Мајки планирам да пробаме вкусови деновиве, сакам да прашам од првите намирници што давате се варевте и блендиравте? Освен банана нели. И дали се доволни неколку лажички на 2 3 дена вкус?
Da se varev i blendirav pocnav so jabolko 1 den 3 lazicki vtor 5-6 tretiot kolku saka pa potoa druga namirnica nekoi po 2 dena gi vnesuvav .Koga proba 3-4 izmesav 2 zaedno i taka po 1 mesec stignavme do obrok.
Generacio edno prasanje bidejki i ti imas soveti evropski kako te sovetuvaa sega 5 mesec eden obrok , 6 mesec vtor obrok vecera ili poinaku.
имам читано наназад мислам на @Annath коментар дека може од 10 месеци имам направено скриншот да го најдам ќе постирам
Да почнеме со еден цел оброк 3 саати пред спиење, за спиење само цицање, 3-4 лажички доручек и цицање, за месец дена да е доручек цел оброк.
Имам неколку прашања Денес воведов жолчка 1/8. Таа иде два пати неделно само. Треба ли да се запази растојание помеѓу две давања? Месо давам три пати неделно, би било ли проблем ако давам два дена по ред? И риба кога ќе воведам, дали таа ми менува еден ден месо или е дополнително?
Мајки кога почнавте со житарици? Ние сме 6м и сега планирам да почнеме со пробување вкусови а педијатарот ме советува веднаш да почнеме со два оброка, еден житарици, другиот зеленчук. Не е многу наеднаш два оброка? Јас планирав да почнам со морков, компир, јаболка, тиквичка и сеа ептен сум збунета дајте некој совет
Јас каде што живеам, а знам и дека други членки имаат постирано слично, се почнува со оризова крема, т.е. каша од оние инстант, бидејќи се со додадено железо што наводно му треба на бебето околу 5-6 месеци, а и се смета дека оризот е меѓy полесните храни што не го оптоваруваат желудничето на бебето. На почеток се спрема прилично ретка па се згyснува постепено. Јас давав чиста два дена, после додадов јаболче и натаму и други овошки и зеленчуци. За две три недели дадов и каша од пченка, а потоа и овес. А два оброка од старт мислам дека не би дала.
Ти благодарам, не би дала ни јас два оброка наеднаш. Исто сакав да прашам какво млеко ставате во кашите? Ние сме на ад и како што имам читано се става мајчино млеко или ад, а педијатарот ми вика тетрапак со 3.2 масленост. И жолчка од одма постепено. Стававте ли одма жолчка? Од страв како ќе биде веќе две недели одолговлекувам со дохрана.
Заради начинов на воведување оброк помислив дека живееш во странство. Е сега да ти одговорам, на 5м почнавме со пробување вкусови наутро за појадок, прво пробуваше овошје,па зеленчук па житарки, на 6м му воведов прв оброк кој го јадеше за време на појадок. После 30 дена, на 7 месеци му воведов втор оброк- ручек. После 30 дена, на 8 месеци му воведов трет оброк вечера. Од воведување еден оброк до друг треба да има барем 30 дена временско растојание, со цел да се навикне желудникот на бебето на количината на храна. После пробувањето вкусови Некои воведуваат прво појадок, а други оведуваат прво вечера ( @koritsaki мислам така почна, живее во гр). Ако мислиш дека со воведување вечера како прв оброк нема да станува ноќе, се лажеш Јас едвај чекав да направи 8м да воведам вечера за да не станува по 200 пати за цицање и се излажав
Јас најчесто ги правам со вода, некогаш ретко со мајчино, моево цица па не ми се наоѓа дома ад. А за тетрапакот... е уште ова не бев чула од педијатар. Сигурна сум дека барем 99% од мајките тука ќе те советуваат НЕ за тетрапак. Па и за жолчка толку рано. Моево е 7+, жолчка планирам накај 8ми. Ама сепак ти си одлучуваш. Јас најискрено или би сменила педијатар, или едноставно не би го слушала. Најискрено многу повеќе научив од мајките на форумов.
Да ти кажам искрено не планирам да го слушам, од се што имам читано и слушано таа се обратно ми кажа. Кога слушнав за тетрапак си викам дали точно разбрав, докторке а не треба со ад? Па може ама и тетрапак ставај јас планирам да почнам некое време со пробување вкусови, па после со кашички за почеток морков, компир, батат, тиквичка, јаболка, банана.... Се надевам не грешам. Ти благодарам
Хахаха тоа со станувањето навечер мислам дека е индивидуално, зависи до детето. Инаку и јас исто како тебе планирам да почнам, само што денес бевме на контрола и цела збунка станав со тие нејзини теории, за тоа и прашав тука викам да не случајно нешто не сум доволно информирана, ама во право сум била ти благодарам и тебе