Кога викате кравјо млеко после година, мислите на пресно млеко? Дека кисело сите даваме нели? И урда понатаму... Малку се бунам Јас вчера дадов еден цвет карфиол (завчера две лажички) и бебе ноќеска многу лошо ми спиеше, со будење, со вртење и сабајле прво пресоблекување, полна пелената. Дали е можно карфиолот да ја мачеше? Ама читав овде дека многу го воведуваат од 7+. И последно, имам земено на ХИП multigrain. На него пишува 6+ ама не пишува кои све житарки ги содржи за да знам да ги пробаме прво една по една. Дали ова го воведувате како „една“ намирница или не го дава никој уште на 7+? И @Sofi.ja за гризот погоре, тој со бебето сакаш да кажеш дека може да се даде на 7+? Јас уште го давам тој на ХИП што го зборевме безглутенскиот...
Здраво мајки... Конечно најдов зајачко органско да го наречам(само со трева растено на отворено и младо е дали за 4пати да направам има месо) со што го комбинирате? Долго ли треба да се вари? Имаме 10м
Да, тетрапак млеко ни рече да не даваме. Инаку кисело млеко, урда, јогурт може. Инаку за овошните кашички, има убави комбинации на ХИП, Холе, Бебевита што се во кесички по 100гр. Супер се и за шетање, лесно се даваат на бебе у количка.
A jas pak kako od mars padnata citan citam i pak mislam deka nisto neznam.Vovedovme jabolko go blendiram doma prviot den 2-3 lazicki, vtoeiot den malku poveke ne e nesto vooduseven od vkusot. Domasnive kasicki eve na primer jabolkoto go pravite probuvaat i potoa go frlate ostatokot ne se stava vo frizider ili kako ?
Ако остане се фрла,овошјето не можеш да го чуваш за друг ден. Ќе се навикне на вкусот,трпение,сепак сега почнува со цврста храна @EvieBabe што направи со Multi grain Hipp, ќе ги даваш една по една прво житарките или одеднаш кашата?
Здраво мајки, бебе следна недела прави 5 месеци, па почнувам полека да му воведувам вкусови. Пробав да му дадам морков, земав органски ко божемски, полн беше конци и не можев да го испасирам убаво, јас не можев да голтнам, а не па бебе. Денес батат, исто имаше по некое конче, ама и во блендер го ставив, па малце подобра текстура имаше. Бебе не знае да голта, све плука. Ставив во кашичето доста вода, и со вода со лажиче пробав да му го подбутнам нешто барем да голтне. Не знам, може пак све ми исплука. Како воведувавте вие вкусови? Во блендер ги правевте или пасиравте рачно за толку мала количина? И дали е ок со водичка да му подбутнувам зошто све чува во уста и плука
Како што кажав ја на предходните коментари, ние започнавме со ориз по препорака на доктор, зедов од Холе мелен ама можело и со овај ние што го користиме. И го сварив 10 мин, па ставив круша околи 7 мин да де вари и на крај изблендирав. Беба е воодушевена, само зинато и е муцето и се смешка. Планирам деновиве да земам од тие на филипс тенџерињата што се за на пареа готвење, така остануваат повеќе витамините. Иначе измолзи се и наместо вода стави твое млекце.
Јас се согласувам со тоа мислење на Сајковски (секако моето мислење е релевантно само за моите деца ). Со првото и јас многу претпазливо и доцна воведував, кога видов наназад во месеците кога многу напредуваше особено во висина/должина јас сум го хранела најмногу со компир, морков, брокула и сл. Со второво сум на мисла баш така се да воведам како што јадат бебињата во другите земји. Инаку и нашиот педијатар препорачува од 4 воведување, на 5 еден оброк, на 6 најкасно втор, особено ако бебето добро напредува. А по која табела се водите?
Исто и кај нас, сега неколку лажички па цицање за ручек, до 5 месеци само кашичка без цицање, и воведување доручек со цицање, такс постепено до 6 да има веќе 3 оброка и само навечер цицање пред спиење.
Мајки на бебчиња околу 8м+/- дали сте им дале или планирате парче банана, авокадо, бисквита сами да држат и јадат. Сакам да пробам,ама незнам што прво да понудам и да не е рано?
Мајки денес е трет ден како малава почна со кашички, воодушевена е од прв ден. Прво ми рече докторката со 3 лажички да почнам, па постепено да и покачувам, денес и не ја послушав. Радости е малава кога ќе ја види лажичката, јаде и се смее, ако не и дадам почнува да плаче. Како да се борам со 3 годишно дете дека нема веќе.. некако ми е страв да и дадам повеќе, а сака. Барам искуство, совет.. да слушам докторка или да го следам моево бебе?
И јас почнав да воведувам вкусови од недела, започнавме со јаболка еве денеска втор ден, не е нешто воодушевен од вкусот, ама и нормално е се е ново за него, а и малечок е само 4 месеци има , ама по препорака на педијатарот почнуваме полека со вкусовите. Блендирам јас со рачен блендер и малку повеќе водичка ставив , така кашата малку поводеста да е додека да се запознае со вкусот. Од утре натака продолжувам со банана, па морков некои вкусови 2 дена , некои 3 дена па потоа некој микс да проба и се така ќе тераме до 5 месец кога че му воведам еден цел оброк.
Зависи колкаво е, ако има 5 месеци јас не би бранела количина, туку колку сака, сепак почнуваме со намирници кои не се алергени, односно во многу многу ретки случаи се
4 и една недела сме, затоа можит и ми рече докторката по малце да пробува вкусови ама не да и е главен оброк. Само мојава што изгледа ужива во јадење со лажичка.
Јас давам уште од почетокот парчиња, секако после тоа продолжував со кашичка изблендирана, а подоцна испасирана. Мојата е 7+, а почнавме околу 5 месеци со вкусови. Јаде банана, авокадо исечено на ленти. Компир, батат, морков (ако начекам млад, убаво да омекне при варење). Сега веќе почнав да и печам овес со банана, овес со јаболко и морков. Во форма и големина на прст да бидат, за да може да фати во раче и да штрчи доволно за да гризне. И дадов и макарони со сос од брокула, оние спиралните, и тие така сама ги јаде со раце. Битно е само да побараш кое овошје, зеленчук, како треба да биде исечено. Има и моменти кога ќе залетне, мора да си до него цело време. Проучив курсеви и видеа за прва помош, пред да понудам, среќа уште не ми затребало. Си јаде како големо човече. Ако сакаш пиши ми и порака
@kitty.m следи си го бебето , моево ако најде мало парченце одма се дави , и гледам да е баш баш кремасто. Со првото дете не беше така , и многу рано почна да јаде непасирана храна. Со ова друга песна , 8 месеци има. Секое дете е различно
Не сум дала уште, ене ја стои кутијата... не знам што да направам. Мислев прво овес да дадам деновиве мелен, па после и тоа multigrain. Денес дадов зеленчук варен со пилешко за првпат, со водата од пилешкото.