Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    5+++
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    До кога го лупите грашокот за вашите бебки?
    Ние скоро 11 месеци и сеуште му го лупам...
     
  3. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Ја варев да, околу 10 минути. Доволно и е.
     
    На crazylady и hub им се допаѓа ова.
  4. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Мамички денеска за прв пат сакам да дадам ориз, дали тоа мора да биде како вкусовите насабалје дека првпат или може за ручек да дадам нема проблем? и општо др сите житарки како сте ги давале за првпат.. убав ден ;*
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    26.159
    Пол:
    Женски
    Јас читаѓ тука дека прво давате доручек, мене докторката ми препорача прво ручек да воведам, па доручек и на крај вечера. Иначе исто ни препорача да почнеме со житарки, не со овошје (од два доктори овој одговор го добив) ние сме 4 и пол месеци и веќе пробано ориз.
     
    На crazylady и Miss.N им се допаѓа ова.
  6. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    нас ни рекоа покасно со житаркиве бидејки од ад крева на килажа па да не се дебели и од тоа многу затоа последно..
     
    На Autumn_ и crazylady им се допаѓа ова.
  7. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.145
    Пол:
    Женски
    Се думав дали да ти пишам, не да се лутиш ама твојата докторка се нешто обратно те советува. Многу рано со дохрана, прво житарки :^), а и сите препорачуваат доручек чисто ради потенцијална алергиска реакција.
    Сепак ти си го знаеш бебе најдобро:) Не замерувај, исто како америчките доктори ми звучи
     
    На crazylady и Kaetana им се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    26.159
    Пол:
    Женски
    Не од америчките,од европските е хах нема за што лутиш. Под ручек сматрам 1ч најкасно. Имам 2 доктори еден тука Мк, еден Австрија, таа тука се води според европската табела која ја користат. Еве не познавам една мајка во Мк која почнала кашичка со ориз,просо, а странство со тоа советуваат. Некој бебиња не се спремни за дохрана, некој интерес покажуваат порано, дојам, моево млеко не и доволно, шише не ми фаќа, тие знаат најдобро за неа.
    Сепак Балкан и Еу земји имаат доста многу разлики во однос на одгледување деца, што е правилно само ние знаеме за нашите деца.
     
    На Autumn_, *malenavolena*87, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.145
    Пол:
    Женски
    Ете погодив, значи не си тука :DТака е, знам и овде двајца доктори различно ќе ти кажат.
    Изгледа за да ги држи сити почнуваат со житарки.
    Поздрав мајка:P
     
    На crazylady и Bubish26 им се допаѓа ова.
  10. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    7.002
    И кај нас е слично со препораките, вајда дека сме ви во соседството. Уште кога бевме на контрола на 3 и нешто месеци педијатарот рече од 4 полни задолжително пробување на вкусови. И препораките со житарките и особено за воведување на месо од 6 месеци , ме изненадија.
     
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    26.159
    Пол:
    Женски
    Скроз поинаку него во Мк за се,кога се породив сабајлето ми вика докторката слечи го бебево скроз голо и шетај по ходникот, јас ве чекам подоцна на преглед.. јас ја гледам како да не разбирам што ми вика.
    Е сега тука гледам во книгата од Бебе Готвач пишува 6+ авокадо, а Австрија ми рекоја 10+ тоа. Почнавме со житарки, следно овошје, накрај зеленчук. Прв оброк ручек (неколку лажички) и цицање, после 2-3 недели само прав оброк, па се воведува доручек со цицање и така се до вечера, цицање само пред спиење.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Давање житарки не е ништо ново, напротив баш е најстара школа. Се давале дури и од два - три месеци како згуснувачи на мајчино млеко за да се "спречи" рефлукс; се даваат до ден денес во Америка како вечерен "оброк" во шише со мајчино или формула за да ги "држи" бебињата сити и да ја врзат цела ноќ со спиење, оти бебиња од 3 месеци нагоре требало да спијат без да се будат.

