Совршен начин најдов и сега ја лапа со сласт. На почеток дур ја варев како за нас, не ми ја сакаше, а може и го научи вкусот конечно. Ја правам на пареа, т.е за да не активирам цел готвач на пареа само за палентата, ставам на рингла едно подлабоко метално тањирче за чорби/салати, го полнам со вода 5-6 прста, па врз него ставам друго метално со рачки и во него ја ставам палентата со вода. Врие доле водата, палентата на тивко се вари и по потреба додавам вода, мешам. Ем нема шанси да ти загори и да не стоиш до неа, ем од бавното варење некако целата станува мека, а сепак ги задржува зрната - не ја пасирам. Башка за 10-тина е готова. Додавам малку путер (некогаш рендам морков на најситно дур се вари па и тој омекнува внатре, некогаш ставам 2-3 листа бејби спанаќ). И кога ја вадам и ставам 1-2 лажички кисело млеко. Ја обожава вака. Дури и ако не ја изеде цела одма, после се згуснува, само ја промешувам, може да додадам уште пола лажичка млеко и пак ја лапа, оладена. Кога се воведува жолчка? Секаде различно пишува... И кога почнавте да давате бисквит, односно од кашите на ХИП со бисквит? Гледам на нив пишува од 4 месеци, а јас воведов глутен (гриз, овес, пченични снегулки), па ваљда е океј и од овие каши да почнам да давам...
Леле браво, колку месеци сте. Јас сум во бунило 4 + сме планирам негде од пред почеток на 6ти месец да почнам со пробување вкусови пошто добро тера засега со ексклузивно Само почнав и тука да читам и сегде и сум во тотално бунило што ке јаде моето бебе што се внесува прво негде пишува зеленчук негде овошје негде житарици и појма немам..... Како почна ти со твоето?
Ние почнавме со пробување вкусови од 5 ипол месеци ама баш онака пробување само, ориз, јаболко, круша, морков, компир... а со вистински оброк почнавме од 6 месеци дур испробаме повеќе намирници за да се комбинира убава каша. Повеќето почнуваат со ориз, па ете така мешано овошје зеленчук: морков, компир, батат, јаболко, круша, слива, банана, праска, кромид, пашканат и меѓу првите се палента, просо итн. Не се секирај, ќе си фатиш ред. Мене ми помогнаа и овие табели:
Збунета сум па да прашам тука. Досега бебчо стануваше 6ипол -7 и до 13 часот еднаш преспиваше. Денес стана во 7 и ова му е втора дремка ( штотуку заспа ) некако поспано ми изгледа. Сигурно до вечер уште еднаш ќе преспие ( ќе видиме ) забче му избива и не е многу расположен а се друго е во ред. Температура исто нема си јаде нормално со апетит. Ме знам дали да бидам загрижена или не. 9ипол месеци сме
Која храна предизвикува запек? Знам за банана и компир, која друга? Бебево скоро 10 дена ми се мачи за какање, давам и слива и круша и пробиотик (Ваја),внимавам да биде разновидна храната,правам неделен распоред за јадење,ама пак има мака при какање. Правиме вежби со ноџиња, масирам меше. (Извинете за опис) вчера тргна каката и не можеше да се искака,си ја врати и цела ноќ кенкање,плачење,претпоставувам го болеше мешето. Кога стана од спиење беше весел. Да напоменам последниве две недели бебе одбива вода,од бебе што пиеше 120мл вода сега пие најмногу 50мл со финти и со молење. Инаку цица кога сака -колку сака... Не знам дали да дадам чај од нане? Како да му помогнам да се искака?
И мене истово ме интересира, моево и од јаболко и морков не може да се искака веќе неколку дена се мачи.
Мojата имаше истo и пoмoгна hipp сoк oд jабoлкo ставив 40 мл вoда и 20 oд сoкoт. Истo чаjче oд бебешкиве даj му пoтoплo.
Чај од ким,ги прајш кашите со маслиново? До сега мојава немала запек ама тие совети ми ги дадоа ако би имала.
На мојата и тиква и прави проблем, сега многу ретко давам, по 2-3 коцкички. Кога има, варам суви сливи, и само водата и ја давам да на пие. И помага многу. А како ептен бебе кога беше, на педијатар ми кажаа бекутан чајче, и и помагаше. Ама веќе не и го давам, па сливите се единствена опција.
Вариш од тие сувите сливи што се по продавници( засладените) или ти имаш домапни сушено? Чисто собирам инфо да бидам спремна....
Ставам и маслиново од пред некој ден.. Давав слива од компот неделава, не ми се дава водата зошто има 1 лажица шеќер ставено.. ако не да купам суви сливи. Агранела се без шеќер и конзерванс @*malenavolena*87
Урда од кораб трница препорачуваат,ама види дали имаат несолена. @Larahappy и Бучен козјак сум запишала