Дали палентата ја давате чиста (освен путер, немам воведено уште, 6+ сме) или ставате нешто плус во неа? Јас обожавам палента ама со сиренце, јогурт, а вака за бебе клод ми се чини дека ќе биде многу без вкус, не знам дали ќе ја сака. Инаку и јас батат мешам со солено: брокула, морков, обичен компир млад, маслиново... Моево дете повеќе сака компири и моркови отколку овошје
Палента и давав со овошје на почетокот и уште ја сака за појадок со крушка. Туку како им давате портокал, мандарина? До сега и цедам во јадењето, инаку ја дави. И јаткасти исто кога почнавте? Само ситно сецкани ги додавате во јадење, или? И за мед да си прашам додека сум тука. Кога почнавте да давате? Беба е 12,5 месеци, рано да не и е?
Постапка за потквасување млеко: Млекото се вари и се остава на излади односно да биде млако да се "трпи" кога ќе го ставиш прстот. Во тоа млеко се става една лажица полна кисело млеко, се промешува да се "растопи" киселото во обичното и се поклопува и се умотува во нешто за да му биде тооло како на пример некое кебенце или чаршав. Стои на топло мислам дека доволно е еден ден зависи од топлината. П. С. Кога можам да воведам жолчка и како е постапката? Едит: Ставате ли малку сол во солените кашички? Бебе ич не ги сака и го разбирам многу се блуткави на благи на овошје не ми прави проблем. 8 точно сме.
Никогаш не сванав зошто се прави к.млеко со помош на к.млеко Жолчка можеш штом сте 8м. Полека на 3 дена, прво 1/4. За сол е рано, дури од 1 година.
Киселото млеко содржи габа која во пресно млеко се размножува. Мене така ми објаснија Ух за солта, ептен мака имам не сака блуткави јадења. Како ли ќе не биде. Скоро сите пријателки што ги прашувам ставаат по малку и им јадат
Ако се решиш да ставаш земи хималајска. За бебиња од 1г препорака е е 1грам /сол, и тоа е малку ама пробај. Дали користиш лук, кромид, сува мајчина душица, тие даваат повеќе вкус на кашите. Пробај еднаш со сол и види дали ќе сака.
Секаков вид на зеленчук, овошје, риба, месо, јајца, има сад и за ориз, супа ама тој не ми е испробан. За оброците на бебе ми е идеален, ем мене ми е стварно повкусен зеленчукот на пареа, ем е многу практично само ти покажува што колку минути треба да се готви.
Si a jade cela kasicka? Bravo mojava nekako mi nema bas interes nekako A koe vreme davas za pojadok li ?
Да, јадач имам ја дома. Он и повеќе би јадел ама го кратам Му давам во 10/10.30 сабајле. Прво кога ќе стане цица, па втор оброк после 3 саата кашичка. За уште 2 недели ќе му воведам и втор оброк во 14 часот.
Баш кажуваа дека вака на пареа заленчукот ги зачувува 70% од хранливите материи. Кога се вари обично само 30%.
Мамички, како почнувате со дохрана? По колку дена ист производ? Колку време зеленчук, па потоа овошје? Кој зеленчук го давате најчесто? Колку време терате само со еден оброк, односно од кога воведувате втор оброк? Ве поздравувам. Ви благодарам однапред.