Леле ние уште не сме Ама ете прибирам инфо па планирам 1ви Јули (5 ипол месеци) свечено да ни биде прв ден..... А до тогаш ако земам уште нешто да прочитам ке побрлавам.... Воведување храна е цела наука
И јас прашував за какао пред некое време. Има во Чоколиното што го даваш значи си вовела веќе. И јас дадов со Хип инстант каша.
Јас дадов инстант каша што содржи какао, неколку пати веќе. А вака посебно во каши, уште не сум почнала да ставам.
@Мариаа. , @The Unicorn ,Фала ви женски. Баш вечер ќе дадам гриз варен, банана и какао. Ништо не ми јаде овие дена. Едвај доручекот И ручекот, вечерата никако. Среќа цица кога 3 месеци да е. А за какаото И јас исто си реков бидејќи имам воведено преку каша на хип со банана и какао и чоколино за бебе.
А кај ги има тие Јас обожавам суви сливи секој ден во овесна каша ставам ама тие се no name од пазарче на грамажа за вкусни превкусни се и тазе ама се прашував дали тие смее беба или треба некои други ЛАИК сум желен за знаење за тоа досагам
Веќе ги пробавме десертите од хумана и ги сака. Какао и јас првпат воведов со чоколиното, а само какао сеуште не сум додала во кашите. Мислам до годинка да тераме без шеќер и без сол, па после постепено да се доближуваме до нашиот начин на исхрана.
ова овде сум го пишала ??? ајде модератори избришете го Сакав да прашам урда со што би можела да комбинирам? Сакам да воведам утре. (Требаше малку порано да почнам) од тука имам прочитано дека и морковот и оризот предизвикуваат запек а кај некои дури и крушата.
Со што ја мешате тиквицата освен со морков и компир? Не ја сака моево, уште со Ад млеко немам пробано..
Јас денес баш им дадов, со ориз и морков. Плус и праз оди на ова, и така ми ја јадат. Инаку, моите не се многу љубители на тиквица ама оваа комбинација ми поминува. Со ад не сум дала, ама мислам дека ќе ти излезе доста течна кашичката дека и самата тиквичка доста пушта.
Јас ја варам. Дека побрзо се вари во однос на другиот зеленчук, прво ја ставам во тенџерето кога останатиот е речиси готов. За 7-8 минути е готова. Ја сецкам на тенки тркалца.
Најдобра варијанта е батат, тиквица и пашканат. Нема да згрешиш. А кога давав само тиквица ич не сакаше да ја јаде.. морав да му додадам банана за да ја изеде. Да не се фрла, де.. )))
Јас не ставам ништо. До година не би ставала сол или било што. Ставам само маслиново, од зачини ништо.