Пробај да го маскираш со повеќе намирници. Јас комбинирам морков, компир, тиквица, праз, кромид и месо. Можеш и помалку од 50 грама, подобро 20 30 грама отколку ич. Телешкото е најздраво. Од пилешко давам копан, надкопан и бело месо. Најдов селско младо петле, добро е рането, убаво е месото, се гледа по бојата.
Мајки, во кој месец воведовте глутен, месо, млечни производи? Педијатарот ми пиша се ова после 7 месеци,но дали се треба наеднаш во 7ми месец? Како да сум прочитала дека овие три не се воведуваат во ист месец? Деновиве планирам да дадам спанаќ,па пишете некоја комбинација како го давате.
Најмногу зависи од тоа на колку месеци си почнала со цврста храна. Јас прво воведов јогурт, па месо и на крај глутен (дадов гриз). Одприлика на две недели воведував. Спанаќ со ориз и кисело млеко.
На 5м полни почнавме со пробување вкусови, има еден оброк, сега за некој ден ќе воведеме втор,а за 12 дена прави 7 месеци
Сакаме да почнеме со пробување на вкусови.. за една недела сме 5 месеци.. ке почнеме со зеленчукови.. ги обарувате и блендирате, дали ставате малку сол или така како што е? Фала ви
Ние почнавме на 5 полни - тиквичка, морков, компир, јаболка, круша, банана. После тоа дадов брокула и благ компир. Варам и пасирам, без сол без масло. Како ги воведовте житните култури? Просо, спелта, пченкарен гриз, овеснк снегулки? Следно планирам ориз, кајсија, слива и тоа погоре што набројав. Фала ви
@Presrekna колку време го вариш цвеклото? Го варам веќе 45 минути не омекнува Како за прв пат колку количински да му дадам? Едит: Саат и 10 минути уште е тврдо Телешко ќе сварев до сеа...
Батат+морков+тиквица+пашканат, направив дупла доза, дали може во фрижидер до утре да стои едната половина?
@The Unicorn и 5ч да го вариш пак ќе биде тврдо не очекувај да омекне скроз, јас сварив повеќе блендирав и замрзна во калапи и си стојат сега во замрзнувач го додавам на крај
Се зависи кога сте почнале со воведување јас почнав на 4полни.. Месо кај 5ипол Глутен тука некаде кај 6 Млеко 6ипол7 Сега е 9+ и има веќе 3 оброци+цицање кога сака и колку сака Пилешко, морков, спанаќ +к.млеко Ориз, морков и спанаќ +к.млеко и жолчка(доколку сте до нејзе дојдени) Тиква, ориз, спанаќ Спанаќ, компир, морков Спанаќот се вари башка кратко во врела вода 3-5мин,и таа вода НЕ се користи за разредување на кашичките и секогаш го давам со к.млеко или јогурт некои викаат не се меша со млеко некои се меша јас одбрав да мешам,..... Прашај педијатар ма да и они разно кажуваат или прогуглај сега барем имаме опции јас се водев по https://pedijatar.mk/zdrava-kujna/ на алатката за пребарување пиши намирници и ти дава рецепти http://www.hranazabebe.com на оваа имаш и која со која намирница можеш да ја комбинираш
Здраво мајки, дали сте дале ваков десерт за бебе и ако да од колку месеци? Ние сме 9месеци и дали може да се даде?
Провери дали има шеќер. Мислам дека има доста шеќер. Најубаво направи му ти или дај му хип беби гриз со млеко (semolina). Давате ли црвена леќа? Од колку месеци?
Додека пишам јас вие или ручкавте или заврши цвеклото во канта. Ова го велам бидејќи 2 дена кај нас секое јадење посебно ручекот го фрлам бебе е во скок можеби тоа е не знам. А цвеклото многу варење сака. Јас на многу ситни коцки го сецкам така полесно се вари.
Какви овесни снегулки давате? Мене ми купија вакви И на кој начин прв пат да воведам и со што да ги комбинирам?
Сварив јунешко месо. Исецкано ми е на ситни парченца , да го замрзнам така или прво да го блендирам па така да го замрзнам ?
И мм последно такви зеде. Ги потопувам во топла вода, мајчино млеко или ад(ако е АД не повеќе од 15-20 мин бидејќи не треба да стои на собна повеќе од пола час) И ги блендирам. Додавам најчесто овошје,( Круша, банана, праска јаболко слива) Јас имам И јачменови И пченкарни понекогаш ги мешам. Во бебе готвач за 8+ има многу убави рецепти со снегулки. Генерацио ми треба помош. @Мариаа. , @Yowannty , @Mia Fuentes, @The Unicorn , @Septemvri , @PoisonGirl Марчи е веќе цитирана. Има неколку дена бебе не ми јаде повеќе од 90 гр оброк. Ми е страв да не и ослаби крвта. Посебно ручекот го одбива, а за вечера и онака малку јадеше. Пробав да и нудам неблендирано, на пример Варен компир на парчиња ( бидејќи синко не ми јадеше блендирано ) и јаде иако нема заби. Вечерва неблебдирана палента со изварок на покрупни парчиња јадеше Но зеленчук се мислам како да и давам. Дали може на пример да и правам како уштипци од рендан зеленчук, со жолчка, кисело млеко да ги потпечам на хартија и така да нудам. Или некои намази од намирници што се даваат со леб( месам домашен). Дајте некоја идеја. И по колку пати ги доите во 24 часа? . Да не И давам често цице па затоа да не не јаде. Овој ни е распоредот: Цица во 8, 12, 16 И 20 часот, па заспива. Ноќе станува кај 2 И некогаш кај 5-6:00. Значи 5-6 пати цица, А има три оброка во 10, 14 И 18:00 часот. Дали малку/многу цица?
Иста ситуација сме и ние . 4дена по ред фрлам каши и појадок и ручек и вечера. Имаме пет запчиња, досега во блендираната каша ако најдеше некое парче одма креваше црева , се давеше. Вчера појадував леб и маргарин ме гледа со милни очи. Му макнав малкуцка колку да не му е суво лепчето се најаде за мерак. За ручек уста не отвори за кашата , ама затоа јадеше парчиња печени компири, морковче, копан и лукче. Како преку ноќ ми смени дете со јадењево незнам. Сабајле каснавме малку јаболко пасирано, банана пасирана , а ручек цели зрна леќа со кромид пасиран. Фали уште утре скара да пробаме. Се шалам. Имајте убав викенд.
Ние не сме некој репер за јадење, бебе мое и така слабо јадеше а периодов пак ... не ми се збори. И јас во секакви обиди давав зеленчук сварен и само со вилушка на крупно, со рака му гмечев со малку лепче. Но на тој начин многу брзо се уморува бидејќи треба да џвака па кога ке видиш цело јадење останало. Пробај пола пасирано,пола само иситнета за да изеде повеќе количински. Во врска со цицањето, во денови кога јаде повеќе, имаме просечно по 6 подои дневно, ноќе се буди повеќе пати но не цица секогаш убаво, повеќе се буди барајќи близина.
Јас го изблендирав и го замрзнав во силиконски форми. Ама само што сварив. Воопшто не е љубител на месо. Само фрлам посебно месни каши. Ама ќе пораснат. ..