Мајки, млечната каша од ориз на Холе или било која друга, ја давате во комбинација со овошје или зеленчук или само ориз со формула приготвувате? Ако комбинирате, со што комбинирате? Исто сакам да прашам и за мискот на Холе од палента, ориз и просо. Дали комбинирате или само со млеко го приготвувате. Инаку, моите овошните каши плус со палента ги обожаваат,а ги држи сити. Колку пати неделно може да дадам житарки? Да не им зачестив некако... Вие колку им давате?
Јас од педијатар добив совет дека доручек е житарка со овошје, а ручек зеленчук со месо/житарка и се водам по тоа од 6ти месец, сега сме 9+. Секојдневно давам житарка и приметив дека ако му дадам само зеленчук за ручек за кратко време е гладен.
Јас ја давам навечер, секој ден, како вечера, по препорака од педијатар. И не ги мешам кремите со ништо
Дајте неколку идеи за вечера, уште 9 дена правиме 9месеци,у последно време останав мез некакви идеи.. А инаку, овошно јогуртче домашно може да се направи со кисело млеко? И дали може да се даде како ужина на пример, или спаѓа во оброк?
Токму од овие причини често им комбинирам зеленчук или овошје со некоја од житарките за 6+. Само овошје или само зеленчук не ги држи сити. Компирот најмногу ситост им дава во случај да е само зеленчукова каша, ама па неможеш на секое и компир во комбинација @koritsaki благодарам многу, твоите совети ми се секогаш добредојдени. Исто планирам млечните каши да им ги давам навечер кога ќе воведиме втор оброк, но си помислив ако за доручек дадам овошје/зеленчук + житарки дали може и навечер? И уште нешто сакам да прашам, прв оброк доручек, втор вечера, трет ручек или?? Можеби нешто сум помешала... Нке уште комплетно не сме замениле оброк со млеко, за ден-два и тоа ќе биде. Обично до кај 11-12 им давам. Се смета за доручек сепак, така? Понатаму, планирам како втор да им давам навечер како предпоследен оброк млечна каша, и здравје, како трет, месо во комбинација како ручек т.е. трет оброк. Може ли некој да ме просветли дали сум залутала
Јас и давам овошен јогурт домашен со к млеко и овошје. Најчесто банана или јаболко, како оброк за вечера бидејќи крушата и сливата ја тераат на какање па ги давам повеќе за доручек. Мојава к млеко обожава така да често и давам со палента или како овошен јогурт. Плус ние сме 8+ па немаме ужинки. Скоро воведов вечера
И ние сеуште немаме ужина но сакав да му направам овошен јогурт, па дали спаѓа во оброк или ужинка. Фала ти на одговорот
skoro 10meseci...do sega samo blendira domasni kasi...kako da ja ucam sama da jade i da se nauci da dzvaka?
@bela.m затоа сме тука сабајлето и давам на ќерка ми овошје само ама ако некогаш е ептен течна кашата додавам од житарките колку да се згусне. А житарки и давам за вечера, без ништо внатре. Сега она е 7 месеци и нареден понеделник сме на контрола, па ќе видам за к.млеко што ќе ми каже. За првото дете не се сеќавам баш што и давав по ред понатаму @Mum32 Ептен ги блендираш кашите или ги даваш со мали парчиња внатре? Јас се сеќавам така и ги давав кашите, прво како крема па по крупни парчиња.. ако има заби ќе треба да почне да џвака
Не е рано за риба? јас ја давав со компир и морков , некогаш и брокула.. мене ми ја повраќаше два часа од како ќе ја изедеше , дали некоја алергија беше не знам и потоа дури на година ипол и дадов (а почнавме од 12 месеци)
И ја дадов со компир и морков и лукче и м.масло си изеде се.. Утре пак ќе и понудам... Пред 3ч јадеше сега за сега нема ништо и си преспа
Со каква риба почнавте? И колку количински и даде? И јас треба сега да воведам, на список ми е од 10+
Со првото дете педијатар ми кажа од 10+ риба, така и со ова ќе одам. 10 и пол е. Бела риба, ќе биде најверојатно бела пастрмка. Ќе ја комбинирам со компир и морков.