11 месеци сме и читам тука за кус-кус досега сметав ајде не е некоја битна намирница па и не ја воведов. Сакам да ја прашам генерацијата дали дава @Мариаа. @Yowannty @Presrekna @PoisonGirl ..... Најдов тука една постара објава Па сакав да прашам на овој начин се подготвува?
Нит сум дала на бебе , ниту знам што е всушност тоа. Јас веќе решив специјално ручек за бебо не правам , секој ден башка прави и фрли. Ќе касне две три лажички и тие сосила. Ако сака да јаде од нашиот ручек ок , ако не тогаш ќе ручаме овошје или само свеж зеленчук нека грицка бар знам така понајаден ќе биде. Залудно се обидувам да му давам зеленчукови каши кога не ги сака , поготово ако насети месо тогаш ни втора лажичка не сака.
Колкаво е детето? Јас сум голем противник за тоа бебе да јаде иста храна како возрасни. Телешко и јунешко исти ли се? Младо селско пиле и стара кокошка? И синко е нејадач, јаде со тешки маки ама тоа е. Сум готвела и фрлала. Плус може заби го мачат.
Јас го варам кратко на тивко. Бебле мое ептен го обожава, на почеток на 10ти воведов. @PoisonGirl нема потреба веќе да готвиш посебно. Сега веќе треба да го прилагодуваш на вашата храна. Само за бебле без сол. Полека ќе прифати. Сега веќе наголемо разликуваат вкусно од блуткавите каши што ги јадат од сам почеток. Испечи плескавици од тиквичка и малку телешко со кромид и лук, можеш магданос или целер да додадеш. За вас додади сол за бебле без. Со пире. Исто ќе одделиш за бебле пред да додадеш сол. Или рибја чорба со зеленчук и целер. За вас плус ќе додадеш зачини. Веќе нема потреба од различно. Од 10ти месец негде храната веќе треба да се прилагодува на нашата. И мојава е нејадач. Ама полека се учи.
Мајки пробуваме вкусови. Од зеленчук пробавме повеќе работи, па и комбинации од пробаното и сега планираме овошје. Кога ќе почнеме со цел оброк нели постепено прво доручек, после некое време ручек и потоа вечера? Кога намаливте еден оброк од млекото? Дали веднаш кога воведовте доручек или?
Со воведување на оброк се крати еден подој или еден оброк со ад. Од зачини што користите? Знам за сол не. 9+ е
Ние често јадеме кус кус кога нема леб дома, се спрема побрзо од макарони. За нас го киснам 5мин во врела вода, однос 1:1, за бебе може и 10мин како во постот, со малку повеќе вода.
читав по групите на фб од 8+ користат сушен зеленчук (како вегета ама без сол, бои и сл. баш чисти тревки суви). Деновиве планирав да побарам низ маркети
Досега имам неколку пати дадено кус кус. Кратко го варам и го оставам 10 мин во водата што се варел за да омекне повеќе. Го комбинирам со урда. Слично на макарони.
Од кој месец може да се дава кус кус? Иначе ако немате идеја заследете го профилов на инстагра..Прекрасни идеи има...
Јас ставам босилек и мајчина душичка, по многу малку и не секогаш. Може еднаш неделно едното, и еднаш другото. Свежи, од саксија директно. И приметив дека така повеќе и се допаѓа ручекот. Планирам и друго да воведам, ама здравје за две недели. Сега риба ми е на ред.
Majki od koga se dava pilesko i telesko meso? I od koe davate od kade kupuvate? Koj del od pilesko? Kako go spremate? Po kolku se dava? Ajde pomos fala
Варам на тивкo, сечам на кoцки вадам пред oбрoк. Блендирам сo oстанатиoт зеленчук. Пoвеќе гледам телешкo да давам.
Од 7м се дава, имам домашно од роднини, на ист начин како Лара го спремам. 50 грама треба да јаде бебето месо ,4-5 пати неделно,но да преовладува телешко заради железото. Од пилешко прво се дава белото месо.
Да се надоврзам на постов со прашањеЈас за ќерка ми, првпат кога пробуваше месо, давав прво водичката во која се варело месото. Ама заборавив дали 3 дена само водичка или 1ден и останатите месо?! Јас не можев, па му реков на мм да се слушне со педијатарот и тој му рекол телешко 3 пати во неделата, ама не му соомнал за воведувањето како. Дали и вие почнавте со водичката од месото или?! И извинете ако сум прашала, цејлонски цимет, дававте оид 7ми месец и ако да, како го воведовте? Директно во овошна каша?! И да се надоврзам, совет од претходниот педијатар на ќерка ми за пилешко месо. Ни имаше кажано да биде строго домашно. Во спротивно, да не се дава купечко, дури ни рече и до 3 години. Јас ќе барам за почеток телешко и мисиркино од месара. А за пилешко ќе барам луѓе што чуваат. Инаку јас од пилешкото го давав белото месо и копанот, варев и блендирав