јас мислам дека видов во бебе готвач од 11+ ама секако верувам дека во каши ќе го ставаш така да може да почнеш. И јас планирам да го воведам.
Завчера дадов прв пат на 8ипол месеци во комбинација со блитва ориз и кисело млеко, 1/8 варена жолчка. После 3 дена се дава уште една осмина,следната недела во истите денови четвртина, третата недела во истите денови половина,четвртата недела во истите денови цела. Откако ќе се воведе се дава два пати неделно. @rainbowmama Со овошје за доручек му дадов 1 лажица пченичен гриз. Другиот ден две лажици. После некој ден истото со овесни снегулки, првиот ден 1 лажица,вториот две
Ние почнавне со пробување на вкусови од 4 ти месец сега сме 5ипол имаме воведено 1 оброк па сакав да прашам дали уште да се држам до тоа 3 дена овошје и 3 дена зеленчук?? @KuklickaSk вишни од кога може?
Oд 7+ негде и вoведoв. Jас не се држев дo тoа 3 дена oвoшjе или зеленчук. Давав различнo дoдека бевме на еден oбрoк. Кoга пoчнав сo втoр oбрoк за дoручек давам oвoшjе за ручек зеленчук.
Мешавината внатре е 25 г. Мешаш само со вода. За еден оброк е. Може и овошје да додадеш. Можеш да воведеш глутен со неа, да.
По препорака на педијатар на 7 месеци ќе воведам имаме време, се извинувам за офтопик касно видов дека имало ваква тема...
Дали имате искуство со пасирани цреши ама лушпите со пасаторот не успевам убаво да ги иситнам и малку со страв би му давала на бебето да јаде таква каша. Се работи за 8ипол месечно бебе. Може непотребно се грижам, неможе вечно да јаде кашички ама сепак се плашам да не му залетне некоја лушпа, уште е мало!
Иста возраст е моето. Во нутрибулет му ставам цреши со друго овошје, лушпите се познаваат и по блендирањето и досега не сме имале проблем
Јас сега на 10+ маџун воведов. Доста е благ. И циметот дава блажина. Исто И кокосово масло или кокос можеш. За шеќер не би ти препорачала. Држи дури можеш.
Какво фајде имате од маџунот? Освен добра реклама нема ништо. Шеќер извриен со ферментирано грозје. И ништо ама баш ништо добро нема останато во него. Ама важно мајките за Здрава храна на големо го промовираат. Подобро мед. Ако нема алергии.
Сакам да и дадам нешто да почне да џвака малку. Можам ли да и направам проја со жолчка, пченкарно, пченично, јогурт и моцарела? 9 само што наполни.
Во главно се согласувам со тебе, ама сепак маџунот не е од сега даван како лек и како природен начин за имунитетот да се подобри. И јас сум против форсирање како во таа група што прават ама за маџунот не се согласувам. Мед секако е подобро ама ете јас не сум уште решена да и дадам затоа што е склона кон алергии.
Океј нека е лек, ама што има корисно во него? По мене ама баш ништо. На крај краева јас не ставам ништо како засладувач.