Кога може да се даде какао? Веќе има поставено горе ама од сабајле е пишан постов. Гледам во многу групи веќе краш чоколада даваат на 7+, 8+ месеци. И кога почнавте да давате или кога се даваат продукти со шеќер? И сол? @Septemvri сега видов тие на хумана немаат шеќер само сок од грозје, а на Нестле имаат- затоа ќе почекаат. Тука пишав за да не ја трупам темата со мени за бебиња до :1 год. @Sofi.ja леб од 8 месеци дадов. Прво така трошки, ан потоа во раче коричка. Обожава. Денес прв пат во леќа црвена и ставив, а имам дадено со к. млеко. Инаку месам домашно само брашно вода и квасец.
@Мецаа91 соленки какви даваш?Јас грисини едни со кашкавал испечен и дадов завчера леле кога загриза едно парче големо , среќа ја видов и и го извадив од уста..почна да плаче што и го извадив тоа може да се стопи во устата ама што знам страв ми е (со првото дете вака не се плашев )а палачинки , вафли такви работи како ги даваш , си џвака , не се дави така? И мене некако се монотоно ми е , јас доста работи и немам воведено , баш поради тоа дека јајце немаме пробано..
Соленки и правам како за нас само без сол и шеќер,тие од Киноа палачинките пред тоа јас и кршев и со кисело млеко на лажичето и си јадеше е сеа сама ја јаде палачинката. Не се дави ако и дадам цело парче пример пола солена со едната рака ја држе а со другата парчиња си кине ти дај и парченца... Абе опасни се пред некој ден мм и дава леб и к.млеко а кората во раци ја држе и сеа каснува од кората па зинува кај татко и да и даде смешки се... Мене ми е трето дете за јајцето чевак педијатар да ми каже а сега ако не се лажам на 8почнав да и давам и давав вторник и петок осмина па наредните вторник и петок четвртина... По тој редослед и кога ќе видиш цел месец ти треба за за ја воведиш има и други шеми читам... Риба на 9 и дадов супер си е ја обожава дури се мислам дали по двапати неделно да и давам и давам и зајачко и телешко месо а пилешко одбегнувам и давам и такво ама поретко... Давај и пасирано ако блендираш можеби затоа се задавува
Каде се снабди со таа книга бебе готвач може ли некој линк да ми пуптиш каде да ја најдам И нас инаку ни рекоа од 4 + со вкусови ама мене нешто не ми се брза ке чекам 5 +
Душо пушти ја свекрвати на рибарење Дубак е помагало за деца кои каснат во развој првично создаден за деца со Даунов и сл. Топла препорака да ја изгледаш емисијата на Телма 0м+ со сц ортопед Антоније каде што истиот објаснува колку дубакот и сличните помагала го назадуваат развојот на бебето Што се однесува до манџи и чоколадо секоја една од нас одлучува што и кога ке му даде на бебе (а не свекрвите) Ние уште не сме почнати со дохрана ама ја слушам како збори дека ке и правела на манџи на керками (мало сутра) Да си тераш како и до сега мајчинството е благослов но и мн тешко затоа што си комплетно одговорна за друг живот, во талви моменти потребна е поддршка а не сомнеж од околината Посебно се нервирам на тема инает и свезнајуча свекрва
а тоа е бланширање Фала најмногу што сподели. Ми пишува во упатството од матичната зеленчук се пари или бланшира, а појма немав што е бланширање.
Па реално за првите кашички и нема некоја филозофија, за понатаму интересни здрави рецепти. Исто така е убаво што пишува што смее фрижидер, што не, колку треба да се вари некоја намирница за да останат витамините. Добра е поготово за татковци кои сакаат кашички да прават, а појма немаат што и како хаха така да маж ми си читка редовно. Само не е објаснато која кашичка стои например да не е во фриждер неколку часа, дали постои таква? Нека кажат поискусните.. јас за по пат или во парк сакам да си носам во мали теглички ама уште не знам ништо околу тоа.
Палентата откако ќе ја направите ја блендирате или така ја давате? Не блендирана некако е сува,да не се дави? Денес му дадов со кисело млеко, блендирано се заедно, малце испадна лепливо, па се гади, прави фаци. Разредив со вода па едвај некако ја пројаде, се мислам што ли грешам
Јас не ја блендирам, ја правам поретка и ја варам подолго на тивко за да омекне убаво да не биде сува.