На суво и темно ги чувам, сакав барем 4-5 недели да потрошам што ќе потрошам па ќе фрлам. Без ад млеко се, не би требало да има проблем Грешка ми е што скоро сите 3 ми се отворени од прилика во ист период,не може да постигне бебе
Од кога почнавте со пробување вкусови? Не мислам на замена за оброк туку постепено внесување на овошје и зеленчук. Што најпрвин? По што се раководевте? Милион прашања ми се вртат во глава
Јас почнав кога наполни 5 месеци. Покажуваше интерес за храна и одлучив да почнам. Пробување вкусови траеше некаде еден месец и дури после 6ти почна да јаде повеќе. Твоја одлука е дали ке почнеш со овошје или зеленчук. Велат дека ако почнеш со овошје нема да го сака зеленчукот, ама од мое искуство, што и да воведеш прво, ако јаде ке јаде. Мојот син јаде со молење, со лажење и занимации. Можеш да дадеш морков, компир, јаболка, тиква, круша, банана. Брокула може ама гадно мириса, јас не дадов на почеток. Ако цица слободно можеш да почнеш и после 6 месеци. Ако е на адаптирано, можеш и порано да почнеш.
Ги исчитав постовите од 2018та навака, имам цел фолдер со скриншотови и пак морам да се обратам за совет. Малово е родено 2.8кг, на доење е. На контролата 4 месеци беше 8.4кг, педијатарката советуваше да почнеме со дохрана од 6, зашто добро напредува. На 5мес. тука нема контрола, јас го мерам сама, сега е 5мес1нед и има преку 10кг... Многу често бара да цица, откако ќе заврши за пола саат ми ја шмука маицата или вратот. Се плашам дека веќе не му е доволно млекото само и не знам дали да почнам со дохрана. Иако можеби е така зашто и онака се’ става во уста и е нервозен, мислам дека и непцата го чешаат. Ќе чекав до 6 ама сега се мислев што да правам. Не дека тие неколку лажички на почеток нешто ќе му сменат ама... можеби па и ќе јаде повеќе, до сега со млеко очигледно си има апетит детето. Инаку генерално не покажува интерес за храна, мада обично му доближувам работи до нос да мирисне, и пред некој ден на банана подотвори уста и подаде јазиче. Не знам, совет?
Пашканат колку ставате? Како за прв пат доволно е парче колку еден нокт? Од долниот дел пресеков,или тоа се фрла? Не сум користела до сега ни за нас...
@rainbowmama јас би чекала додека да покаже интерес. Очигледно мајчиното млеко му стига (и тоа во изобилие). @Sofi.ja малку поголемо парченце од нокт. Ама зависи дали само тоа даваш или го комбинираш со нешто. Јас го дадов во комбинација со батат, и дадов околу 1.5 цм дебело парче од средината на пашканатот.
Во комбинација со компир,тиквица и брокула дадов. Лук кога се дава? Дали е подобро стар или дека сега му е сезона млад?
Лук после 7 или 8 месец. Јас планирам сега на 7.5 месеци да воведам малце во зеленчуковата кашичка. Ќе дадам стар. Од тоа би дала колку нокте...
Генерацијо : @Septemvri @Yowannty @Мариаа. @Presrekna @Mia Fuentes ќе почнуваме заеднички со воведување јајце? Или дала веќе некоја? Требаше за Велигден да почнеме празнично
Внимавај со домашните јајца. Најсигурно ти е со печат. Имаше некоја реакција? Не знам што треба да очекувам на прво давање? Мојов има атопичен дерматит не знам дали има тоа некаква врска
Ептен од познати луѓе земав. И педијатар ми препорача доколку имам можност да дадам домашни. Никаква реакција немаше. Почнав со 1/8. За дерматитов мислам дека читав внимавале со воведување алергени, или подолго воведувале, не знам. Да не паметувам Ќе ти пише некоја поискусна.
Истовремено сме пишувале ти тука јас во темата воведување на јајце. Генерациски поврзани Немаше никаква реакција. Домашни јајца нарачав. Ќе давам кога ќе ми ги донесат
Вчера на педијатар добив зелено светло за жолчка и инструкции. Почнувам наредна недела со воведување. А белка останува за после 1 година. Поради дерматитот консултирај се со педијатар најдобро, дали да одложиш или да воведуваш подолго. Секако ќе треба да се воведе, па подобро да воведуваш подолго и внимателно. Со лесно на сите.
Првпат дадов домашно јајце на 8+, тогаш завршиме со уртикарија ама заради повеќе алергии и не знаев од што е. После на 10+ дадов купечко јајце, давав 1/8 по 3 пати, 1/4 по 3 пати, така некако и не секогаш го јадеше цело. На 13+ и дадов домашно јајце ми се нафрла. Иако педијатар(не матичен) ми тврдеше дека неможе такво нешто.
И ние мака мачиме со дерматит затоа не сум дала, ми е страв а време е . Тогаш сите заедно овие дена, ready, set, go!
Мајки, сакам да ве прашам која количина на кашичка ви јадат малите на 6+? Веќе 2-3 дена откако заменивме млеко со кашичка. Што ќе им припремам, им ставам во теглиња од купечки кашички на Хип. Првиот пат и двајцата си изедоа по едно од малите теглиња од 120гр, се покажа дека малку им е. Вчера и денес им наполнив од оние од 190 грама т.е. од големите. Таман им дојде. Некако мислам дека е многу, се прашувам каде собира бебе 190 грама храна?? Не се случило да повратат после тоа или да имаат некои тегоби. Незнам.. Затоа ве прашувам по колку јадат вашите?
Мојата лапачка од старт си јадеше по големо тегле. Чим немаат тегоби давај им. Мало овошно давав на почеток, дали 1 недела, после одма го мешав со житарици, за да ја држи.
Ние ке мора да почекаме подобри времиња за јајце . Нешто ни се дешава....дали заби,скок или сосем друга причина, ама уста не се отвара за ништо освен за цице. Почна да ме загрижува веќе три дена е вака.