Мајки завршивме со пробување вкусови зеленчук и супер си го јадеше, сега пробуваме овошје ама не го сака. До сега пробавме јаболко, круша, слива, банана.. Исто така не ми се кака откако почнавме со овошје дали ви се случило и на вас? Дали можеби дека го давам свежо овошјето по препорака на педијатарот па нема редовна столица? И дали давате некој пробиотик?
правел некој вакви шејкови? Според овој рецепт? Ме интересира шејкот Витамин ц шејк што е 10+ вика ванила се става. Жива ме замина каква ванила може да се користи. Ванила стапчиња ванилин шеќер ванилин екстракт....
Јас и давам шејкови редовно. Некогаш за доручек со житарка или за ужина неколку пати. Јогурт или кисело млеко со малини, боровница, капини. .. Исто во бебе готвач земам идеи. Посебно за 11+ има убави прилози. Ванила не сум дала. Не гледам потреба. Можеби дека бебе ми е љубител на овошје и нема потреба да маскирам. Инаку читам на стапче повеќе ја даваат ванилата.
Мајки, имам една кашичка на Хип, од мешан зеленчук, содржи обезмастено млеко. Смее ли ова да се даде пред година? И дали можеби може да воведам млечни со кашава?
Едно брзинско прашање - телешко за бебе ид каде земате?! Дали во Веро Тафталиџе би имало сега да земам
Женски дали овие к.млекца ги има во Мк ? Или дали општо има слични вакви што се препорачуваат од 6+? (За бебиња под година) Ние ќе дојдеме неделава во Мк па да и купам ако има негде низ Ск. За јадење јаде и обично к.млеко, ама и овие ги сака
Не сум ги сретнала. Едно време имаше делта производи, посебно сладоледи. Сега немам видено. Има овошни јогурти со житарки ама друга фирма и не се за бебиња. Во Кам ги земав На Danone активија се со житарки ама пак не за бебе. Најдобро земи си ако ги сака бебе. Е сега на хип и холе кашички овошни со житарки има колку сакаш.
За брзо почнуваме со пробување на вкусови и имам неколку прашања Планирам да почнам со компир. Дали пасираниот компир се дава така или се додава мајчино млеко или друго? Дали после третиот ден се меша со пример морков или се дава морков па потоа се мешаат и двете?
Со компир би ти препорачале да не почнуваш зошто е потежок за мешето и стега, но и јас почнав со тоа, немавме проблем (тогаш). Се јави запек откако воведовме оброк. Компирот е густ пасиран, мораш течност да додадеш. Можеш водата кај што се варел или млеко. Мене педијатарката ми препорача со млеко за да му е познат вкусот и да јаде, ама не може вечно со млеко, па јас ич не му ставав млеко. За мешање, секој си прави различно. Јас не мешав вкусови додека не проба сѐ. Претежно по 2 дена пробувавме, првиот ден неколку лажички, после колку изеде (не може којзнае колку да изеде),па друг вкус. Немавме мака. Ќе видиш, вака изгледа збунувачки, ама во дохранава ти си одлучуваш како ќе правиш затоа што има 100 табели и начини за воведување.
Фала ти за советот. А со кое овошје почна? И кога се започнува временски? Утринското цицање си останува, а пробувањето е на пладне како за ручек или?
Јаболкото најчесто се препорачува за прво овошје. Исто и крушата. И со зеленчук може да почнеш, морков, па да мешаш по некој ден јаболко и морков. И така постепено. Јас мешав. И некои намирници ги воведов заедно со други претходно пробани. Тиквица, авокадо, лива праска, ориз можеш слободно да воведуваш, па комбинирај, потоа и компир, банана, просо. Многу зависи и што сака бебето.
@RAK91 најкасно до 12ч напладне да ти биде пробана намирницата. Така ми е даден совет од педијатар. Пр. ќе цица во 10ч па околу 11 - 11.30 веќе да му дадеш 2-3 лажички за проба. Ни јас не мешав, секоја намирница по 3 дена, па тогаш мешав и комбинирав овошје за доручек или зеленчук за ручек
Јаболко и јас прво дадов. Па круша, банана итн. Од праска нешто ми бљуцка, не знам може тешка му е. Иначе обично почнуваат со јаболко овошје и морков зеленчук. Од сабајле нека цица, па следно цврста храна ти кажале веќе, јас околу 11 му давав.
Нормално е да не кака редовно, откако ќе преминете на цврста храна, дај му суви сливи ќе се покака, јас не давам пробиотик. Јас уште го варам овошјето ќе почекам уште некој месец па ќе почнам со свежо, рано е уште...6+ сме
Ги нема, а и немам сретнато вакви јогурти за бебе од ниту една друга фирма. Пудинзи за бебе има на хумана, нестле, лино, каши со житарки во тегла има и со овошје и со млеко ноќни. Купи си штом ги сака. И јас барав кај нас ама нема. Јас со тиква почнав. Компир можеш и со млеко или со вода во која се варел. Не е којзнае колку битно, ти како сакаш. Јас давав три дена компир, па три дена морков и тогаш мешав. Потоа даваш јаболко три дена, па можеш да мешаш. Јас околу 11 12 1 давав, зависи кога цица. Синкп нема ред за цицање, па не можев да давам во исто време. Треба да е гладен бебуш пред пробување. Даваш да проба и потоа цица.
@Sofi.ja @MilaSs12 @KuklickaSk сакам совет од вас Денес на вакцина докторката поради намален хемоглобин (105) не советуваше да почнеме со телешко и со жолчка.... Мене ми е малку рано 6 месеци има малата тек сега оброк и воведувам.... Што друго од дозволено во пвие месеци е бустер на хемоглобин??? Ве прашувам вас пошто бебите ви се поголемки па веројатноста да сте поинформирани е голема но не е на одмет и совет од некој друг доколку знае
Просото е одличен извор на железо, ја подобрува крвта. Тоа секако е на возраст да го јаде. Давај му почесто и ќе видиш Ај кога сум тука да пишам. 5+ е бебе, почнавме со вкусови, ама мојава е лапачка, ќе јаде се’ додека и’ давам. Прашањето ми е, смеам ли од веќе пробан вкус да и’ дадам да изеде на пример 100-120 гр (колку еден оброк), или рано е сеуште? Има некаде 10-тина дека откако почнавме со проба, ама бара бебе да јаде, жал ми е да не и’ дадам
А прочитав некаде дека просо смеело само еднаш неделно. Имате информација потврдена од педијатар за ова или не е вистина?! @Sexybaby86 јас после 2-3 недели од пробувањето на вкусови му дадив оброк, по совет од педијатар, дека бил буцко Ама мислам дека ако имаш доволно намирници воведено, за да правиш комбинации, мислам дека можеш