Да пробаш сам да јаде стави му пред него варени меки работи на коцкички да може сам да си ги зима и да си јаде.
@macence994 Јас кога не сака моето нешто да јади му ги пуштам Pilici на YouTube и после знајш шубо си јади, ама ние помали сме...
Ќе треба да пробам така само уште тоами остана Коа му пуштам нешто да гледа па цело внимание му е во телефонот ,др ниш не го интересира околу него
Најискрен совет, не пуштајте видеа додека јаде. Не треба ни да гледа воопшто во телефон дете пред 1 година (идеално до 3год односно додека не прозбори убаво) Пробајте додадете зачини во кашичките, кромид, лук, босилек, копар да имаат подобар вкус.
Не се дава сируп за алергија на деца под 1 година освен ако не е кажано од педијатар, односно ако е ептен исфрлено детето.
А ако не јаде? Пробани се сите опции, синко јаде само кога го нанимираат од страна. Едно време цртани гледаше ама веќе не го интересираат. Сега јаде со вангли, дрвени лажици и друга опрема. Помеѓу опциите да седи гладен и да јаде додека јас изигравам дворска луда, бирам да е најаден. Не велам дека е убаво, ама немам веќе нерви да готвам и фрлам.
Зборувам за видео на телефон. Голема штета им правиме на децата со телефоните. Играчки давајте му и тропалки, пуштајте му песни, ама нека не гледа во телефон. Еве видео од познат српски психолог на темата, ако имате време погледнете го. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1039139719784189&id=749103672121130
Мислам дека го имам гледано. Гледав доста видеа на таа тема зароа што бев очајна. Синко не гледа цртани и видеа на телефон. Ти велам, еден период гледаше и јадеше ама тоа траеше месец дена. После тоа му здосади. Ни на телевизор не гледа. Пуштам песнички и игра, пее, мафта со раце. Да гледа не го интересира. Само сакам да кажам дека ги разбирам мајките кои пуштаат цртани на телефон за да јаде детето. Ако детето гледа 15 минути додека јаде, не би требало да е проблем. Кога ке пројаде полека може да се исфрли.
Лошо е затоа што детето јаде механички, не ужива во храната, само апни- голтни. За дете не јадач нема да коментирам, затоа што знам дека се ќе направе мајката за да пројаде. Ама да пуштам само затоа што не ми бендисало каша, и да му буткам со сила, не. И нас не ни се допаѓа се,исто и они.
Синко е нејадач. Не му се допаѓа ништо. Ни овошје ни зеленчук јаде. Од бабана и бисквити сака да повраќа. Ѕвер.
Знам како и јас имам нејадач дома НО нема видено ни тв ни тел мн неправилен начин е тоа бебето ке се загледа а ние ке бутаме храна во уста. Препаметни се ако се бебиња најди го начинот да му показеш да узива во храната.
Се согласувам со мислењево Мене дури ми е уште помирен и ако нема ни една играчка на хранилката, си јаде убаво,не ми ја врти главата. Ама ајде да не е монотоно,му ставам колички,шатки, па малку нив ги храниме,малку него Ако видам да забушава со играње му ги одземам и си јаде. Баш пред да почнеме со дохрана го гледав видеото од српскиот доктор и си ја научив лекцијата
Иста е кога нема ништо освен тањирчето со храна Мојата од ич нејадење почна по малце да показува интерес (уште е мн малку тоа но е подобра шо за мене значи многу) кога почнав да ја седнувам со нас на маса
Мојот непијач на вода, кога друг пие вода,можам да му пикнам и на него,во спротивно 90% од обидите ми се неуспешни
Пробано е се. Седеше гладен, цицаше и заспиваше. Плус нервозен од што гладен ја фаќаше цицката и мумлаше демек ти на мене не ми даваш јадење. Сега пак пребира ама јаде со вангли и лажици. Се ми е јасно, пробав ама имам табиетлија дома.
имаш ли пробано од чашка ? без клунче без ништо оно и доволно е после оброк да се напијат само,мали се наредното лето сами ке бараат вода
Пробувам, пола чаши од кујна ги пробавме, купувам и нови со клунче,без клунче. Кога сака пие,кога не бутка со раката и устата ја затвара како со патент
Хаха кај мене коа ќе види дека јас пијам демек и он сака ,и ќе му дадам од мојата чаша и ќе се напие и ќе направи бррр и ќе ме истушира и се смее хахахаха А коа сака си пие од чаша со клунче, коа нејќе исто ја бутка