Женски да ве прашам , на беба денес и воведов и ручек , цел компир и цел морков сварив и додадов лимон и маслиново масло, се си изеде скоро 2-3 лажички останаа. Ама ми излезе некако ептен количински , вие колку од зеленчуков давате на 6 месечни бебиња?
Јас секогаш мерам со 120 грамска тегличка. Дали зеленчук или овошје,небитно. Просото колку време треба да се кисне? Се вари околу 30-40мин? За прв ден просо,колку количински да ставам? Планирав со јаболко и слива (имам замрзната) да го мешам... Посебно се вари просото,посебно овошјето?
Јас имам лупено просо и околу 15-20 мин го варам. Пред тоа го киснам неколку часа обично од вечер. Можеш со јаболко и круша да го мешаше. Јас денес, поточно вчера за ручек со спанаќ го дадов. Многу ми го јаде.
И јас секогаш вагам. Кога почнав со дохрана бебе јадеше повеќе. Како што наголемувам број на оброци јаде количински помалку. Од 140 гр ручек не сака повеќе. А на почетокот јадеше и по 190 гр.. Секое дете различно е. Давај и колку сака. Да прашам јагнешко од колку се дава? И ова бебешко чоколино без шеќер дали е ок за бебе? Денес мм пазарел и апотекарката задоволна што од кај неа пазаруваме за поздрав ми пратила месна каша од јагнешко и ова чоколино.
Mene me interesira koga zapoznavte so tret obrok ? Nie sme 7+ Pa se mislam i za tret obrok I sto davate najcesto za vecera a da ne bidi preoptereteno stomaceto?
@BabyT @Мецаа91 @Coco31 Фала девојки @SINOLICKA_123 Идеи за вечера слично како за доручек. Пр. Палента со кисело млеко, овошен јогурт ( кисело млеко со некое овошје), пасирана банана само (ама јас пасирана од кај 8м и давав) , печено јаболче, печена тиква... Имаш избор. Палента со кисело млеко добар избор, ем вкусно ем лесно. Иначе ако сте на ад мислам е во ред од 7+ вечера, сигурно од 5+ имаш почнато со доручек. Меѓутоа ако е на мајчино немаш потреба толку брзо со трет оброк. Јас ни ужина не и давам на мојата. 9м е, супер си напредува, и ја цицам за време на ужина. Ретко некогаш и давам пола банана пасирана.
Што е разликата од Просо на Виталија и просо на Био космос, освен цената? Утре сакам да воведам брокула. Дали претходно да ја мијам во сода? Или само да покисне во вода 20мин пред готвење? Дали е доволно две помали гранчиња за пробување? Сакам да ја мешам со компир. По два дена воведувам нова намирница. Дали вториот ден можам да дадам брокула+тиквичка+компир+морков (се пробано до сега) + кромид (не е пробан) ? Има нешто врска дека втор ден ќе биде брокула и во ист ден прв ден кромид? Секако планирам малку да ставам,колку за вкус. Имам апарат за готвење на пареа,не сум го употребила досега сакам утре за брокулата и компирот. Дали секој зеленчук се готви 20мин бидејќи толку пишува дека е програмата?
Можеш. Кромидот не верувам дека јавува реакција. Брокулата не се вари долго, брзо омекнува, не знам како е за на пареа. Ваљда штом компир се вари за 20 мин, тогаш сигурно и брокула.
На Биокосмос е органско. Брокулата доволно е да отстои во вода пола час. Доволно се две мали гранчиња. Две намирници нови не се дава заедно само затоа што ако даде реакција нема да знаеш од што е. Последно незнам Има ад во оваа веќе.