И кај моето до скоро се појавуваа тие ситни бубулички кои мислам дека се од лигавење,ставање раце и играчки во уста. Јас би ти рекла да пробаш утре пак да дадеш,не сум чула за алергија од јаболко..
Мм ми се изнасмеа, ама не го заприметив пред јадење. А инаку ги има, дека лигави многу. Фала ти, ќе видам утре пак Ај уште едно прашање, се сум заборавила од воведувањето дохрана. Може да се дава проба на вкусови наизменично - 3 дена овошје а 3 дена зеленчук нели?!
Нас педијатарот ни рече првите кашички да ни се ориз, палента, па да продолжиме со овошје и на крај зеленчук. Иначе ние во нутрито ќе блендираме.
Дечки, кажете совет за телешко месо? Има ли начин за групна подготовка или мора секој оброк ново варење? Читам варено па смрзнато губело клучни состојки... И колку пати неделно давате месо? Ние сме 7 ипол месеци, денес првпат ќе и дадам телешки бујон.
Педијатарот рече 5 пати неделно месо. Може 3-4 пати телешко, 1-2 пилешко или друго месо. Јас за утре имам спремно пилешко месо и водата. Поточно утре сакам да ја дадам водата, нели прво тоа треба. Ме интересира водата се додава за разредување на кашата или зеленчукот треба да се вари во неа? Инаку баба спреми домашно петле,го свари и го исцепка само белото месо на парчиња од прилика по 50 грама, ставив во ќесички и замрзнав. Ќе си вадам по потреба. Исто планирам и со телешкото,варено да го замрзнам. Замисли која постапка е пред секој ручек 2,3 часа да вариш 50 грама месо... @Presrekna најдов пост кај што пишуваш за месо,ако сакаш пиши ми
Јас го варам одеднаш и го замрзнувам варено со малку од водичката што се варело.Исто направив и со мисиркиното.
Јас варам се заедно (телешко или пилешко со зеленчукот) , варам за два дена за да не правам секој ден , а до сега не сум замрзнувала веќе сварено. Само компир посебно варам зошто мислам не е добро ако се загрева компир веќе сварен, или грешам?
Купив кајсии, демек за малово. Ме одраа 280 денари кутијата не знам кило дали има, а не ги делеа и сега пишман сум, дали уопште се океј да и ги дадам, уште не им е сезона... Ама па не знам што да дадам веќе се едно исто овошје, јаболко, круша, банана, кајсија/праска само на Хип каши готови колку да прошарам. Што давате друго периодов од овошје?
Од хип слива, круша, тиква, кајсија, праска. Свежи јаболка, банана. Сега ќе се појави и круша на пазар, а веќе има и праска и кајсија 200ден кило беа на пазарче. Ама не ми се купуваше верувам дека се вештачки, подобро на Хип ќе дадам. Ќе излезат и цреши и вишни. И до 12 м тоа е се од овошје После шумски и цитрусни. А да летово ќе кркаме и лубеница и диња.
Слива не ми сака ич, ретко давам. Тиква обожава ама не ја бројам во овошје А кајсииве, да, од пазар ги земав и јас ама којзнае какви се... Земав и цреши струмички некои ситни ситни личат на рани такви природни, ваљда се океј
Што знам,да не е рано за цреша...може и не е. Кајсија сакав да купам сува вакумирана,сие што ги најдов беа со конзерванс,а тоа не се давало на бебе. Па оставив додека излезе свежа да му давам од кашичка. Замисли овие со етикета пишува козерванс,а тие без етикета од пазар какви се,што имаат во состав? Јас купив едни суви кајсии и откако видов дека се со конзерванс ги пренаменив, си направив куглоф Тиквата ја комбинирам со овошје,затоа ја пишав
Здраво дечки ☺️ бебуш мој е 6++ почнав со воведување вкусови пред две недели, не е баш одушевен зошто си ужива да цица до сега има пробано јаболка, круша, банана, компир, морков и тиквичка. Сега сакам да му дадам ориз, па ме интересира да ми кажете дали на вашите бебчиња им спремавте од оризот што си го спремате за вас или сте купувале од аптека некој сомелен ориз (вака ми кажа другарка дека дава). Исто ме интересира и за палента и просо
Jas se spremam sega da mu vovedam dohrana i kupiv oriz na Hipp, za palenta i proso neznam seuste nemam kupeno