Моето сака и само така (јас давам со вода не со млеко), ама можеш да дадеш и зеленчук директно, мислам дека ориз, полента, гриз итн не се воведуваат самостојно.
@Presrekna @MilaSs12 имам ноќни каши со какао,дали треба прво какао да проба во друга каша или може да дадам за вечера од ноќните? Друго сакав да прашам за жолчка, од следна недела планирам да дадам, знам дека се дава 2 пати неделно, ме интересира треба два дена по ред така? Пример оваа недела пон и вторник 1/8 Следна недела пон и вторник 1/4 итн... Во која комбинација е најдобра за воведување жолчката?
Денеска со морков проба ама не е нешто воодушевен и многу течно излезе со 200 ml млеко Утре изгледа со круша ќе проба или пак предложете што друго од зеленчук да му дадам немам идеја и како е поубаво со млеко или вода? Многу тешко ова јадењево..
Кога ќе кажеш за бебе е, ќе ти го исчистат убаво, исечат на мали парчиња, прво ќе ти кажат дали имаат тазе а тоа е од истиот ден, во сите месари сум имала такво искуство и ќе ти кажат кои денови носат, а тоа се декогаш истоте три дена во неделата па така ќе си ги знаеш и ќе си пазариш тогаш. За брокулата не знаев којзнае колку пати сум претерала со давање
moze tikvicka jas so voda gi pravam stavam pomalku voda ako e gusto dodav uste od vodata vo koja se vari zelencukot ili ovosjeto
Јас директно каша на хип со какао дадов, без претходна проба. А жолчка еден ден по 1/8 п по 2 дена пак. Патронажната сестра ми рече тешка е во 2 дена да ја давам. Со павлака е највкусна. Некои со банана ја даваат, бебе не ми ја сака. Оди во палента, со брокула, спанаќ намази од урда,авокадо...
На почеток мислиш дека е тешко, гледам дека ептен истражуваш, се интересираш и се трудиш да е се по пропис. Опушти се, 2-3 кашички потоа ќе видиш дека бебешката храна устари е нешто најлесно. Нормално прво да не е воодушевен, нешто ново проба, нешто што се јаде поинаку,друг вкус. Биди трпелива, нормално е и да не знае како да јаде. Мене крушата многу ми ја сака, затоа и ја давав со оривче, мешав и круша со морков, така се излапка. Изненадена сум што обижава брокула хаха.
Мајки, на 7 и пол месеци вашите бебуши по колку гр. јадеа од кашите? Мојава еве ги јаде сите оброци по 190 гр ( од големите теглиња) но вчера после доручекот поврати во млаз, а денес исто после доручекот и после вечерата поврати така во млаз. Незнам дали е од прејаденост или нешто друго е во прашње. Онака е весела, пие течности и млеко без проблем. Единствено што приметив сабајле додека јадеше се задави па веднаш после тоа поврати , а и носето и е затнато и има шлајм. Се надевам дека во соодветна тема го пишав мислењето
Утре сакам да дадам посни јуфки на бебе. Некогаш џвака, некогаш си голта дирекно па не знам како да му ги дадам. Ако му ги дадам исецкани само на ситно и дирекно ги голта без да ги изџвака неможам некој проблем да направам ваљда нели? Од јуфка неможе да се задави мислам!? #учимедаџвакаме#намамаисесмачидаблендира#големсумбил
Јас дадов два дена по ред, првиот ден ставив осмина ама синко не изеде ни пола каша. Не знам ни дали се смета така дека е воведено. Нареден ден ставив четвртинка и пак не ја изеде цела каша. Наредна недела пак четвртинка и веќе наредно давање цела ставив. Давам со јогурт, палента и абц сир. Може и спанаќ, јогурт и жолчка. Какао дадов ноќна ама изеде едвај две три лажички, значи исто како да немам воведено. Вечерва дадов какао за прв пат, пола лажичка ама не изеде се, фактички четвртинка лажичка сум дала.
Мојот јаде по 150-200 грама, почнавме со вкусови на 5,прв оброк 6,втор 7, трет 8. Оваа количина ја јаде од 7ми месец навака, сега е 8 ипол
Јас лубеница му дадов,како сок 5-6 лажички на 8м и една недела. Диња уште немам купено, да почнат да зреат по бавчиве ќе му дадам и диња 8-9 месеци. Во сите табели стојат во различен месец И патлиџан планирам порано од табелата да дадам,штом узрее кај баба домашниот
Јас дадов на Хип болоњезе со патлиџан е тоа нели, го обожава. Ќе дадам и диња лубеница тогаш порано...
Болоњезето го даде така како што е подготвено во теглето или мешаше со друг зеленчук? Јас му ја понудив само содржината од теглето , но не ми ја сакаше така.