Пред да воведете јајце, сте дале ли од ноќната каша на Хип Baby biscuit бидејќи пишува дека може да содржи траги од јајце?
Овие не сум ги дала, ама сум дала производ кој може да содржи траги од нешто. Не му придава многу значење. На 7+ глутен дадов пченичен гриз
Имам друго дадено со можни траги, без реакција. А на жолчка ми изреагира, па сега ги избегнувам и тие со траги некое време
Само млеко за вечера и цицање, на 7 + ќе воведам ноќна каша , денеска полниме 6 месеци а воведов и оброк плус, појадок овошна каша од праска и круша заедно со инстант кашата на Holle, ручек околу 15 часот ќе дадам морков и карфиол.... Глутен од 7+ ќе воведам.
Дали може да му дадам замрзнати готови каши? Ги зедов од порано и ги замрзнав со месо се, имаат рок..
Јас лично не би му дала, ама еве ќе ти пишат и другите мајки. Јас готови каши чувам во обичен фрижидер, иако сите ми викаат да ги чувам на собна температура.
Утре со план сум да му дадам за прв пат боранија па дали може со морковче да ја комбинирам бидејќи посебно не знам дали ќе јади и со што друго може? Месо немаме пробано уште, 6+ сме.
јас уште му давам само вкусови, ама ми рече педијатарката слободно манџички да му правам откако ќе поминат пробувањава. Манџичка со пиперче благо, кромид, лукче, морков..се освен зелка, леќа и грав ми рече
@SanelaS генерацијо одамна не те имам прочитано, како сте со јадење? По колку ти јаде и што даваш? Ние сме со давање намирници знам малу понапред, само што имам јас проблем сега не ми јаде количински многу.. дали ради жешко не знам ама совет од педијатар ми беше маж ми да ја храни.
Имам чувство дека бебе не ми се најадува убаво навечер со кашите што се прават со вода :/ Дај кажете ми тие што сте на АД со 9-10 месеци бебе, какво АД треба да земам за повремено да користам млеко? @koritsaki мислам ти користеше АД за некои каши?
Јас кашите што ги купувам содржат внатре АД млеко. Затоа и ги правам со вода. Еднаш купив на Холе гриз ама беше без млеко , па купив од ова АД млеко , и беба без проблеми си јадеше
Уште нешто сакав да прашам. Поради ситуацијава, не ми се ака по болници, па не сме биле на редовна контрола два месеци. За 5 дена полниме 10 месеци. Ќе одиме деновиве секако на контрола ама се замислив сега, да не треба овие месеци нешто друго да и давам од витамини освен стандардните д3, омега, пробиотик, витамин ц? Прочитав нешто на интернет витамин а. Давате нешто друго?
Не знам кај одите на педијатар,ние кај нашава си имавме термин и само со уште едно бебе се сретнавме на доаѓање, безбедно е. Сакав да ми го прегледа детето да видиме до кај сме и дали е ок дозата на витамин д. Инаку јас сано витамин д давам, пробиотик од 5ти месец престанав. Друго ништо
Во Систина одиме и секогаш има народ, дали во влезовите, дали во лифтовите... без разлика што горе не трупаат пациенти набиено. А малата ми беше болна пред три месеци ептен и немам душа од страв. Инаку пробиотик ми рече докторката да продолжам да давам чат пат, како превентива од болести. За ова витамин А не знам, ми дојде како познато, како и некој друг да го зборел...
Јас варен давав ама синко не го сакаше многу и не купувам веќе. Го варам како тиквица, да омекне, 10тина минути најмногу.