    Колку е сѐ во ред, не би да навлегувам. Педијатри кажуваат сто мислења, речиси секогаш контрадикторни... Е сега, има податоци што ни стојат на располагање, па наше е да вклучиме малку мозок и да размислиме што држи вода.

    Дека бебе ќе јаде и на 3 месеци, ќе јаде. И на 4… и на 5… и на 6… Чак што дури и на 7. И на кратка релација, ништо нема да му биде.

    Но допрва се прават испитувања што тоа значи на долга релација, колку стварно сето тоа значи за нас во иднина во поглед на ендокринолошки развој, пореметување во исхрана, склоност кон алергии на одредени храни...
    Засега имаат најдено само поврзаност на алергиите со прерано почнување кога дигестивниот систем на бебето не е спремен да препознае одредени намирници и да ги преработи.

    Јас би рекла дека допрва ќе дознаваме нови работи како што сѐ повеќе се обрнува внимание на овој момент.
     
    На *malenavolena*87, crazylady, Mia Fuentes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ако бебе цица, до првата година од животот на бебето млекото останува да биде примарен извор на храна. После првата година храната е примарна а млекото е секундарно. Затоа се вика дека бебиња кои биле само на доење продолжуваат да бидат доени кога ќе посакаат и колку сакаат.
    Затоа што никој не знае на подој колку млеко испило бебето.
    Особено е храбро сега во летен период да се уоброчува доењето и да се прави рестрикција на истото.
     
    На crazylady и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    26.159
    Пол:
    Женски
    Не сум искусна мајка, затоа секој совет ми е добредојден. Јас ја следам малата и нејзините желби, ми беше кажано да ја цицам на 2-3 саати пошо ептен повраќаше, не послушав, си терав на захтев. Ова што го напишав е кажано од доктор, а бебе си ја цицам секогаш кога сака таа и колку сака.
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Те разбирам. Многу работи се кажани од доктор, - мене кога ми спомна за дохрана на 5 месеци, како начин да качи килажа бебето бидејќи имаше мака, поразговаравме за тоа што да дадам. Ми вика чекај малце, имам рецепти ќе ти направам копија.

    Ако ти се верува, имаше рецепт за зеленчукова каша од секаков зеленчук, со месо направена, и испасирана на крај во каша во некој овошен сок. Значи месо, зеленчук, изблендирани во овошен сок. И плус масло на крај.

    А јас со првото навикната полека, особено на почетокот - намирница по намирница, 2-3 дена превентивно...
    Па си реков дека си терам по мое. Па макар 3 педијатри да ми кажат исто.

    Не велам дека и манџа да му сварев ќе се случеше нешто. Никому ништо.

    Ама јас си решив да одам по оној пат што ми е мене логичен. А тоа е полека, полека, без оптеретување на цревата на бебе. И така си терам и сега. 8.5 месеци ќе прави, не се брзам. Има два оброци, и уште одам намирница по намирница. Среќа се собраа многу намирници па му правам комбинации и ужива во нив.

    Најважно, напредува одлично.

    Мене ми остана така само моментот што ти кажале дека твоето млеко веќе не стига. На кој основ ти го кажаа тоа? Како забележаа дека твоето млеко не стига?
    Ова од љубопитност прашувам. Да не се разбереме погрешно.
     
