Бисквити (без шеќер) давате како ужинка, како грицка, или ставате и во кашичка? На пример нешто со банана, какао... Мада знам дека нема да ми јаде тоа.
Повеќе како ужинка, ама и за вечера во каша знам да ставам. Ако не ти јаде банана, какао, пробај со тиква, малку цимет и млеко (можеш и со водата как што ќе ја вариш тиквата). Денес се караше со мене зошто немаше повеќе за јадење
Ќе пробам тиква како блага варијанта, не ми текнало. Обично ја давам за ручек со друг зеленчук. Фала.
Мајки што давате обично за доручек? До сега сме само со еден оброк и давам обично комбинации од овошни каши со 2-3 лажички од мешаните житарки на Хип, некогаш и зеленчукови кашички со ориз на Хип. Сега за некое време сакам да воведам и ручек зеленчук, ама некако доручекот ми се врти се околу исти комбинации. Дајте некоја друга идеја.
Сакам да вoведам риба. Ми треба инфoрмациjа каква купувате (вид), свежа/замрзната и какo jа пoдгoтвувате?
Просо со јаболко и круша, просо со банана. Инстант каша на Холе од пченка и тапиока мешано со овошје, праска и банана... Јаболко со морковче, симни ја бебе Готвач имаш идеи полно таму.
Портокалов темно... Од каде купувате батат? Јас само во Тинекс наоѓам... Исто сакав да прашам. Во Куманово каде можам да најдам baby spinach?
па и јас од маркети го купувам..а беби спанаќ исто во маркет во кесиче сум гледала, кај овошјата и зеленчуците