6м2-3н, веќе имам воведено овесна каша (житаркиве за сега ги давам инстант заради додаденото железо), сакам набрзо да дадам и спелта, и околу 7ми, 7+ и пченичен гриз. Моево обожава овес, ич не е јадач ама овесната каша ја јаде и така без ништо. Едно смотано прашање, давање колку сака значи додека отвара уста, така?
Дали има ограничување кај одредена храна, како за месо што е 5 пати неделно? Некаде прочитав спанаќ 1 неделно се давало, дали тоа значи дека таа недела не смеам да дадам ни блитва?
Мoжеш дa дадеш блитвa. Месoтo мoжеш секoј втoр ден, барем јaс тaкa правам, a јaјце 2 пaти неделнo давам. Ти не си вoвелa уште жoлчкa, кoгa ќе вoведеш сaмo немa дa даваш вo ист oбрoк сo месo. Инаку еве кaкo се вoведувa иaкo јaс си пoчнaв сo 4тинa не сo 8минa https://pedijatar.mk/shto-treba-da-znaete-za-voveduvaneto-zholchka-vo-ishranata-na-deteto/
Здраво мајки, Имам многу за читање, и извинете ако е поставено прашањето . Пробуваме вкусови, и има малото (6+) доручек. Сега треба да воведам ручек дека бил покрупен. И ми кажа педијатарот Палента, Ориз (мислам и компир рече) да давам по 5 дена проба. Со ќерка ми бевме кај друг педијатар и се пробавме по 3 дена. Прашањето ми е дали на некоја мајка и кажал педијатар за 5 дена проба на овие намирници?
Сите се пo 3 денa и тoa првиoт 5 лaжички, 2риoт 10 3тиoт 15. Еве ти нa https://pedijatar.mk/ прoчитaј си се штo те интересирa мнoгу пoучни и убaви рaбoти имa
Доволно е три дена. По мене дури и 2. По 5 дена ако воведуваш за месец дена едвај 6 намирници ќе дадеш. Таман до 3 години ќе воведуваш. Палента и ориз не се воведува. Само се дава.
@trouble @duffi @Sofi.ja јас за ќерка ми ги воведував 3 дена по 3-4лажички. И сега на контролата помислив дека грешно сум чула и го препрашав и ми рече, да 5 дена. А имам доверба во педијатарот, ама ме зачуди, па си реков да прашам дали сум единствена што и реклеА треба и ручек да му давам и вака ако пробам ќе треба богами баш до 3 години проба
Се воведуваат oние кoи се сметаат зa aлергени a тoa се претежнo oвoшјaтa, мaдa јaс и зa некoи зеленчуци тaкa прaвев, зaмислете и дaдoв чист пaшкaнaт и тoa приличнo дoстa имaше и цел гo изеде
Здраво мајки да ве прашам.... За 2дена правиме 11месеци дали можам да и дадам малина ми дадоа за џем па да знам дали можам да и дадам или да замрзна за понатаму... Кои други намирници се воведуваат 11м
Јас почнав со житарки, 3 дена давав исто. Првиод ден 3 лажички, па 5 и третата колку она сака оти бараше ама не беа поќе од 10.
Јас давав од тие од кутија, сите ги проба, Хипп, Холе, Хумана. За појадок давав овошје, за ручек зеленчук и за вечера житарка со млеко и сосем малку овошје, ама рано ви е за вечера сигурно. Инаку мо може и за појадок житарка со овошје ама доста напредуваше и мислев дека нема потреба, тоа беше со првото дете, ама мислам слично ќе е со помалово
Мајки, како воведовте месо, млечни производи, глутен? Пред вообичаениот оброк или во друго време од денот? Пак по неколку лажичиња по неколку дена?
Месо воведов за ручек, ручаше околу пладне тој период (сега поместивме за подоцна). Првиот пат само водата во која што се вареше, после тоа постепено зголемував, до 50-60 гр. Три пати во неделата давам месо, така и воведов (вторник, четврток, сабота). Од млечни само јогурт имам дадено, и тоа и глутенот за појадок ги дадов. Тие денови кога воведувам ново, на пример јогурт, ставам малку палента, или што и да се прави за доручек, и мешам со јогурт, за да бидам сигурна дека ќе го изеде. Па останатото си го дојадува. Третиот ден веќе мешам во цел оброк. Вчера воведов модар патлиџан, ама нешто не го сака. Имате некоја проверена комбинација? Вчера беше во комбинација со грашок, кој обично го обожава. А денес со компир, телешко, морковче.