    На *malenavolena*87, crazylady и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    26.159
    Пол:
    Женски
    До 2 и пол месеци (предпоследна контрола) качуваше по кг, последниов едвај 400г., со тоа ни прогласија криза во доење иако бебе ми е нон стоп на града. Родена е 3.620кг, 51цм. на скоро 4 месеци 5,980 и 65цм . Пробавме со доење во тишина, затемната просторија за да се фокусира само на доење, пошо почнува да примеќа се и да се интересира што зуцнало таму некаде и одма се прекинува.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Напредокот е сосема во ред, и нормално е после третиот месец да не оди со исто темпо. Вас баш ве фатило и кризата што е со скокот на 3-4 месеци возраст... Но сите ја поминуваат таа и сѐ е во ред.
    Ако е само заради тоа што не качила кило, не е доволна причина да се почне со дохрана. Особено ако бебе не е спремно, а не верувам дека бебе на 4 месеци е спремно.
    Ова од искуство со првото бебе ти го кажувам. Родена 3740 со 52 цм. На скоро 4 месеци беше 5950 со 64. Немав никаква забелешка од педијатарот. Си продолжив со доење. Следниот месец качи "само" 370 - беше 6320. Повторно беше сѐ ок. Со дохрана почнав кога си покажа знаци дека е спремна за тоа - неколку дена пред 6 месеци.

    Не велам дека е грешка да слушаш педијатар, само стварно фрустрира тоа што од бебињата се очекува нон стоп линеарен напредок, ко да се роботи, а не живи човечиња. И ако не е линеарно, готово, млекото на мајката не е во ред... :?:
     
    На crazylady и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  18. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки. Дали има некоја мајка што не се воде според правилата за воведување храна и му дава на бебето се да јаде? Односно чоколадо воведува пред годинка, манџа од 7, 8 месец без потпршка и така. Мојата свекрва ми вели дека сам се многу водила според правилата и затоа бебето ништо не ми јадело. И за дубало требало сега од 6 наместо од 7 месец да сме ја ставале. И сокчиња требало да и даваме за да се научило бебето да пие нешто бидејќи е само на града.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    26.159
    Пол:
    Женски
    Во странство сите и тоа се трудат со лажичката сами да јадат, само Мк на година дема уште некој јадат блендирани кашички.. ама тоа е веќе друго. Сепак секоја за свое дете знае и е одговпрна. Прави ти како што мислиш, не свекрва ти.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    А сите што се водиме према "правилата" и децата што ни јадат?
    Дете нејадач со чоколадо ќе се подмитува?
    Или пак можеби треба во зеленчукот солца малце да се даде за да добие вкус оти "кој би ја јадел таа невкусна храна"?
    Остај што солта дадена пред година "надвор од правилата" ги оптеретува бубрезите и може да наштети. И остај што бебето нема никогаш пробано сол па многу знае дека постои "подобра" варијанта на зеленчуковата каша (со зачини).

    На бебето му е работа да е на града. Кога ќе дојде време, ќе се научи да не е. Како што кога ќе му дојде време, ќе се пушти да прооди, ќе научи да кака во вц и сл.

    Од кога толку намаливме со трпението, па удираме на форсирање на бебиња да се понашаат како возрасни? Трпението кај ни е?

    А тоа што бебиња јадат сами од помала возраст се вика BLW метод, каде што не се почнува со кашички туку директ со храна. Ама тоа не се почнува како што ви викаат свекрвите на 4 месеци. Туку стварно кога бебето ќе е спремно, кога ќе може да седи самостојно, кога ќе го има тој pincer grip - фатот со палец и показалец за да може да си зема храна и да ја стави го устата да ја џвака...
    А да бидеме реални.. колку од нас ги дочекале сите знаци..
    Само во МК има кашички затоа што само во МК мајки, свекрви, комшики знаат подобро од СЗО или Асоцијации на педијатри. Кој издржал да почне со дохрана од 6 месеци без при тоа да добие милион мрчења од околината... ?

    Прочитајте подобро за Baby Lead Weaning па видете кој е концептот за методот.
    Исто можете и да не давате намирници по табела. Дали била бананата за 6+ или 7+.. ок. Не е страшно. Ама работи како сол пример за кои се знае дека може да наштетат, стварно нема логика.

    А тие што научија да јадат со лажици на 7 месеци не успеаа повеќе во животот од ти што се научија на 12. :^)
     
    На Autumn_, viol, Makedonka007 и 12 други им се допаѓа ова.