Пред околу 2 недели почнав со пробување на вкусови бебе 6+, ама ќе отвори уста само првиот пат после тоа како запечатена се врти нема шанса пак да проба. Кога ќе проба првиот пат го плука одма назат воопшто не го голта. Досега има пробано Јаболка, слива, круша, банана, праска и сега палента. Ништо од ова не сака воопшто само цица. Со првото немав проблем вака одма си почнуваше да јаде бар неколку лажички ова никако. Што да правам да почне да јаде бар неколку лажички?
не сакаше да отвори уста никако без разлика шо и да нудев, од кога почна да седи со нас на маса и некогаш јади сама одлична е. така да пробај да дадеш парченца мада мислам дека ретки се бебињата од старт шо јадат без проблем
Женски овие Лино кремите какви се во однос на Хип? Хип и ги купувам сега кога сме во Мк, не ги сака воопшто. Ванилино, медолино добри се?
Од Лино имам чоколино за бебе од 6м што е тоа,без шеќер. Го сака бебево ,го јаде Од 7м зошто мислев има глутен Од 6м можеш да дадешзја купувам таа со детето,зелено пакување Смоква со што да воведам? Јас не јадам а не ни знам во која комбинација оди? Видов прееска на тезга дека има тазе
Јас сум во план од утре да дадам смоква. Еден ден со банана и овесни, еден ден со крушка и гриз и третиот со праска и ржани снегулки. Ќе видиме како ќе биде прифатена
Исто и на мене така ми рекоа, после месец овошје, за тоа време се воведува веќе еден оброк.На три дена давам нова намирница, а морковот не направи проблем, прво со него почнав.
Ја замолувам @koritsaki да ми каже како се приготвуваат кремиве на сликата (колку мл вода на колку гр каша) бидејќи упатството не го разбирам. Thanks
Ја ги имам и двете. Не памтам точно како е по пишано, утре ќе проверам или корицаки ќе пише во меѓувреме, зошто не ми се праеше убава каша според тоа, па си праев одприлика. Млечни се, значи со вода ќе ги приготвиш, ќе ја смлачиш малку и ќе додадеш од кремата. Ја обично почнувам со 2 супени лажици, па откако ќе измешам убаво додавам по малку од кремата додека добијам убава каша. Само бебе веќе не ги јаде, сега сака парчиња, па ги користам за згуснување. Првата крема е житарки и банана, а втората е бисквитна.
Моментално сум во Мк и немам од кремиве , ама и двете сум ги купувала, се согласувам со @Yowannty , никогаш не сум ги правела по упатството зошто ми испаѓале претечни мене, почнуваш со малку, водата ќе ја зовриеш и ќе почекаш да се олади малку, па ставаш неколку лажици од кремата па вода и убаво мешаш, да нема грутки, па ако треба пак додаваш крема ,па вода.
Кога таткото ќе ги изед сите банани, има промена во планот смоква, праска и хељда јадеше, и изгледа и се погоди комбинацијата, испразни тањир
Ја промивам со вода малку, и ставам да се вари едно 20-30 минути. Од око ставам, никогаш не сум измерила сооднос. Кога ќе омекнат зрнцата е готова. И после во сецко на делимано, со се овошје ја ставам. Кога ќе се олади е како пудинг
@crazylady Моево проба смоква на скоро 8. На интернет имам прочитано дека е 6+, после првите намирници. @llama.mamma Фала ти, ќе пробам.
јас имам дадено кексолино и го јадеше. Сега зедов чоколино не го сака многу. Пишав поназад за маслинки кога и како за прв пат се воведуваат ама не ми стигна никакво информации дека некој одговорил