Има друго бебе освен моево што не јаде кисело млеко? Прво нешто од кое се мршти е ова. Дадов на Бучен козјак. Да пробам со некое друго или да се помирам дека нема да јаде? Мора да има нешто благо па да го изеде.
И мојот не е воодушевен. Се гади. Се си мислам дека му е чудно дека е ладно а он нејќе ништо ладно Му го мешам со нешто за некако да пројде. Лажичка само кисело млеко нема шанси да лапне. Пробав со три различни. Мислам и @Septemvri спомна дека и нејзиното нејќе.
Колку време се вари палента? За нас не сум правела, а за бебе мислам ја преварувам. Колку е доволно да вари? И колку од прилика количински да рачунам, неколку пати правам божем само за бебе тоа излага за цела војска на крај. Путер кога се воведува?
Јас во 180мл вода ставам две супени лажици палента. Не ја варам долго, додека се згусне. Таман ми излага. За путер мене педијатарот ми пиша во текот на 7ми месец. Сеуште не сум вовела. Не знам каков да земам
Исто сме 9+, мислам дека сите деца различно јадат исто како и ние. Не сум репер зошто моево мн јаде од сам старт, одамна не мерам, полнам чинијата колку изеде толку ама во главном ја јаде. Може толку си јаде и со 190 е топ најаденко, толку му треба. Ако ти е за утеха и мојава пие млеко на 3/3ипол саати макс навечер, и јас не знам како да правам. Од 150мл млеко намалував постепено сега пие 90мл ама ништо не смени, пак е тоа на 3/3ипол саата. Сепак мислсм дека повеке се будат од навика него што се гладни, големки се веке
Во што му го ставаш? Идеи за храна за бебе 0... Се едно исто вртам... Да не прочитав овде дека батат компир давате со солени работи и зеленчуци само чист ќе му го давав зашто мене ми е некако благ и не ми иде со ништо А кога ќе видам какви фенси оброци даваат некои мајки ептен ми е криво што сум тапа у кујна. Никој не ме праша, ама да си се пожалам де
Ја батат давам доста често и се со солено додуша. Мојава обичен компир нејќе ни да мирисне. Што е иронично со оглед на фактот што јас и татко и можеме да се удавиме во компир. Тебе бар и чисто ти јаде, кај мене чист намирник не проаѓа па ако сакам и на глава да застанам.
путерче со палента, во ручеци со зеленчук, исто додека и го варам зеленчукот ставам малце во водичката, му дава убав мирис. Батат јас и го комбинирав со лукче и павлака најчесто, мн го сакаше така топ искача, или со цвекло,мевце, со спанаќ можеш исто.
Да да исто се гади од кисело млеко. Пробав неколку пати во различни комбинации, не му прави мерак. Ама не значи дека нема да јаде понатаму, големиот исто вака реагираше ама после почна да го сака. Тоа ти е, бебињата се некогаш многу чудни Инаку батат давам со зеленчук, со месо со се, за да јаде,и засега ми врши работа.
Девојки потквасува ли некоја кисело млеко? Сакам домашно да и правам на малава, ама не знам како и од каде да почнам. За козјо прашувам. Во кравјо или козјо млеко треба?!
Палента треба да се вари подолго. Да не го боли мешето, стави ја ринглата на 3-ка, ако ти е со 6 степени. И во вода одма ладна додека е, стави палента и путер. Оно ќе се крчка, мешај нема да загори. Јас секој ден јадам палента, исто и малово. Има разлика од згусната одма и тргната од оган, и онаа што се варела подолго. Омекнува зрното.