вода, да немаат јајца. Ги гмечев со вељушка, сега веќе си ги јаде цели голема мома е:D
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас имам нутрибулет и 1/4 авокадо е многу малку за да се изблендира и морам да ставам 1/2 ама не ја дадов цела. Во остатокот додадов и банана и големиот си ја изеде. Ако твојата големката сака шејкови можеш Дака да направиш. Ем двете задоволни и најадени
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Мајки , боровница , капини од кога може и како?
    Исто и за магдонос?Урми? Фала многу однапред
     
  8. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Треба да воведам оброк, 6 месеци е бебево,па сакам да прашам кое време е најдобро да го дадам оброкот?
    Колку количински треба да биде оброкот и како да го распределам наеднаш или на два пати (сабајле и навечер?
    Дали истата се дава два пати или сабајле една (пример овошна) а после друга (зеленчукова или житна)?
    Некако збунета сум еден педијатар ми кажа еднаш најкасно до 11 часот, а друг да делам пола сабајле пола навечер?
    Кои се подобри кашичките и житни каши на Хип или на Холе?
     
  9. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки.
    Моите бебенца кои всушност веќе станаа детенца, дојде ред да почнат да пробуваат вкусови. На 12ти прават 6 полни, полека ќе почнеме со воведување.
    Денес е денот. На мени-млад компир. И додека сношти ја утепав матичната на телефон што и како да биде, како и обично, заборавив да прашам тоа што ми е најважно.
    Кога да давам лажиче? Кога дошло време за млеко, да дадам 2-3 лажички па да ги дохранам со шишенце?
    Или измеѓу оброци? Како треба да биде? Ако е измеѓу оброк па ако не се доволно изгладнети и не сакаат?
    Како правите вие?
    Инаку, возбудена сум како кој знае што да е :)
     
  10. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    Овој обичниов гриз со бебе на сликата како го правите? Пишува да врие во млеко а ад млеково не го вријам. Со вода? :?:
     
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас гриз правам со вода.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Маслиново се воведува како секоја друга намирница? Да ставам пример денес во кашата една лажичка?
     
  13. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    3.120
    Мајка јас би те советувала да не почнуваш со компир. Кај мене малиот повраќаше на почеток од него, сепак е малку потежок од другите зеленчуци, му требаше некое време дур да го прифати. Ако веќе си решила да почнуваш со зеленчук нека биде морков на пример, или тиквица, батат исто така може. Јас почнав со јаболче обарено. Иначе мислам дека се дава дури се гладни, па после ќе си продолжиш со млеко. Јас не памтам со моево дали сум внимавала на тоа:wasntme:
    Ајде со лесно на лапкачите(fingers)
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу за советот, ние уште рано наутро го испразнивме тањирчето. Големи лапачки усти се. Едниот дури плачеше за уште :D
    Во право си да, компирот е потежок. Можеше да почнам со морковче, ама бидна ете.
    Секој совет ми е добредојден, фала многу уште еднаш :)
     
  15. AnnaPe

    AnnaPe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ние сме полни 5 месеци. Почнав 3 дена тиквичка, 3 дена морковче, 3 дена компир. Првиот ден е само 2-3 лажичка, вториот повеќе а третиот колку сака. Денеска цел мал компир и морков - пире изеде на 2 пати.
    Ноќе си спие мирно и по 8 часа без прекин, а ноќва ми беше нервозна и се будеше секој саат. Помислив да не е жедна, денеска и дадов дополнително и вода 20мл.


    Колку вода давате на 5 месеци? Инаку сме и на доење.
    Кои други продукти можам да и ги внесам?

    Инаку, на 4 месеци бевме 5.5кг :(
     
    На macence994 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Јас едноставно почнав да го ставам во кашите, без некое посебно воведување. Прво ставав пола лажичка до 6м, сега цела ставам.
     
  17. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Мајки некој да ми предложите рецепт за спанаќ не ми го сака. Со палента не ми го сакаше,додадов и морков (што му е омилено) и пак не го сакаше. Ориз и компир не му се омилени му ги маскирам со повеќе мешани вкусови, така да и тие не ми е опција. 6+ е бебе
     
  18. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Има уште време ама јас уште сега се спремам. :)
    Педијатар ни препорача од 4 и пол месеци да воведам вкусови. Кај и да е ќе дојде време и за тоа. Најдов еден предлог план на интернет, па малце се збунив. Конкретно за грашокот и за жолчката. Се друго ми се допаѓа освен тие две намирници. Ако има нешто што мислите дека не треба да го дадам според овој план на бебе од 4 и пол ве молам напишете ми. (некаде читав дека морков од 6+, некаде читав прва храна да биде, збунка сум цела) :)
    newfoods.jpg
     
    На AnnaPe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Пробај со батат. Денес тоа го имавме и цело го изеде. Батат, спанаќ, тиквица и морков.
    Исто видов рецепт во група на фб со тиква, ориз и спанаќ. Наредно така ќе пробам.
     
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    14.718
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ти одговориле, втор оброк од прилика после 2 месеци од воведениот прв. Би дошло околу 7-8 месец зависи од детето ќе видиш и сама дали го заситува млекото.
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.