Би требало, состојкиве се сите благи Мојов изгледа не му се допаѓа батат. Кога и да има,најчесто со телешко не го јаде. Ќе пробам уште еднаш само со зеленчук..
Мајки до која возраст треба на бебето да му се дава термички обработена храна. Моето бебе сега ќе направи 9 месеци а јас сеуште му ги готвам на пареа сите овошја и зеленчуци. Можеби грешка правам.
За овошјето некои од старт ги даваат свежи. Јас од 6ипол месеци му давам свежа јаболка,круша,слива... Зеленчукот секако мора да се обработи,а како салата,после година мислам
Кога веќе спомнувате термичка обработка, што е со краставицата? Дали може да се даде свежа како овошје?
Се мислев да земам готвач ама се предомислив. Водата во која се вари месото дава поубав вкус и се му варам класично. Се блендирам со нутри. Имам и од помалите чашки, па не ни преместувам во чинивче, директно давам. Плус често готвам дома а му давам да јаде кај мајка ми, па само затворам со капак.
Тие што давате чоколино, фруктолино и слични каши, со што ги правите? Со вода, со АД? Многу ме зеза деновиве со доручеците, не сака овошје, не сака палента, не сака просо... вадиме заби и борби е за јадење, па сакам да пробам нешто вакво да и дадам, да ја залажам.
Uste edna konsultacija do kaj ste vie so mwsoto nas ni rece poleka da se spremame i.poleka da voveduvame.
Женски наут од кога може? Сакам хумус да и направам. Во бебе готвач има хумус од 12+ но во неговата има таан и семки, а јас за нас го правам само наут варен и во нутрибулент со маслиново, малку оригано и лимон.
и јас тоа прашував пред некој ден,не добив конкретен одговор. Комбинации за со модар патлиџан да предложите?
Мислам исто како жолчката. Прво 1/8 па наголемваш до цела во неколку недели. Комбинации со модар патлиџан : со пиперка и домат и жолчка како Пинџур со леб, со тиквица, морков, компир со месо, или со други зеленчуци, со урда, лукче и маслиново масло. .
Кога прашував педијатар општо за јајце, ми кажа исто како жолчката. Единствената комбинација во која јаде модар патлиџан е со тиквица, карфиол, брокула и просо. Како рижото му доаѓа. Ставам и малку путер на крајот.
Мајки како го чувате неизлупен сладок компир? Мм земал повеќе а ние пробуваме вкусови па сега ќе почнеме со овошје