Жив, односно термички необработен зеленчук се дава после година. Потежок е за варење за разлика од овошјето, внимавај да не и направиш проблем на стомачето
Детево мое чудо неκое κаκо јаде зеленчуκ со лушпа(пипеρκа,гρашаκ,пченκа). Честопати се смееме со мм,κога пρобувам за вκус од неговото јадење,мене ми застанува и смета лушпа,а синκо гајле нема.
Јас имам неколку прашања, ако знае некој да сподели информација, би било одлично Сакам на малиот да му воведам лепче да јаде по малку. Имаме дома од скоро машина за леб, така што исклучиво домашно ќе му давам. Во книгата со рецепти (уште по неа се водиме ), во сите рецепти има сол во лебот, додуше мала количина ама сепак Да не ставам сол за него? Некој има искуство како треба да се направи? Жолчката како ја давате, блендирана заедно со се друго, или посебно? Совет како да почнам да му давам пасирана или покрупно блендирана храна? Не е љубител уште од сега на парченца, ги плука и престанува да јаде ако му дојдат во уста Што да направам да почне да јаде покрупно нешто, а да не го одбива? Има 3 запчиња, две единици доле и една двојка горе, знам дека не може баш да џвака, ама би му давала само нешто меко што ќе му се топи во уста. Дајте совет некој
Мамички, ве молам за совет. Од следниот месец ќе почнувам да воведувам дохрана, затоа што ќе има беба 6 месеци... Е, сега. Ќе почнам со се што си е редот, но имам прашање околу месото. Јас сум вегетаријанец веќе 11 години, а сопругот скоро 3 години. За детево ќе треба месо према табела. Уз муабет на оваа тема педијатарот ми кажа дека од 7 месец веќе 3-4 пати неделно се дава месо. Не сум од оние забегани луѓе кои нема да дадат месо само затоа што тие не јадат. Ако на детето му треба за развој, тоа е, не ризикувам. Но, сакам да чујам и мислења од вас како поискусни. Нели некако 3-4 пати неделно е многу или мене така ми се чини? Башка пилешко ич па не би дала некако... Може грешам. Извинете ако не е овде местото на муабетот, и ве молам ноу џаџмент, имајте на ум дека разменуваме мислења.
Od kolku e piperka? P.S.Nekoja poslobodna majka(ako ima takva) ke ja zamolam dokolku vodi dnevnik t.e. ima odnapred podgotveno nedelno ili mozebi mesecno meni da i go prilozi ovde na javnosta Dobredojdeni mi se 8+ nakaj 9(nie porasnavme,veke sme 9+5),cisto za sporedba,ideja,nov recept,kombinacija... Jas iskreno sekoj den vikam aj ke si napravam eden planer ama nisto.Verojatno od ponedelnik koga ke trgnam na rabota ke go napravam toa tamu oti poslobodna ke bidam nego doma
Зошто осудувања,тоа е твој начин на исхρана. Јас давам 3-4пати неделно месо но сме 10+,од сκоρо саκам и ρиба да воведам. Пилешκо на почетоκ не ми пρифаќаше,но успеав да најдам домашно младо селсκо и сега си јаде и бело мевце и κопанчиња телешκо κупувам од тинеκс(baby beef) и многу го саκа. По табелата κоја се водам јас,се воведува и јагнешκо,имам јас домашно исто младо ама не ми иде неκаκо од сега да му дадам(заρади специфичниот миρис). Ти води се споρед потρебите на детето и се ќе биде оκ.
Јас во првата година давав пет дена месо, два дена жолчка. Кога воведов и риба (10+), давав три дена месо, два дена риба, два дена жолчка. Пилешко исклучиво домашно, исто и мисиркино (наши домашни се). Телешко си купувавме цело, сега давам јунешко. Свинско и јагнешко почнав после две години да давам, ама многу ретко, повеќе сме на телешко и јунешко. Не мислам дека е многу, барем мојов си ручкаше (и уште ручка). После годинка месо давав три пати, риба два пати, другите денови без месо. А не одев по правилото да не се дава месо и жолчка во ист ден, тоа до годинка го практикував.
