Ме интересира, давате вечера па по 2,3 часа заспива бебето. Дали за заспивање му давате пак ад? Поточно ме интересира дали ако јадело вечера ќе цица по 2-3часа за заспивање? Прашувам за кога ќе дојде време,моево со цицање заспива. Или со вечерата се завршува темата јадење
Да не ти е многу? Јас за двајцата ставам три супени просо, две банани (помали) и 60мл ад. Со оваа мерка, полнам две теглиња на Хип од големите од по 190 гр.
Истото сакав да го прашам. Ние сме само на ад. Како последен оброк да им дадам вечера или после вечера по 3 саати пак да дадам ад? Со мајчино, нема проблем, по вечера по извесен период ќе му дадиш цице, ама ова со ад треба да чекаш време да помине. Затоа прашувам..
Да со млеко заспива. Понатаму после вечерата би требало да се мијат заби и само вода. Не знам како ќе се научиме на заспивање без најомиленото млекце во денот
Од 2 лажици просо кога се свари се направија 5-6. Од свареното 4-5 лажици му ставив. Ама не се варело 3:1 со вода,ми извре водата а не беше распукано или јас на силна температура го правев,па додадов вода и го варев 20мин со повремено мешање. После додадов цела банана,малку вода и супер кашичка излезе,количински една тегличка од 125г и уште некој 30-40 грама. Го изручка со сласт скоро цело Кога јадеше спанаќ,вчера и завчера му се исфрли лицето околу устата,првиот ден повеќе,вториот помалку. Да претпоставиме дека е алергија. После колку време од сега да му понудам пак спанаќ?
Нашиот педијатар се порано има пишано да се дава, а не сакам да брзам. Боранија и грашок има пишано 7+.. Ама има пишано и жолчка на 6, па нема да дадам минимум до 8.
Од прсканицата е на спанаќот и мојата се има исфрлано. Така се прави и од домати ако се скоро прскани.
@Sofi.ja има на фб be-org за нарачка на органски зеленчук и овошје. Имаат и спанаќ, пробај земи од таму непрскан.
Јас уште малку почнувам со пробување вкусови. Педијатарот вели од старт да не се вари овошјето,само да е зрело. Мене ми е па страв така..
Од бавчата на баба и дедо беше овој беби спанаќ Ќе го прашам дедо дали е прскан. Иначе го ставав прво да отстои во вода па после го додавав со другите состојки. Ама читав подобро е посебно да се свари и таа вода да се фрли. Другарке ние од вчера прв пат свежо јаболче. Веќе преку глава ми дојде варењево,а некои од старт даваат свежо. Ајде веќе мешковците им се навикнати на храна,големи се
Јас вода ставам од око, на ептен тивко варам. Наздравје на малото муце, и моите обожаваат просо со банана.