Мислам од 11. Пробај заради алергија, ако нема можеш. Јас Еве веќе јагоди дадов. На грешка, синко ја почасти. Па сега им е сезона, најздрави се. Ќе те прашува кокосово масло од кога може да се даде? Уште 10 дена до 10 месеци е бебе. Во бебе готвач Еве од 11+ е малината
Сакам да дадам на беба палента за прв пат, бидејќи немам правено до сега, сакам да направам една порција, ако може да ми објасните како се приготвува?
Јас имав правено 1 лажица палента 100мл вода, ама некако и беше густо. Случајно на фб прочитав коментар 1 мала чаша за ракија палента 6 чаши вода. Некако 6 ми се видоа многу,па ставив 5 и добив одлична густина. Помешав со кисело млеко и го изеде во еден здив. На претходната мерка се давеше некако па го ставав во блендер и стана тегаво,ова денес беше таман.
Мајки како го правите просото? Освен со банана и кајсија со што го мешате? Банана одбива, кајсиите уште не се благи.
Со секое овошје и зеленчук и месо(наместо работи со скроб.. Компир,ориз, грашок ставам киснато просо)
Јас и ја варам во повеќе вода и путер или м.масло точна мера немам.. Се вари подолго време ама така текстурата е по свиленкаста не е зрнеста
Можеби прашањето е малце глупо, меѓутоа ме интересира дали кога се воведуваат вкусови е во ред да се дава еден ден овошје, наредниот зеленчук па житарици или давате овошја па после некој период преминувате на зеленчуци?
Кога воведувам нова намирница ја давам два три дена истата, а кога нема ново давам измешано без некој редослед дали е овошје или зеленчук. Почнав со јаболко, викаат со што ќе почнеш тоа ќе ти јаде повеќе ама моево ич не сака овошје. Сака брокула и тиквица онака. Јас збунка. И секој ден давам житарици за доручек. Обично овес со овошје, ориз/полента со зеленчук. Кога ќе има втор оброк овие вториве ќе ги давам таму.
Најчесто доручек: овошје (јаболко, банана, круша, цреша, праска, кајсија, чат пат по некое друго што го има во готовите кашички), овесни снегулки мелени како брашно помешани со овошјето или просо со овошјето наместо овес. Некогаш додавам авокадо во овошјето. Друга опција за појадок е палента со кисело млеко и урда. Ручек најчесто: телешко, пилешко или мисиркино со компир, морков, кромид, пашканат, батат. Поретко: брокула, спанаќ, праз, лук, цвекло, киноа... Вечера скоро цело време: вечерните каши на Хип (гриз со банана, гриз со јаболко, бисквити со јаболко и вчера дадов од таа со банана и какао), од оние во кутија млечните каши што исто претежно се на база на гриз или просо или евентуално варен пченичен гриз па отпосле му ставам малку мајчино млеко. Имам чувство дека цело време давам едно те исто и се плашам да не не е доволно разновидна исхраната. Не е голема јадачка, се молиме постојано и во последно време е малку расипана крвната слика. Бебево не запира, постојано е во движење и уште кака по 3-4-5 пати дневно па борба е да се качи повеќе од 500 грама месечно. Дали пропуштам нешто, дали ми фали нешто плус во исхраната? Дајте ве молам уште некои идеи... 8+ сме.
Софи, сакам да те прашам дали даваш бисквити и ако да какви? Прашувам за во комбинација со овошни кашички или пак со млекце? Нешто соодветно од бисквиткиве за 8+? Гризот со бебенце на паковката го давате? Инаку, ние од денес полни 8, мајка одбива да и пораснат бебињата, уште ништо не сум дала од намирниците соодветни за 8+. Се плашам колку само брзо растат, аууу...
би ти препорачала да ја симнеш апликацијата бебе готвач има рецепти за подготовка на палентата и со што да ја комбинираш. Јас на 150 мл вода ставам 2 супени лажици палента одкако водата ќе зоврие а варам околу 5 мин. Ќе прашував две нешта: 1. Сите ли давате домашно месо на малите? 2. Колку пати во неделата е препорачано/дозволено да се дава цвекло?