Какви смокви давате? Мислам и сезоната кога им е? Сакам да дадам ама .... Се мислам дали може од слатко една да извадам и да измешам во каша. Ама дека од слатко да не е премногу благо....
Oд 8+ пo препoрака oд педиjатар oдма сo 1/4. Ме сoветуваше да не jа мешам сo храна туку чиста самo мoетo бебе не jа сакаше така. Пoчнав сo дoмашнo jабoлче. Нo давам и купечки кашички. И сo купечка да пoчнеш не е лoшo.
Од 8+ почнав два пати неделно до 1/8. Во комбинација со зеленчук Блитва ориз кисело млеко и жолчка му стана омилено јадење Јас кога се спремав за почнување набавив и овошје,зеленчук и готови каши од Хип. На пример јаболкото му го спремив јас а круша му дадов од Хип.
малиов е 5 месеци, ама е на формула и затоа ни предлага да почнеме педијатарот..а малце ме плаши што уште не е стабилен и со вратчето
Мајки, може е пишувано, ама не сум прочитала. Леб од кога воведовте?! Читам на Бебе готвач е 9+, а се мислам на ќерка ми порано и го воведов. И како го давате кај бебенца кои уште немаат запчиња. Инаку 7+ сме
На 7ипол му дадов тровче од мекото и си го изеде. Има два заба ама мислам дека не му играат улога зошто го гледам го врти низ јазик. Всушност нели со непцата јадат бебињава така да не чекај забче за лебче Сега ќе се тепа да види леб а да не му дадеме
Од 8ми месец почнав лебче даи давам, од мекиот дел и кинам мали парченца , ги омекнува во устата и ги голта. Моето е 10 месеци и има само две забчиња
Малку глупаво прашање можда, ама каков леб давате? Ние дома многу ретко јадеме леб, искрено сам оној коцкастиот на жито лукс, за тостови.
Кога се воведува белка? Ова Бебе готвач некако многу ми е наназад се од други табели по интернет - диња, лубеница, малини, портокал... се тоа стои 11+, а јас дадов на 8+, 9+ без проблем, гледајќи од другите табели онлајн. Белка вика 11+ или 12+ беше... Риба исто, а на друго место риба стои 9-10. Не знам по што да се водам...
Јас па според доктор, со првото дете малини, капини... требаше да дадам на 12+(јас покасно дадов). Имам и читано дека се појаки алергени и затоа покасно се даваат. Риба знам 10+ дека е. И белка е 12+. Ова според педијатарот порано. Сега, споредба со Бебе готвач и моето искуство се различни. Иако, знам многу мајки кои исто коментираат дека не се сложувале мислењата од педијатар и апликацијата