Немаме жoлчка вoведенo. А нели не треба два млечни прoизвoди или грешка сум? Едит: кoга вoведе жoлчка?
Грав и урма како даде? Постапка? Иначе и јас и воведов многу намирници и се супер прифати Цреши, кајсии, праски, црвен домат, боранија. Си лапка убо. Денес за ручек тиквичка, црвен домат, кромитче и лебче, како чорбичка, со сласт си ја изеде
8+ воведов жолчка. Јас немам прочитано такво нешто, можеби правам грешка. Ама синко јаде така и нема реакции. Јас јадам кашкавал и јогурт, па не ни помислив дека не треба да дадам. Читам низ темите дека мајки даваат јогурт и овошје, мене тоа ми е нелогично. Битно е да јаде бебуш и да нема алергиска реакција. Инаку не умее да џвака, јаде само блендирано, па немам со што да дадам абц освен како што веќе давам.
Гравот од вечер го киснев и го сварив како за нас со кромид, пиперка домат ама без сол. И го изблендирав. Исто И леќата. Урмата(3-4) ги варев 10 мин. Сами се излупија. Ако не со лажиче ќе го извадиш средишното меко, лушпата ја фрлаш. Вечерва и дадов со банана и просо. Воодушевена беше. Прв пат после време сама отвараше уста. Поздрав и на здравје да им биде.
Жолчка на 8++ дадов прво 1/8 па наголемував. До 1/2 сме дојдени. Педијатар ми рече сега доволно и е до кај 10-11 месец до цела да дојдам. Инаку за млечни прв пат слушам. Имам многу рецепти кои се со по 2-3 млечни одеднаш. На пример к млеко со урда. Инаку јас давам к млеко со овошје како овошен јогурт. Тоа ми беше препорачано како прво за вечера од педијатар. Малку има влијание и исхраната на самата мајка. Обично форсираме тоа што ние јадеме. Јас обожавам овошје и зеленчук како и млечни ( урда и к млеко пред се) , еве и бебе тоа најмногу јаде Не сум љубител на месо( читај не јадам), на бебе и давам редовно, но некако не го преферира.
Вистина? Ауууу... Сега баш видов одзади на кашичката што ја имам дома, цели 11 грама? На додадени се мисли? Ако е така, и во Хип веќе сум без доверба.
Викендов во размислување ми помина, па да си прашам сега тука Кога почнавте со вечера, тие што почнавте со вкусови пред 6 месеци? Колку млеко пијат бебињата што се на АД, а имаат два/три оброка? Дали е попаметно помеѓу доручек и ручек, да дадам нешто ужинка, или млеко? Малата е скоро 8 месеци, а со вкусови од 5 почна. Вечера почнав да и давам, ама па си викам рано да не почнав. Веќе некое време има три оброка. И и покрај тие, последнава недела обавезно се буди и преку ноќ еднаш за млеко. А претходно си спиеше, или со водичка си презаспиваше кога ќе се разбуди.
Како се воведува жолчката, 1/8 два дена по ред се дава или два пати во неделата по 1/8, па следната 1/4, па 1/2...? Ние почнавме на 5м со пробување вкусови, на 6 имаше еден оброк,од 7 има два, а од утре (за 3 дена ќе има и трет. Помеѓу втор и трет оброк треба да има 30 дена растојание. Помеѓу доручек и ручек цица моево, исто планирам и помеѓу ручек и вечера да цица. Од 9м планирам да воведам и ужинка.
Моите близначиња за некој ден ќе имаат 8 месеци. Десетина дена пред да наполнат 6 месеци, почнав со воведување вкусови. Сега имаат 2 оброци. Доручек (овошна или зеленчукова каша) и вечера (млечна каша со житарки). Три пати пијат млеко, едниот наутро и пред спиење по 180 мл, и еден оброк му е 150 мл. Другиот, сите три пати пие млекце по 150 мл. Ноќта ја преспиват и не се будат за млекце. Сега за некој ден ќе им воведам мевце, па како уште еден оброк ќе имаат ручек (зеленчук со месо). Месецов ќе воведувам и млечни производи, а глутенот би го пролонгирала уште некое време. Досега добро ни оди со цврстата храна.
За глутенот читав дека тррба да се воведе порано да не се чекало некаде до кај 7ми 8ми месец да се воведе пошто ако се избегнувал долго можело да доведе до целијакија..... Читав и те прочитав па затоа инаку јас уште не сум почнала со цврста се спремам па ве пратам
Знаеш дека баш во моментот го мислев ова, само се двоумев дали овде од мајките сум прочитала или некоја статија. Јас пред да забременам и цела бременост бев на безглутенска исхрана и некако од тие причини имам да речам аверзија кон глутенот... Крај на 8ми,евентуално почеток на 9ти би дала. Моите и прематурчиња се плус. Фала ти што ми пиша мајка, секој пост е од корист овде