и јас досега имам давано кашичка со месо немам свежо воведено. Во план сум да одам во една месарница близу ни е и да ги помолам ко ќе донесат свежо тазе месо да ми јават па да одам да пазарам ( се надевам нема да ме обдијат) исто страв ми е од зарази. А околу цвеклото и јас давам два пати неделно ама си велам и тоа да не е многу. За спанаќ и брокула наназад низ темава читав дека не се препорачува повеќе од еднаш неделно затоа што било тешко за бубрезите.
Јас сум во план јајце да воведувам за едно две, максимум три недели. На 8 и пол месеци негде. Планираш домашни или од продавница да даваш? И ако има некој пилешко што вовел, а не е домашно, ако може да ми кажете од кое купувате? Гледам да го одложам што е можно повеќе, ама некогаш ќе мора да дојде на ред.
Јас купувам од Фармата на Тони зашто не успеав да најдам селско домашно. Малава мн повеќе го бендиса отколку тоа на Холе. А вчера и дадов од ДМ тие кашички германски био нешто, не знам како беше точно името, од Хип се малку поскапи, исто убаво реагираше на нивното пилешко.
Ме интересира, бебево јаде пилешко и телешко домашно. И двете ги воведував прво водата 3 дена па месо 3 дена. Сакам да купам кашичка со мисиркино, дали можам одеднаш да му ја дадам или и тоа треба постепено?
Јас дадов исто кашичка купечка, првиот ден 2-3 лажички и следниот и ја додадов целата, затворена во фрижидер ми стоеше.
Ако јаде цврста храна да. И сливата и водата во која се варела. Ако не јаде,само водата. Прави масажи со кружни движења на мешето и возење велосипед со нозете
Компир, прво почни со неколку грутчиња ситни, па ќе зголемуваш. Овес, палента, ориз не блендирај. Грашок парчиња да ги фаќа само и да ги носи во уста. Смоки сигурно веќе јаде само Морков, тиквица тоа може да се испасира. Или како што ја правиш во блендер само кратко пушти колку да се смеле храната. Внимавај на модар домат тегав е и тежок за џвакање, мојата се има 2,3 пати задавено од него.
Од давењето се плашам и немам храброст да дадам... На почетокот компир пасиран му давав,мислев не може во блендер да се направи, и тогаш се давеше. Сега кога не е некоја храна добро изблендирана и има парче одма прави бљак и фаца демек се дави...затоа ми е страв. Палентата ја јаде не блендирана, ќе пробам со ориз. Смоки еднаш му дадов јас ги сплескував, не змам да не гризне големо парче сам? Исто и моево . А мислам дека кај и да е треба да почнат со пасирано
@Sofi.ja блендирано се дава од 4+, веќе со 6+ се пасира. Јас од 7 почнав да пасирам, па уште се дешава ако и дадам инстант каша за доручек и немам во моментот некоја овошка да и измешам за да не биде се меко, да се мршти за следниот оброк оти е пасиран.
@Sofi.ja @Larahappy ако ви е за утеха, мојот е 9+ и уште сака блендирано ........... Има на Дм Био кашички 8+ и внатре се со мали парчиња. Може да пробате и со нив. Мојот е исто ‘бљак’ за неблендирано ама овие ги јаде.
Што порано почниш подобро. Внимателно и без паники. Секогаш биди покрај него додека јаде. Смоки можеш така да даваш од тие бебешките, тие се добри, одма се топат па и бебиња без заби ги јадат. Од ориз неможе да ти се задави. Да не се цврсти и големи парчињата. Многу е битно да научи да џвака, да не голта директно. За да научи треба да даваш. Јас почнав со парчиња од кај 7м, со 2 заба. Блендирав само каши со месо или нешто што неможе да џвака. Друго крупно пасирано или парчиња. Нема да те лажам се има давено преку 10 пати. 2 пати беше по сериозно и тоа 1 од модар домат и 1 од ситно парче праска. А и 2 пати беа сега, од кога и има сите заби и џвака перфектно.
Има ли мајка која не се плаши од задавување? Ами најголем кошмар ми е! Во мислите стигнав дури "Што ако во градинка се задават и не ги видат"? Господе, Господе, забегувам ли? На неполна година внук ми го чував и се задави од компир, умрев во истиот момент. Од тогаш, буквално ноќна мора ми е хранењето на мало дете, па уште и туѓо. И јас уште им блендирам, некогаш претерувам со" густината" на кашата, како намерно да ги правам течни. И јас се прашував како ќе преминеме од блендирано на пасирано??
Не знам,дај да се собереме јас ,ти и @Larahappy и групно да ги нахраниме со пасирана храна Мечка страв мене не страв Јас се вадев од памет на цицање кога ќе се засркнеше на 2,3м маж ми во сред ноќ од кревет ќе скокнеше кога ќе викнев
Мајки како го праите инстант оризот сооднос вода /ориз ? И оризот со банана може да се меша, со некој зеленчук со друго што го мешате.
Мајки ние за некој ден правиме точно 5 месеци, засега имаме воведено морков, компир, брокула, (тиквичка и батат не сака баш) јаболко, круша, банана, слива, кајсија... Дали може сега во 5ти месец да дадам гриз и овесни снегулки и ориз со што да ги мешам само со Ад млеко? Друго што може да дадам во 5ти месец? Имам табели ја имам и бебе Готвач ама секаде различно пишува..
Имаш на Хип инстант каши oриз, гриз, пченка се пригoтвуваат сo вoда, ад, oвoшjе. Мoже да ги даваш нив без глутен се. Има и на други фирми.