лук од 7 месеци е. По едно чешне сварено ставај во кашите инаку нема да го сети. јајцата се 9+ жолчка а 11+ белка. Рано ни е. Инаку да си го повторам прашањето претходно што го поставив а не добив одговор. Пченка со што можам да комбинирам?
Жолчка е 8+. Не е рано. Кај деца со низок хемоглобин И пред 8 месец даваат педијатрите. А за белка рано е Пченка во зрна немам дадено, А ако мислиш на палента може со изварок или к млеко, со цвекло, со овошје.. . @Septemvri да не ве фатил скокот во 36 недела? Или забите? И ние немаме запче ама ни има некој симптом или запче на повидок. И мојава е повеќе на цице, ама си го јаде оброкот, па по 5 мин се навртува што вели мм на чешма. Те читам дека од почеток не е некој јадач твоето, но не се грижи ќе јаде.
Имам прашање шо ме мачи. Почнавме со вкусови на 4ипол месеци, нормално по сугестија на педијатар, и од 5 веќе имаме еден оброк (ако може да се рачуна тоа за оброк ~60-90гр). Овошје/зеленчук, од неколкуте што ги имаме пробано. Поради тоа што детето ми спие ужасно, педијатарот ми кажа оброкот да е на кај 17ч., пробување вкусови до 11/12 макс. Ако тоа не помогне да спие подобро, да воведам и оризова каша два саати пред спиење. И пошо не спие боље детето, се замислив за оризот. Али прашањето ми е, нели му е премногу на 5 месечно бебе да јаде два оброка во толку краток период? Или докторката мислела наместо тој оброк да давам ориз.. не знам што да правам
Според апликацијата веќе сме во скок, најверојатно и заби не мачат. Што и да е, нека помине побрзо, бебе ми е како друго, скроз се промени.
Препрашај уште еднаш за секој случај, по она шо читам, мислам дека е рано за втор оброк, нека сподели мислење и некоја од поискусните мами. Ако може да ми каже некоја членка, како приготвувате домашна оризова каша. Благодарам!
Секое бебе своја приказна е. Штом ти рекол педијатар сигурно треба. Ние пред 6 месец почнавме со вкусови, на 6 со оброк. На 7 и 1 недела со 2 оброк. За трет мислев после 8 месец, но по препорака на педијатар почнавме некој ден пред 8. Не е секогаш по книга. @koritsaki може да одговори. Таа откако почна со дохрана даваше оризова каша за вечера Сега млечни дава. Не тешка е. Последно за ручек може, така ме советуваше др. @Septemvri и ние од денес 36 недела. Мојава нити еден скок не рецка. Имуна е. Многу лесно ги поминува. Само 2-3 вечери има јачка и 'ржи во сонот и немирно спие. Ама спие по 12-13часа ноќе. Еве ја веќе пола час е заспана, а ќе спие до 7-8 утре. Друга промена немаме да не ја заречам да не не мавне громчето. Ајде нека помине кај вас за брзо и скоро да частиме заедно за запче. Бај Д Веј прво детенце ти е?
Супер, само така терајте нека ве прескокне громчето. Второ ми е, ама за разлика од бато ова е темперамент голем, а може и сум заборавила, бато е трето одд.
Така и мислев. ние со второ бебе повеќе прашуваме и сме понесигурни од мајките со прво бебе Кај вас Бато трето одделение, а замисли кај нас бато деветто одд. . Него уште малку во минатиот век го растев Само здрави и живи да се Поздрав
@monpan прави така како што те советувал педијатарот. Ние почнавме на 5.5 месеца со креми , ориз поточно (житни креми и давам навечер) и овошје јаболка и банана сабајле. 6ти месец кога ја носев на контрола ми рече зеленчук да давам морков и компир (во нив маслиново масло и неколку капки лимон) а неколку дена пред да влезе во 7ми и дадов со зеленчукот и пилешко месо. Сега е 7 месеци и има три оброци. Од кога воведов месо , дали многу и доаѓа ручекот (плус измеѓу цица) па кремиве од ориз, спелта, гриз , бисквитна не ми ги јаде како порано.
Кога почнавте да и давате на вашите бебиња да пробуваат вкусови, како ги приготвувавте овошјето и зеленчукот и по колку количински дававте?
На 5 полни месеци почнавме со јаболка, варена како компот, два дена по неколку лажички третиот ден колку сака,од прилика половина мала тегличка. Првите десетина дена помала количина,после почнав по 1 цела каша.
јас би почекала за жолчка. А пченка дадов вчера. Викам штом палента воведов и јаде зошто да не и зрно пченка. Комбинирав со морков
Кај мене мали не ги сака кашите со телешко. Три пати по ред фрлам каши. Освен телешко може да се даде јунешко, мисиркино и пилешко како што видов. Од пилешкото од кој дел давате и дали исто се ориентирате по 50гр од оброк?