@ocicka2014 Ти пиша за кисело млеко. А да пишеш сразмер на намирници На колку млеко иде една лажица кисело млеко И да, дали смеам да давам овчо кисело млеко? Мм такво ми купи.
^^ И јас веќе воведов кромид. Кашите со плус кромид во нив ги обожаваат. Инаку, ние сеуште пробуваме вкусови. Ама, со моиве лапачи не оде така. Сакаат да кркаат
Јас сирење и направив Ова е од чаша од 200мл,се загреа млекото и додадов лимонов сок се гледа кога ке се раздели се познава жолто_зелена течност (сурутката) да не врие треба.. Се цеди и готовоо
Вака Ставаш млеко(јас битолско тетрапак) не користете од село, кога ке дојде млако да можеш да го брцнеш прст се става мала лажичка лимонов сок, доколку треба може и да се додаде треба да се подели и да има жолта_зелена течност и го собираш во цедалче со газа и се става да се цеди... Да изладе и јадите
Мајки сакам да почнам полека со воведување жолчка. Се дава според тоа што ве читав со 1/8 , но каква реакција може да даде во случај на алергија и што треба да се превземе ако случајно се појави?
Имам видено слика овде, бебето по цело тело беше со пликови,пребарај може ќе ја најдеш. Дали давате смрзнато овошје,конкретно вишна? Од кои суви сливи и суви кајсии купувате без шеќер и конзерванси? Од кое маслиново масло користите?
какво какао се дава на бебиња ? од оние несквик за млеко или оние што се за варење? Му имам давано ноќни кашички на хип и фрутек со какао,ама не знам дома со какво да му правам...
За готвењето на пареа најчесто додавам уште некоја мин плус. Обично додавам за компир/батат тој за 20 мин не ми е готов. Боцкам со виљушка па проценувам дали да оставам уште. Сега почнав на поситни парчиња да ги сечам па и побрзо ми се готови. За суви сливи и кајсии јас ова го најдов на нет. Дома тоа што имав проверив го содржат овој емуглатор 202. Ако има некој без нека пише и јас барам.
Може, како мислиш чиста? Како спанаќот ја спремаш. Црвени пликови околу усте, и доколку е јака алергија и низ телото. Доколку се случе се советуваш со педијатар да ти каже. Кога е слаба алергија не се дава ништо и се чека само да помине, ако не се дава сируп.
Од зеленчуковите, на Хип сум купила само од брокула и од компир и тиква. Претежно дома им приготвувам. Инаку, со кромид на Хип незнам да кажам дали има. Мм ги купува.