Цимет дирекно во каша може од 7м, пилешко давам поретко, домашно немам го купувам на холе во тегличка.
Фала ти, ќе пробам со циметот. Претпоставувам го има во Зегин хелти фуд, дека цејлонски цимет е ( врска немам што е разликата )
Фала, ќе побарам и таму. И уште ова и не замарамПо колку пати неделно смее да се става цимет во каши?! Исто и маслиново масло?
Маслинова во сите зленчукови, цимет не сум ставала оти не го сакаше. И јас не го сакам. Ама и да ставаш почесто на овошните нема штета.
@duffi фала. @koritsaki јас прочитав во Бебе готвач дека цејлонски се користи, а што е разликата меѓу обичен и цејлонски цимет, не знам. Јас за почеток ќе купам цејлонски(може по фенси е)
Не е баш до фенси. Еве нешто како информација околу тоа https://sezahrana.mk/како-да-препознаете-добар-цимет/
Денес бебка почна да пробува вкусови Се надевам ќе јаде,дека нема да биде како дада и која и ја изеде кашичкатаа кога требаше не ги сакаше
јас од дм го земав, во неколку зегин баш тогаш го немаше, јас неможам ни мирисот на цимет да го поднесам имам и незнам што е разликата, ама за бебе секаде пишуваше цејлонски требало па таков земав. Ставам баш мала количина, бебе го сака.
од 11 - 12 месеци веќе се доволно големи да можат да јадат ручек како и нас. Првото од 10 месеци јадеше манџи секако не секој ден имаше денови каде правев башка ручек за него. Ама џабе еве сега нејасач е и ништо од тоа што го јадеше тогаш не го сака. Од кај 11ипол планирам да му давам по малку да пробува од нашиот ручек а од 12 веќе и ќе му давам да ручка. Па викам Планирам. Ќе видам понатака во категоријата деца што има "на мени" има во кипер мешавина за супа се вика. Сушен зеленчук. Ништо од додатоци нема. Може ем за супа ем како зачин да го дадеш
Мајки жолчка кога воведовте ние за 10 дена полни 8 месеци, сум заборавила со првото кога сум дала ? Имам сега домашни јајца па да искористам можност да проба домашни.
Ми дојде на ред и темава треба да почнуваме со дохрана, секако со препорака од педијатар. Ме интересира со дали првично почнавте со купечки каши или правевте дома? Препорака на педијатар е со купечки зошто немаат пестициди. Вие какво искуство имате?
Јас кога како. Прво бев за сѐ правено дома, после сфатив дека овошјето особено ако не е сезонско е препрскано. Ма сѐ е прскано. Сега веќе воведовме 2 оброци, за појадок мнооогу ретко давам овошје блендирано, повеќе мешам житарки со готови кашички. Зеленчукови каши нема толку избор, тоа си варам, ептен убаво дебело излупено.
па демек да Прво ми е и немам некоја слика, ако почнам со купени, дали ќе сака домашни и обратно. Најубаво би било се дома ама немаме некој сигурен да знам дека не му е прскано