Јас воведов црвена леќа, пред неколку дена. Реакции немаше а синко ја сака. Јас каши хип давам понекогаш, ама купувам телешко, пилешко најдов од село, најдовме пилиња кои не се хранети со концентрат. Има и хип каша со риба, има и со јагнешко. На мисла сум да земам.
Епa јaс нaјдoв убaвo јaгнешкo, зaтoa кaши нa хип дaвaм сo пилешкo, мисиркинo и сo лoсoс. Инaку дa, црвенa леќa и јaс oддaмнa и дaвaм oбичaвa е мaлку пoтешкa
Цреши сакам за прв пат да дадам, 5-6 доста се,многу,малку??? Ми е страв не го боли мешето да не претерам. Во која комбинација ги давате? @EvieBabe ти мислам даде?
Јас првиот пат од пусти страв само 3 ставив, после тоа веќе по 6-7-8 зависи. До сега сум дала со овесни снегулки и банана, со јаболко и палента, просо и банана. Јас имам прашање дали варите цреши, вишни или свежи давате?
Цреши давам сега свежи блендирани , а вишни досега сум давала обарени компот, тие и дека помеки ги јаде така на половинка
2 лажици просо од вечер го покиснувам во вода,наутро ја истурам водата,плакнам ,варам Откако ќе се олади ставам во блендер со јаболко или банана Просо од Виталиа користам
Јас досега сум дала само од тегле на Хип. Ги чекам овие од по дворови, некако не ми се дава од овие по маркетите. Би ги давала свежи да, кога ќе бидат убаво зрели.
Јас ги варам 7-8 минути. Така некако ми се побезбедни за мешето. Досега немале мака, а бааги им ставам.
Веќе си дала, нема правила Во првите овошја се кајсија и праска ,но постои можност од алергија. Ако се поминало како што треба давај си и понатака.
Дадов цреши, прво пола црешка, па следниот ден две, помешано со овошна кашичка. Свежи, не варени. Авокадо и јас давам од 6+, малата го обожава и со солено и со благо. Просо купувам некое био органско и не го киснам, не пишува да се кисне. Брзо се вари и малово фино го јаде.
Мамички дали давате сокче морков, цвекло и јаболко, домашен во соковник праен. Немам дадено, а сакам да пробам. Има ли некоја тука пробано?? Тенкс
Грав и леќа дадов. Супер поминаа и ептен ги сака. И црн патлиџан и урма воведов. Гледам и здосадува досегашното јадење или некој период е, воопшто не јаде. И воведов и јагода ептен ја сака и така пројде доручекот. Ако има нешто ново јаде или ако е со рака дадено. Почнав зеленчукот како плескавици да го давам. Повеќе го јаде. Вчера варена брокула јаде 2-3 цветчиња така со раче, а во ручекот завчера ја плукаше. Дајте идеи што да давам.