Рано ми е мене за во темава ама собирам искуства совреме да не ја утнам како со доењето.. Кога се почнува со вкусови се дава само овошје или зеленчук како шо ве читам..а житарки кога и како се воведуваат Од ко ќе се заврши со пробување на овошјево и зеленчуков и ко ќе се воведува оброк или како? И друго на пример во понеделник почнувам со јаболко го давам 3 дена по лажичка две па четвртиот ден можам да воведам нова намирница на пример морков и давам само морков или можи да измешам со јаболко ако не го сака само морковот?
Мајки да ве прашам. Се слушнал мм со педијатарот, не бев во можност јас, да се чујам со него и го прашал за воведување жолчка. И му рекол, пример: Прва недела, Вторник 1/8 жолчка Четврток 1/4 жолчка Втора недела, Вторник 1/4 Четврток 1/2 Трета недела, Вторник 1/2 жолчка Четврток цела жолчка Ова ме збуни, оти за ќерка ми не давав така и не сум прочитала некој вака да дава. Дали има некоја мајка по ваква шема да дала жолчка?! И тој месец кога се воведува жолчка, значи ниедна друга, нова намирница не се воведува?
Таков распоред добив и јас од педијатар, сега треба по втор пат да пробам да воведам. И со се друго новосново паузира тој период
По таа шема давав јас,среда и сабота ги одбрав како денови и сеуште ни се тие за жолчка. Воведував и други намирници додека воведував жолчка ,,само не во ист ден. Едит: го препрочитав постот,јас давав вака Прва недела среда и сабота по 1/8 Втора двата дена 1/4 Трета половина Четврта цела
По колку пати неделно давате месо? Педијатарот ми рече 3 пати неделно, овде читам 5 пати неделно... Жолчка немам воведно дали има тоа врска?? 6 +++ сме..
Па и јас го знам распоредот како што го пиша @Sofi.ja и затоа ме бунеше ова. Го препрашав мм, вика запишувал и тој што му кажувал педијатарот. До толку да згрешиле, не верувам @crazylady јас од скоро поочнав со месо, сега е 8+ и 3 пати неделно давам
Мене мojава директнo сo 1/4 ми кажа да пoчнам и тoа два дена да дадам па три дена пауза па 1/2..и така натака пo истиoт редoслед. Муабетoт ми е дека мнoгу пoбрзo инсистираше да jа вoведам. Дури ми рече незнам штo е тoа еден месец жoлчка да се вoведува
Да, многу време е цел месец да воведуваш, посебно па ако не смееш други намирници паралелно со тоа. Нашиот доктор отишол на одмор, јас овие денови ќе воведам други намирници и ќе се слушнам пак со него да видам пак да ми објасни. Ова ми испадна како научна фантастика а второ дете ми е
Не се оптоварувај стриктно со осмини и четвртини Цветче. Битно е да почнеш со малку и да наголемуваш. Една недела два дена дај по малку изронета во каша, другата недела два дена дај малку повеќе и така. Не дај Боже ако има реакција одма ќе се види, јајцето е силен алерген
Да, така ќе правам, фала ти. А може и со каша значи?! Јас па на ќерка ми и ја давав чиста, со малку вода - не ја мешав во ништо
Јас во ручекот ја ставав жолчката, слободно дај му така Битно е да немаш други нови намирници во него
Мајки имам прашање за оние инстант житарици. Има од хип, холе, хумана итн.. Сите во нив имаат ад. Дали давате од различни фирми или стрикно од една, за да не се мешаат различни ад млека? Или мала количина не е проблем? Ние сме на доење, во каша чат пат сум му ставала хип ад.