јас никакви додатоци не сум дала. Сакав маџун да воведам ама ми е некако благ па си пиеме со големиот по едно лажиче. @Presrekna @koritsaki јас овошен јогурт дома сама правам и верувајте многу е поубав и повкусен. Од скоро и на големиот (кој е терсене за јадење) почнав да му нудам и двајцата го сакаат
Мајки јогурт, кисело млеко, овес од кога давате? Во неколку табели имам гледано секаде различно пишува. 7м полни сме па се мислам дали да почнам да давам нешто од ова. И од кога ќе воведете доручек после колку време се воведува ручек?
Јас од 4 месеци почнав со дохрана сега сме 6 + веќе имам воведено доручек и ручек... После 30 дена се воведува втор оброк, така барем овде прочитав.
2 недели најмалку треба да има размак од воведување прв и втор оброк. За млечни производи мојот педијатар ми рече од 6+, па така и планирам.
Мами имаме уште кајсија за пробување и после треба оброк да воведам или микс од тоа што сум дала исто по три лажички? И ако треба оброк кога го воведовте на сабајле или на пладне и дали може еден ден овошен оброк а друг ден зеленчук?
Можеш слободно оброк од веќе воведените намирници. Комбинациите не треба по три дена. Тераш по три дена само ново што ќе воведуваш понатака. Најубаво до пладне да биде оброкот, за да можеш да следиш реакција од нови намирници. Јас конкретно давав околу 9-10 кога имаше еден оброк. И можеш еден ден овошје, еден зеленчук, можеш и комбинации од двете да правиш, зависи што имаш воведено
Ние почнавме со кашички, досега проба морковче, јаболко посебно, па во комбинација. Денес брокула ама му се гади не ја сака баш Прашањето ми е дали им давате водичка/чајче на вашите бебуши откако воведовте дохрана?
Фала ти. А дали ставаше по малку маслиново масло во кашичките? Гледам може од 6 месеци но ние сме 5+ а мака мачиме со тврда столица
Нас не ни помагаше маслиново масло. Слива сува свари и дај му, најефикасно. Откако почнав месо да му давам малце почесто кака, тврда столица и мачење при какање веќе навика ни станаа..
Праска на крукчиња исечена,круша , лубеница, диња ..само што се шлака цел па јас му држам а он гриза Обавезно вода нуди му по неколку пати во денот,ако не сакаш после проблем со непиење да имаш Маслиново редовно користам од 6м и мислам дека помага за каката. Сепак не очекувај од еден оброк дека ќе делува Прави ги потечни кашите и давај вода
Веќе ти одговориле, ама да, ставам во зеленчуковите обавезно, иако немам разлика забележано од него. Слива, крушка, диња и сега најново пченка, ја спасува малата
@crazylady @Sexybaby86 ви благодарам. Некако нон стоп мислам дека е рано, дека беба е мала уште, а уствари 7м полни сме, а мене ми е страв освен основните овошја и зеленчуци друго да дадам, будала
@marchi-cool и јас нон стоп правам домашен овошен јогурт. Ама минуваме низ некој период на тотално нејадење, па Верувај и шеќер би и дала да јаде. Само нудам и фрлам. Воопшто не каснува. Некни бевме излезени и јаде хумана јогурт, па со надеж пак дадов ама не јаде. Инаку јас и кисело млеко и правам домашно. Имам мултикукер во него фаќам и многу ми го јаде (јадеше) Тие во доручек што ставате житарки колку количина ставате? На пример ако е инстант каша колку вода/млеко , а ако е варена житарка колку лажици?