Јас каде што живеам исто така се почнува со житарки (ориз), и така било отсекогаш. Според нашата докторка од 6м се даваат беби житарките што се засилени со витамини и минерали, во периодот кога се јавува физиолошката анемија а бебињата уште не можат да јадат на пр жолчка или месо. Дури и после зеленчукот и овошјето само се додаваат, како на сликата, а не се даваат чисти како кај нас. Јас не бев решена дали ќе давам вака или онака ама малово испадна баш анемично, па решив да ги давам житарките од кутија. A ич не е заинтересиран за јадење, ко да не е спремен уште. А 6 и пол е. Ама не го форсирам, еден ден белким ќе пројаде?
Го раздвојуваш на парчиња(на цветови) го киснеш во сода 30-40мин. Се мие, па се бланшира (се става во вода која врие 3 мин или на пареа исто 3 мин). Го поминуваш под ладна вода, ставаш да се исуши и замрзнуваш.
Дали се’ бланширате пред замрзнување? Зашто кога земам поубав зеленчук од познати земам повеќе, па сега си мислам досега погрешно сум замрзнувала. Ги бланширам обично зељестите, препорачливо е за секој зеленчук? И дали има нешто што не би требало да се замрзнува? Благодарам однапред.
Од кое кисело млеко давате, павлака и млеко? 6+ сме, но од 4+ јадеме по препорака на педијатар, па сакам полека да внесувам млечни производи, но ме интересира за млечниве производи
Јас се водам по оваа статија, со исклучок на делот со цвекло, јас имам замрзнато. https://zhzd.blogspot.com/2016/08/blog-post_30.html?m=1
Најмногу ги препорачуваат на Бучен Козјак, ама моето бебе после многу испробани кисели млека го јаде само Алпско. Мислам дека павлака се воведува покасно, ние сме 8м немам дадено, се почнува со кисело млеко и јогурт, па несолен путер, моцарела и несолена урда.
Ти благодарам на препораките. И јас планирам на Алпско, ама чисто за консултација, што како користите вие За павлака тогаш ќе почекаме
Имам домашно кисело млеко, педијатарот рече најдобро било домашно. Утре планирам да му дадам за прв пат, со просо,јаболка и банана. Дали како за прв ден е доволна една кафена лажица или малку е? Како и кога воведовте леб? Од пијач на вода стана непијач малиов. Претходно да го оставев ќе го исцицаше цело шише ( со цуцла) од 120мл вода, па го прекинував. Па ај земав со клунче со намера да ја исфрлиме цуцлата, не сакаше од тоа да пие. После клунчето,земав чаша,му беше интересно пиеше,сега и тоа одбива. Денес единствено ми успеа 20-30мл со лажичка да му дадам. Знам дека не е решение лажичка,кажете чаре. Инаку цица,ама вода си е вода
Јас дадов 5 6 лажички, како и секоја нова храна. Со овошје немам дадено, само со палента, и жолчка. И со спанаќ комбинирам. Леб немам воведено, јаде по неколку трошки, ама се што јаде е со молење, па ми е страв да не се задави од леб. 9+ дадов.
Дали е само моево такво стварно незнам ,шише не прифаќа, кашички сите можни ги испробавме домашни купечки свежо така само ништо не сака да јаде . А ќе почнам да му давам почнува да плаче мислиш го дерат на живо . Само на доење е ама значи не знам веќе што да направам за да јаде , се пробав веќе . Единствено вода со молби и тоа од пластична чаша обична ама тоа не е тоа да се молиме за се Инаку 7+ сме веќе
Сакам да прашам пиперка може ли да се даде печена? Мора ли да е варена? Со оглед на тоа дека јаболко може да се дава печено.... Инаку 9ипол месеци сме. Досега сум давала варена ама сакам да купам повеќе да испечам и да замрзнам
Здраво мајки ние сме 10+ што би дала ново нз веќе... Некако се во круг вртам нз дали можам да и дадам пржена кришка со жолчка само, сака сама да јаде е сеа се прави лом и наземја и околу нејзе ама битно јаде сепак правосмукалката и пералната за тоа се... Зелка,грав, обична леќа, малини, од кога дадовте?
Majkii od koga pocnavte da davate vo ist den i meso i jajce?Ne vo ist obrok tuku na primer meso za rucek, jajce za vecera? Malata ima 14m i se uste davam ili samo meso ili samo jajce za rucek.
Јајца општо и имаш давано така? Можеш, зошто да не ако си дала до сега, јас би и давала кришки со јајца, ама моето е 8+ уште нема јајца пробано.. Зелка , грав , јагоди и сл мислам по година..а леќа можеш и сега
Воведена ни е жолчката веќе месец дена, леќа црвена и давам од 9,риба тука некаде исто.. Е кељ такви работи и немам дадено
Какао,бисквити(или гриз) , млеко,банана Просо, какао, банана Киноа,какао, банана(или слива,јаболко..) Јас цело време пијам на краш и нејзе такво и ставам а сигурно има некои органски сепак изборот е твој Еве нешто разгледај https://pedijatar.mk/?s=Какао Наместо какао кај пребарувачот пиши си друго пр:пилешко и имаш рецепти
Душо ние сме 10м и исто прашав како тебе и да ти кажам почнав да и давам е не сеа пример Појадок:палента и к.млеко и жолчка па за ручек месо, туку пр:Соленки, мафини, вафли,плескавици, палачинки(не е цела жолчка во едно, мафини кога правев на 6парчиња една жолчка имаше, ме сфаќаш) И за ручек месо, нека ме поправат членките ако грешам слободно