Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Се случува, по неколку дена понуди пак. Не значи дека нема да го јаде понатаму.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Така давав за првото, така е и советот од педијатар за второто дете.
     
    На Makedonka007, Presrekna и Мариаа. им се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ако е тарана без јајца може кога ќе воведиш глутен, а домашна тарана кога ќе воведиш цело јајце.
     
  4. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209

    10 месеци сме, од која купувате?
     
  5. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Јас на 8+ и дадов домашна правена само со жолчка, брашно и јогурт или кисело млеко. Мајка ми ја направи за бебуш. Инаку за нас со млеко и сол ја правиме. Ако е посна без јајца и млеко со брашно и вода.

    @Мариаа. Фала и ја нешто така и давам 4 пати месо, два жолчка и еднаш само зеленчук
    @The Unicorn thanks и тебе. Не сакам никако да намала доење. До година млекото е најбитно.
    Ова со блендираната храна некој ген е и синко не сакаше блендирано. Од 6 Без заби се јадеше
     
    На Septemvri, The Unicorn и Мариаа. им се допаѓа ова.
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Има во Кам Маркет без јајца.
     
    На ifv му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Мисиркино и риба од кои купувате? И од кој месец може да се воведе...
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    дадов денес од овесните. Ги покиснав со вода околу 15 Тина мин и блендиранав со јаболче па потоа додадов мајчино млеко и измешав. Си го излапа со мерак.

    Инаку околу твојот проблем јас искрено не форсирам колку јаде толку а не ни мерам некогаш ќе ставам во тегличка од (мислам) 125 гр. Па ручекот претежно го јаде а појадокот ни толку не јаде. Нашиот распоред е следен. Станува крај 7:30-8:00 и цица после еден сат е појадокот па иде цицање пред преспивање. Преспивањето е околу 3 саати после станување. Одкако ќе преспие после пола сат ручка па пак заспиваме со цицање после околу 3 саати од станување. После второто преспивање цица па после еден сат вечера и пак заспиваме со цицање. Ни иде околу 5-6 пати цицање бидејќи вода многу малку пие. Ако сметам дека во денот количински помалку јадело ќе дадам малку ужинка ама тоа ретко се случува. А и гледам повеќе е заинтересирано да зема со раче да јаде одколку со лажица ако давам со лажица ми ја зема и сам си става во уста ама празна. Не може да и ослабе крвта кога секој ден храниш разновидно и здраво плус и цица. Сметам дека количината на оброкот не би делувало на тоа да дојде до ослабување на крвта.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    не и давај цело време такви крем каши. Појадокот и ручекот е разновиден затоа и го јаде а вечерата ако е цело време таква инстант крем каша нема да ти ја јаде.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    108.642
    Пол:
    Женски

    Гледам да оставам доста часови од ручекот, да не се близу ручек и вечера. (Бидејќи плус цица) Денес пробав и дадов к.млеко, јадеше. Вчера исто кремата ја изеде. И давам час крема час к.млеко.
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас многу се мислам дали и кога да дадам од таквите инстант креми ама добра алтернатива ми е овошен јогурт, гриз со мајчино млеко бисквити со банана и мајчино млеко... Некогаш па и овошна каша давам. Гледај да не е едно исто. Смени. Јас да ти кажам,знам смешно ее речете па кај има време за тоа ама правам мени и табеларно секој ден пишувам што давам и плански гледам да е разновидно.
     
    На Presrekna, kitty.m и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто смешно, јас секогаш правам распоред од понеделник до недела за оброците,гледам да е разновидно и да помине се низ неделата, месо, спанаќ, разни овошја и зеленчуци,со црвена боја ми е кога воведувам ново, ми стои закачен на фрижидер и многу ми е полесно така. :D
     
    На Presrekna и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  13. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    ^^Еве и јас да се пријавам дека редовно пишувам што давам.
    Туку, едново пуцле, незнам зошто али преку ноќ почна да ми преферира само благо. Спремам исто за двајцата, разликата е што едниот во зеленчуковите сака кромид, другиот не. Ама, некако почна да не ми ги јаде зеленчуковите каши. Просо и банана секој ден да му давам, ќе јаде :D
    Јаболко и палента исто обожава. Да не набројувам. Штом проба зеленчук, плаче и не јаде. На почетокот не беше така. Од зеленчук сака само компир и тиква на Хип. Инаку, јас инсистирам да ги хранам со домашно приготвени каши, купуваме само Хип од намирници кои ги нема свежи во моментот (затоа и му земав тиква).
    Погрешно постапувам што кога ќе ми одбие кашата од зеленчук, брзински ќе заменам со нешто овошно.
    Незнам... Совет некој??
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    18.659
    Да пробаш во зелечуковите да ставиш батат,дава сладок вкус.
    Не сум пробала,ама од што сум читала така прават.
    Не пиша дали тоа што сака кромид не сака да јаде зеленчукови, обично ако не сака да јаде за вкус ставаат лук,кромид,пашканат,не солен путер...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    18.775
    Пол:
    Женски
    Јас ставам и праз, ама синко повеќе ги сака зеленчуковите каши.
    Педијатарот мене ми рече дека е грешка, ама во очај јас сум согласна да јаде било што, отколку ништо.
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Погрешно е затоа што знае и ќе ти одбива зеленчук затоа што ќе добие овошје. Пробај во зеленчукот стави к.млеко.
    Или ако не сака да јаде, не му давај, по некое време пак седни го и пак пробај од истото.
    Знам дека од очај само да јаде нудиш овошје ама и зеленчукот е доста битен. И исто така незнам како ти е начинот ама јас би нудела постојано макар и 2,3 лажички.
     
    На bela.m и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Рано ни е уште за кисело млеко... Точно, го оставам да. По некое време пак му давам. Баш така, да го нахранам. Свесна сум дека не е начин... Баш од овие причини кога почнав да им воведувам вкусови, почнав со зеленчук. Се зачудив кога буквално "се давеше" во брокула. И тоа чиста. Сега не ја сака. Никако.
    Благодарам на советите, се надевам ќе успееме да се спогодиме со беблак :)
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Баш тој не сака да :D
    А каков кркач беше.
    Неможам само компир и тиква од зеленчук да го хранам. Ептен тикварче испадна.
    Ќе пробам со батат да, не сум им припремила уште. Фала Софи :*
     
    На Makedonka007 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  19. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Лук дали чешне или во прав?? Каков користите вие??
    И ме караат за комбинација кисело млеко со жолчка, не одела |(
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Јас чешне и млад лук давам @Makedonka007 .
    Да пишам искуство. Бебе е 8 и пол вчера дадов грашак и одлично го прифати со морков и телешко.
    Ноќеска немаше гасови или тежина.
    Се мислам да воведам боранија и грав.
    Какво е вашето искуство на оваа возраст? Знам секое дете е своја приказна ама сепак искуство да слушнам.
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.