Не отворам многу често мила, сега гледам. Грашок на 7м дадов и то пасиран со вадење на лушпата. Малку маткање ама така праев, мешано со компирче и морковче, не ти треба Грашок голема количина. Црвена леќа на 8м дадов. Исто со компирче ја измешав првиот пат. Вториот со морковче плус, пиперка, кромитче. И си правиш комбинации. А грав и проќељ немам дадено. 9м е малата. На 10 планирам. На 9м дадов цвекло. За наредни намирници кои ќе ги воведам пишувам во групата.
@Presrekna кремите ги подготвувам со вода зошто содржат АД млеко може имаат брз метаболизам, што да кажам. На крај на април ќе го прашам педијатарот баш да видам и мене што ќе ми каже. За грашак , грав , јас на поголемата ќерка и ги давав негде 11 месец
Околу тоа давање на инстант ноќни каши/креми најдов на страната на Зегин од овие http://www.zegin.com.mk/home/uvoz/HUMANA-KASHI.html Читам се подготвуваат со вода. Имав од Лино ама таа беше стрикно со млеко дека се прави. Или АД или мајчино.
Здраво мајки. Сакав да ве прашам дали од 6ти месец бебето треба да има еден цел оброк (мислам на цела тегличка кашичка) и дали тоа треба да е за време доручек или ручек? Пред два дена почнавме со пробување вкусови по неколку лажички, инаку имаме 5 ипол месеци и малку не ми е јасно околу планирањето оброци, во кој период од денот треба да е оброкот па ако може да ми појасните.
Ориз 5+, брокула 2,3 дена пред 6м дадов Да,тоа јадеше вчера и завчера моево. Со овошје мешав. Прв ден му дадов чиста,ме изненади колку му се допадна вкусот. Спанаќ може на 6+? Глутен од 7 ли треба да се воведе?
Јас денес и дадов кисело млеко со жолчка како ужина. И двете одамна ги имам воведено ама дали одговараат заедно како комбинација?? Отпосле ми текна... Некоја да ми кажи
Да, исто помислив. Ама имав читано на форумов дали месо и јајце во исти ден не, или месо со млечно, или млечно со јајце... Ич не ми текнува на која комбинација се мислише. Иначе вервај дека и за поедноставни прашање од ова се имам прашвано сега од ко сум со бебе. Нешто го знам дека е така, ама пак препрашвам или сто пати ќе помислам... Фала
Просо кога давате, го блендирате или зрна цели давате? И палента читам од Хип кремите; јас не мислев на таква палента, купив од Зегин класична палента само некоја био органска. Вистинска палента како ние што јадеме. Да не згрешив?
Јас и давам од Зегин Био палента. И јас понекогаш си дорукчуквам хаха Ништо не си згрешила, таа е одлична за бебиња. Неколку членки даваат исто таква. Мои блиски пријателки исто така даваат таква.
Сакав да воведам жолчка. Додека ставав од овошето во блендер само малку од шолчката му допрев на муцето и додека блендирав се нафрла околу муцето. Така мама ја исрка кашата , а синко оти беше гладен не му се чекаше јадеше купечка морковче и јаболче. Деновиве планирам по малку да му дадам грашок и леќа. Кога ќе биде тоа зависи кога за нас ќе биде тоа на мени, па ќе му тргнам малку додека не ми се зачинети. Како да ги вадам лушпите на грашокот пред варење или по ? Месо сеуште немаме воведено, не ми се излегува да одам по месари да се распрашувам дали и каде има, не секаде има телешко. Ова што го кажувате месо од Хип , има тегле стрикно само со месо или комбинација на зеленчук со месо?
На Хип не сум сретнала само телешко, ама на Холе имаш само пилешко и само телешко. Една тегличка е за 2 оброка.
Како комбинирате брокула? Кога воведовте спанаќ/просо/гриз? Ако имате некоја табела би ви била благодарна.
просо земав во зрна од продавница за здрава храна и ја давам варена и блендирана со овошје. Палента исто купена 1 кг не знам каква има поинаква. Ништо инстант каша немам дадено. Т.е имав кексолино од нова година во пакетчиња што ми дадоа големиот ја отвори на малото дали 2-3 пати дадов со мајчино млеко и толку. За 3 недели ја фрлив. Толку беше рокот.