Таман ти кажал. Блендирано е за тие што (поради причина) стартуваат со дохрана од 4 месеци. Со полни 6 месеци храната се пасира. @mal.ecka просо, киноа, овес. Гриз можеш да даваш исто.
Јас со вода, прво ја превривам после ја оставам малку да олади и ставам во тањирче две мали лажички гриз и после вода по потреба и мешам додека се згусне бидејќи сега не јаде уште многу а понатака ќе му зголемам доза
Давав инстант за бебиња (по препорака од педијатар, во странство живеам), ама имам читано мајки на темава дека даваат и од онаа најобичната ние што ја јадеме.
Фала ти. Јас за ќерка ми купував од Виталиа, ама последните години некако читав неубави коментари за нивните производи, па мислев да сменам.
Холе Зегин ги увезуваат и имаат најголем ќар на нив, затоа ќе ти кажат дека се боље. И слипи пелените исто.. Јас хип претежно давам, чат пат холе, лино пробав катастрофа е..
@Ivana-Mihail нема правилo, пoчнав сo oвoшjе па се jаде. @mal.ecka мoжеш и гриз без глутен на Hipp. И пченка имаше на Hipp.
Мајки од кога воведовте млечни производи и што? Ние сме 5+ педијатарот ни рече да му воведам млечни производи ама мислам рано е
И јас мислам дека млечни производи на 5 месеци е многу рано. Јас сега на 8+ ќе воведам. Може и јас да каснам, ама мислам и на 8м се воведуваат (сирење, кисело млеко, јогурт)
Рано е. Мојот педијатар рече на 6+ најрано може. Прво да почне и ручек да јаде, односно да воведеме и втор оброк, па тек тогаш. Кажете ми зеленчук што да воведам друго? Има пробано морков, компир и тиквичка. 5+ е. Спанаќ смее? Пашканат? Ич не памтам со големата што воведував. Брокула знам смее, но ќе ја одложам за покасно зошто големата мн гасови имаше од неа, некако тешка е за стомакот, па ми е страв.