Како го приготвувате оризот на Холе, пишува да се меша со зовриено млеко или ад Бебето освен мајчино млеко друго млеко нема пробано
Има и друг начин, сигурно немаш видено, со зовриена вода оладена накај 50° го мешаш правот. Е сега вкусот е никаков, па ќе додадеш зеленчук или овошје
Молби, лажење, цртани, се што ти паѓа на памет. Знам дека не е правилно, не е ни здраво ама и кога не му давам да јаде не огладнува и не бара.
да точно дека се еднократни. Јас на домат јагоди и јајца бев алергична ама после 3 години по насока на педијатар мајка ми продолжила да ми дава од тие намирници и немав веќе реакција. И да штом прпбуват по некое лажиче не е којзнае што ама има време се ќе пробате не брзај. Има намирници кои се тешки за желудничето не се потресов туку сметам дека си избрзала. Ама ок е споделувам мислење не ти наметнувам принципи на исхрана.
Eta taka moze znaci drug princip na razgovor od prethodniot. Sega se soglasuvam so tebe da moze ne e vo red,ama probala. Ne sum jas pobornik se da odi po kniga meseci denovi i casovi,sakam da se zdravi pravi i da jadat, zasto prvoto dete od tie naucni fantastiki ne znaese nisto da jade.(sum pisala da ne se povtoruvam).
Мајки тие што приготвувате домашни каши, ме интетесира од кога почнавте да давате свежо овошје.Јас пред да го изблендирам овошјето го варам малку, па ме интеррсира дали може да ставам свежо,пример јаболко,кајсија праска,бидрјќи зимам не прскано овошје.
Има позади начин на подготовка и за со мајчино. 130 мл топло мајчино со 25 грама или 5 лажици од кашичката.
@crazylady мајка, а и останатите мајки имам потреба да се дообјаснам. Знам дека постов не е за Денешно мени до 1 година па затоа овде пишувам, и ќе биде малце подолг. Комбинирано се доевме и дохранувавме до 3 месеци, потоа почна да цица само на сабајле, за после 4 ти месец да преминеме целосно на ад млеко. Педијатар ми рече да почнам со вкусови од 4 и пол месеци. Почнав според препораките овде, по лажичка две пред млеко, зошто ги почитувам вашите мислења, но мое бебо беше постојано гладно, постојано плачеше и бараше јадење. Дури и овде се обратив на два три пати но никој не ми одговори што да правам. Видов не видов и воведов оброк на 5 месеци, овошна каша на сабајле. И почнав наизменично овошје и зеленчук, се што е предвидено за 5 месечно бебе (морков, ориз, компир, тиква, јаболка, круша, слива, банана). После 5 месец бевме на втор педијатар за второ мислење, и тогаш тој ми рече да воведам жолчка на што јас се спротиставив дека е мал, но тој ми рече според новите истражувања на педијатри се препорачува жолчка после 4.5 месеци. Сега пред последната вакцина, точно на 6 тиот месец, повторно бевме на педијатар, правевме и крвна слика која беше супер, и педијатарот ме праша за месо. Реков дека само еднаш дадов само сварената вода од пилешко, па ми рече тогаш почни со пилешко и телешко. Ја прашав и за жолчката и таа ми потврди дека можам да дадам. Ни рече да воведам сезонско овошје, кајсија, праска, вишна, цреша (јас за вишна и цреша ќе почекам, зошто мислам не е време сега) Единствено што ни се јави проблем, е со брокула. Знам дека се воведува после 6тиот, но на син ми му прави проблем, има гасови и го боли меше, ги витка нозете и плаче. Затоа со брокула ќе пробам после 8ми повторно. Сега сме на 2 оброка, појадок овошна каша, ручек зеленчукова каша. 5 дена месо, еден ден жолчка, еден ден само зеленчук. Преминавме на хип 2, не планирам кравјо млеко до годинка освен ако самиот почне да го одбива адаптираното. Оброците се балансирани, и ако напишам дека сум дала месо не значи дека сум дала шницла од 200 гр. туку на цел оброк една мала коцка месо од 1 см. Во последните неколку дена почна да се буди навечер во 2-3 и да бара млеко, што значи дека е време за трет оброк. Затоа што многу помирно ми спие навечер кога нема хранење на сред ноќ, затоа сакам да му воведам оброк пред да го заспијам навечер. Бебо има редовна столица, секој ден, па и тоа ми е индикатор дека исхраната сега за сега му годи. Сакам да напоменам нешто. Ако јас сум дала пилешко, телешко и жолчка на моето дете после 6тиот месец, не значи дека советувам или препорачувам и вие да го направите истото. Моето дете според мене беше спремно за нови вкусови и оброци. Досега се што сум дала или вовела во исхраната е во консултација со педијатар и часови и часови истражување на интернет. Секое дете е различно, некои деца не се спремни за оброци толку рано. Им симнувам капа на мајките што имаат млеко и дојат, да доев и јас немаше да ми текне за дохрана до 6 месеци. Но ете се случи, ад млеко не го заситуваше, па морав да најдам решение. Не сакам да се правдам или да се докажувам, секоја мајка си знае најдобро како детето и се однесува и што му е потребно. Јас имам среќа што досега се прифати и поминавме без алергии и без тегоби на стомачето.
Bravos, nemas pricina da se osekas vinovno. Site sme razlicni. Bebe si napreduva i e zadovòlno, nie od ovaa pisuvackata strana sme najnebitni.
Почнавме со пробување вкусови по препорака на педијатар е сега денес дадов морков го прифати дали остатокот од кашичката го чувате во фрижидер за следниот ден или го фрлате и следниот ден правите нова?
Мајки, пак јас Прво, и јас се сложувам дека се што се дава треба да е во консултација со педијатар. Секое дете е различно. Моиве со млекото и јадењето се многу различни. За мене да си кажам, почитувам "правила" за воведување или пробување намирници. И јас знам за доматот дека се дава од 10 м и не ни дадов порано ни на ќерка ми ни на синчето ќе дадам. Исто, и за други намирници. Сега, бидејќи е ваква ситуацијата ќе мора да се консултирам со педијатарот преку телефон. Иако ми е второ дете, пак сакам консултација. Иако ете, педијатарот ни е многу стручен, некои работи при воведувањето ме збунија, прашав тука и направив компромис. Ќерка ми, не пиеше млеко, не напредуваше и од 4,5 м почнав со вкусови, за брзо потоа да јаде и оброк. Морав. Значи, секое дете е различно. Е сега јас да ве прашам, дека по тел. го прашав педијатарот дали да се водам по Бебе готвач, рече може. Малиот утре полни 7 месеци. Прво да ве прашам, ми кажа тогаш педијатарот доручек прво 80-100гр па пишал после 150гр. Ручек 130гр. Кога бевме на контрола рече да давам и доручек и ручек дека покрупен беше. Ете не знаев дека треба да помине 1 месец размак меѓу воведување доручек и ручек. Јас дадов после 3 недели од доручекот. Давате вие толку грама оброк?! Друго, сте давале ли цејлонски цимет?! На ќерка ми не сум давала, сега сакам да пробам. На 7м пишува дека може. И како го воведувавте? Трето маслиново масло како пробувате за првпат. Јас тогаш за ќерката (знам дека е смешно), ама и давав чиста капка м. масло да лизне. Дали така или директно ставате во каши?! Четврто ќе имам домашна лубеница и диња, ваљда за 1 месец(мали ќе биде 8месеци). Може тогаш да дадам или да чекам на 10 или 11 месеци? Извинете за многуте прашања, ама не знам зошто овојпат позбунета сум отколку со првото дете