Мене бебево ми намали со вечерата т.е. кремите. Ќе изеде 5-6 лажици и толку. Доручекот и ручекот (месо со зеленчук) го јаде секогаш и телешко и пилешко. По 100 гр месо јадеше , докторката ме искара и сега по 50 и давам ама и ставам повеќе зеленчук. Но вечерава некако слабо.
@koritsaki имате веќе три оброци? Јас тек сега втор воведов. Мислам дека се уште малечки за три цели полни оброци.. ако памтам со првото, првиот оброк го дадов на 6 месеци, вториот накај 8… третиот тек накај 9.5 месеци.. Со бебево сега на 5 месеци и нешто почнав со прв, пред неколку дена со втор.. и трет некаде накај 8.5 - 9 месеци.. Ама двата оброци се оброци. Не се вкусови, не се мали кашички.. и уште бљуцка каши по цел ден. Ме замислувате дали каснам со воведување по број на оброци, ама го мерам еднаш неделно, напредува по минимум 200 грама и повеќе. За снегулки прашувате. Јас воведов директ во овошна каша и тоа така суви ги мелам во нутри булетот. Можете да си сомелите па такви како брашно да ги додавате во овошните оброци. А просо, киноа, и сл. прво се варат, па после ги давам исто во овошна или зеленчукова каша.
Дали е во ред слива замрзната да дадам? За зеленчук знам можи замрзнат ама за овошје не сум баш сигурна дали е ок. Иначе @Kaetana мој совет, можиш барем да ги оставиш да покиснат 10мин, да омекнат. Подобри ќе се за варење во стомачето. Ама како мислиш ти сепак.
Мајки, на скоро 10 месеци, која количина на месо давате и колку пати неделно? И дали имате воведено ужинка? Ме интересира и, еве неколку ноќи пред да заспие ми јачка...дали и вашите правеле така или имате инфо зашто? Ме плаши
Да да, три. И она не јаде малку , општо количината е околу 150 гр од оброк. Од кога и воведов месо за ручек , веќе житните каши толку не ги сака. Може па и е премногу , што да кажам. Јас ништо не воведувам сама , туку по препорака на педијатар
Мојата е 10 месеци, јас и давам на 3 дена месо од 50 до 80гр грубо кажано. А како јачка? Не разбирам што сакаш да кажеш со тоа.
Здраво мами, Денеска започнавме со пробување на кашички поточно морков, не го сакаше го плукаше фаци прави како кизне што да јаде дали и кај вас се десило вака? да не сака ?
Морковот помешај го со компир , пробај така јас лично никогаш не сум дала една врста зеленчук да јаде бебето, секогаш ги мешам
Пред да се успие, цица и заспива за 5 минути, ќе се намести за спиење и дур не заспие а веќе мижи и по малку јачка..не знам поинаку да кажам.. А ужинка имате воведено? За недела почнувам со работа, па се мислам кога да му дадам..
Мојата така јачка често додека се успие. Посебно кога сме во скок. Тоа и е единствената реакција на скоковите. После спие цела ноќ. 8 и пол месеци е. За ужина мислам од кај 10 месец се воведува. Зависно кога сте почнале со оброк. Мене така патронажната сестра ми рече На 6 месеци прв, на 7 втор на 8 трет оброк па околу 10 прва ужина. Ако цица ми рече малку покасно. Но не е секогаш по книга. Детето само си покажува.
Жолчка по колку пати неделно се дава. 8+ сме. Од здраво бебе ми рекоа 2 пати неделно, матичниот др ми рече сега бебе има најмногу потреба под железо да давам еден ден месо, еден жолчка за ручек. Какво е вашето мислењето?
Јас прво јаболко дадов исто се мрштеше и пола изеде лигавчето,пола он хахаха Исто за морковот правеше фаци, пробај морков +јаболко
Мислиш како да мрмори ммммм, звукови така некако?? Ужинка јас и давам кај 12 - 12 30, ама некогаш прескокнувам, заменвам со цицање, бидејќи цело време сум дома. А една цела недела имав обврски до кај 13ч, па свекрва ми и даваше доручек кај 9ч ,и потоа ужинка кај 12ч. Ти организирај се со времето според работата. И почни си од сега да си се навикни за недела дена. Пр. За ужина Жолчка со кисело млеко, малку лепче со кисело млеко, банана пасирана или да си гризнува од бананата (нормално друг да и ја држи).
Па така некако, ама една минута, не повеќе. Мислам да се измолзам малку пред работа, едно шишенце, колку ќе има, ама сакам уште малку и ужинка, не знам како би било, отом потом за тоа, прво прифаќањето ми е седењето без мене..тоа ми е на мисла сега, али здравје ќе видиме..
Можеби вади забче, па на тоа се должи промената во јадењето. За кулинарскиве прашања стварно не знам, не ме бива многу у кујна. Ама, радувај се што бебе сака да јаде парчиња! Мојот не цица, меѓутоа ако ти е од помош, млеко пие 4 пати во 24 часа, и има 3 цврсти оброци. Цице мислам неможеш да и скратиш, поготово ако е нервозна во случај да вади забче. Сигурно си бара утеха во цицето. Ама гледај кога ќе и даваш оброк да има поминато минимум 2ипол часа од доењето.