Денес прв пат, батат,брокула,кромид и инстант ориз-маф направи Утре ми е во план батат+јаболко+морков
Денес ми излезе околу 150-160 грама, до сега околу 120-130 му давав,ама нели треба постепено да се зголемува додека стигнеш до втор оброк
Кога се воведува втор оброк - после еден месец од првиот? Со прв почнавме на 6 месеци, претходно само пробување.
Дали ја давате оваа од 6 месеци одма? И какви други житарки давате за старт? Нешто што оди со овошје предложете. Мојава фуфла не сака овошје многу многу.
Baby first corn и Baby first Semolina-гриз безглутенски, од Хип. Исто може и просо, а за гриз со глутен се препорачува најобичниот плав со бебе на сликата.
и кексолино е инстант оброк. Затоа и го избегнав. Сум дала дали два или три пати. Не дека е нездраво. Нездраво е фаст фуд грицки благо... Она со кое лесно можеш да излажеш дете. Ама ова инстант е преработка,додатоци на витамини ... Јес да е избалансирана цел свет користи не сум против инстант,верувам дека и јас ќе дадам ама тоа ми е во крајна опција. Предност давам на зрната одколку на инстант житарици.
Што знам,јас во составот на кексолино три пати прочитав шеќер... Бататот секогаш држи цена од 250 денари или има кога му е сезона?
Женски јас срам не срам батат е оној благиот компир? Го давате наместо обичниот компир? Педијатар ви препорача така да давате? Гледам често на темава е спомнуван , па викам да прашам
Да. Има бел со вкус на костен и портокалов со вкус на тиква. Благ е, и иде во комбинација со се'. Обично ако не сака некоја комбинација, батат спасува, дека благ
Батат е сладок компир, јас давам и обичен и таков. Многу здрава намирница е, а и обично бебињата го сакаат заради благиот вкус.
Еве ги и сликите за урдата.. Постапката погоре ја пишав.. Еве повторно.. *Иста количина мешаш кисело и пресно млеко.. *стои 24ч(јас во соба што не затоплува) *се вари на тихо додека се подели жолто-зелена боја да има, се лади убаво *се цеди низ газа, јас крпче користев *малку да постои и готова е, ако сакате посува повеќе нека се цеди за покремава е доволно кога ќе престане да капи сурутка *рок 2-3дена во фрижидер и не користете за јадење ист прибор(со една вилушка да јадете од целата)