Фала ти. Ќе дадам сега за некој ден маслиново така. За доручек би јадел и 200гр,ама за ручек мислам потешко, дека и тие 130гр на крај не ги сака баш.
За железо и хемоглобин најдобро ти е телешко месо, и месо воопшто. Плус спанаќ, блитва. И членката ти ставила рецепти. Јас не можам да ти кажам што точно да правиш, не сум доктор. Кажувам што знам и што имам прочитано. Синко додека беше на доење само напрадуваше баш супер, на 6 месеци имаше околу 9 кг и докторката рече дека како ке расте и ке станува поактивен нема да качува толку. Ако качува килажа со тоа темпо колку кг ке има до година? Многу често кај бебиња се јавува анемија заради брзиот раст. Кај твоето бебе веројатно тоа и се има случено. Многу брзо напредува, колку за споредба синко е роден над 4 кг и на 6 месеци имаше 9 кг. Како што ке воведуваш нови намирници така и крвната слика ке му се подобрува.
Сакам да воведам зелка,по бебе готвач е10+ ние за 10 дена ќе бидеме 11 па ме интересира за прв пат како дадовте и како да ја подготвам
@MilaSs12 @Sofi.ja Благодарам за советите и рецептите. За анемијата баш така ми кажаа и во таа тема, дека е најверојатно заради брзиот раст. Ајде, се надевам ќе се среди, полека ќе почне да јаде поразноврсно. А и за дебелината, кога ќе почне да лази, оди.. би требало и тоа да се среди.
Педијатарот ми рече да почнам прво со зеленчук да пробуваме вкусови по 3 дена една намирница по 3 лажички, е сега ме интересира дали треба сите зеленчуци да ги пробаме по 3 дена па после да мешаме? И дали откако ќе завршиме со зеленчук да почнам со овошје пробување? И кога да почнам со воведување оброк по колку грама? 4 ипол месеци сме, на доење сме и се водам според оваа табела
Јас почнав со јаболко, 3 дена јаболко ,3 дена круша, 7миот ден ги измешав двете. Ги давав овошјата дозволени за почеток, па продолжив со зеленчук,па житарки. Почнавме со дохрана на 5м. Глутен- пченичен гриз и овес дадов на 7м Месо исто на 7м Прв оброк на 6м, количина мала каша 125 грамска Табелава горе доле е ок, со тоа што цитрусни и шумски овошја според нашиот педијатар се даваат после година. Грашок,леќа дадов на 8м, пиперка 6ипол-7м, лук 7м, лубеница сега е сезонска,дадов на 8м.
Беба овие неколку дена ми го плука овошјето дали фаза и е некоја и кремите со житарки и се здосадија некако. ручекот со сласт го јаде, кисело млеко исто. Што друго да и давам? @Larahappy малини какви даде? Јас замрзнати имсм дома, можам да ги одмрзнам и да и дадам? Белката како ја дадовте? Жолчка овие денови јаде, сега викам да и испасирам цело јајце колку може поситно да и ставам лимон и масло и да јаде така Сакам да почнам не толку блендирано да и давам ама само две забчиња има, другиве каснат да излезат
@koritsaki дадoв дoмашни ми дадoа. Ама мoжеш да ставиш и замрзната некojа малинка за да и смени вкус акo немoжеш да наjдеш. Ептен ги jаде мojата. И за киселo млекo истo oбoжава.
Мајки не знам повеќе што да спремам од страна на зеленчук досега имаме пробано морков, компир, ориз, тиквица батат брокула и цело време истите комбинации му ги спремам дајте ми идеја што друго може да му дадам 5ипол месеци сме??? Уште нешто сакав да прашам од 6ти месец сакав да воведам или оброк или вечера, па што е подобро прво.. Обично ние си имаме рутина, стануваме во 9 часот па во 10 пиеме млеко, кај 13 часот јадиме кашичка значи нешто како ручек му доаѓа, сега јас се мислев вечера да воведам... Вие што мислите како е подобро???
Jас првo вoведoв ручек. Педиjатарoт oбразлoжение ми даде првo ручек, мешетo се навикнува пoтoа вечера (за да не гo бoли пред спиење). Мoжеш пашканат, блитва вoведoв пoранo, карфиoл..
Мајки, сакам да му дадам крем сир, абц јунор, на синко. За некој ден сме година. Како да го искомбинирам? Исто и макароните? Како ги давате и кои?
Јас абц давам со палента и жолтка, додавам и јогурт за да биде поретко. Макарони не давам, синко јаде со маки, па не ми е логично да варам макарони и да ги блендирам.
јас дадов исто без јајца пишуваше, само друга фирма, ги ставив во блендер на кратко да станат поситни парчиња и ги киснев во јогурт, пошто бебе ми се гади, прави фаци за повраќање од се што не е блендирано
Да на дивела без јајца дадов. Ако не јаде парчиња, блендирај. @Yowannty како помина со аронијата? Проба?