Фала ти многу на исрпниот одговор,па вие машала супер пиете млеко,мојата од 150 мл повеќе не пие,некогаш и тоа и е многу па пие 130 мл,на 3 саати,почнувајќи од 9,12,15,18,21 и ноќта еднаш секогаш различно,некогаш се буди во 3,4 или 5 зависно.Е сега и мене тоа ми е маката,незнам кое млеко да и го заменам со оброк/доручек,гледам ти во 11 го даваш,јас се мислев во 9 да и дадам оброк,или не? Ако може и некоја друга мамичка нека каже,еве @PUPICA вие знам дека сте на АД или @chocolade
Пиперка колку што сум сретнала од табели е од 7 месеци и зелена и црвена,само не ја давај жива никако,била многу тешка за варење,дури и сварена сум слушала кај некои бебиња им праи проблем со мешето
-жолчка прво ке дадеш 1/8 два пати,па 1/4 два пати па пола па тек тогаш цела.Во мегу време можеш да воведуваш полека и други намирници.Јас ја секогаш блендирам со банана или зеленчук. -за пасираната храна самото ке ти покаже кога е спремно.Мојата е 10 месеци уште е на блендирано нема ни еден заб. -а за сол..што знам не би ставала сол до годинка па макар да е и во домашно лепче Сол ко сол не е добра за бубрезите на бебето бар првата година избегнувај ја.Лепче се воведува кога ке воведеш глутен.
Мајки незнам дали треба да му ја зголемам количината на син ми,колку количински јадат вашите бебиња?бебо мој што и да му направам се маф прави ништо не останува, си јаде се машала со апетит се мислам да не не му стигнува,за 10 дена ќе наполни 9м имаме три оброци два по 300 гр, доручек и ручек вечерата 200 гр.тенкс
^Сеκое бебе е пρиκазна за себе. Неκои јадат повеќе неκои помалκу. Само ти можеш да заκлучиш κолκу му е потρебно,машала неκа си пρодолжи таκа. Јас лично ниκогаш не меρам во гρамови,си имаме чинивче κое си го полниме нон-стоп до исто "ниво" и само вечеρата ја јадеме цела,доρучеκ и ρучеκ сеκогаш ни останува.
Исто и ние ова со вечерава. Хааха знаат дека цела ноќ нема јадење па да си се наручкаат убаво да ги држи до сабајле.
Вака сега кога размислувам, јас уствари му немам заменето оброк, само му ги имам прераспоредено оброците. Кога почнав цел оброк да му давам, уствари млекото му доаѓаше на 3 саати место на 4. И тогаш, и сега со 3 оброци цврста храна, има 5 млечни оброци во текот на денот и ноќта. Јас лично не би го направила одма првиот оброк, види вториот замени го, во 12 што е. Само, може и гладна да биде, да си бара млеко побрзо. Зашто, од искуство, овошјето помалку најадува, дали ќе биде сито бебето до следното млекце Лично мое мислење, не мораш да се сложиш. Сепак ти најубаво си го знаеш бебето и ќе видиш кога и што му треба @TIGARCE86 мила, кога читам малиот твој колку јаде и колку напредува..... Мислам дека моето на година нема толку да јаде Јас на 100гр зеленчук денес се прерадував, бог знае од кога не изел толку зеленчук, жива среќна бев
Исто κаκо и оρизот,на 100гρ вода една лажица гρиз(можеш малκу повеќе за погусто). Ние го спρемаме и со ад,мн го саκа. А κоρистам гρиз на Лино. И јас неодамна воведов.
@azelea Мојата савајле накај 5-6 пие млеко и после прв оброк ни е накај 9 часот сабајле. Е сега зависи од оброкот ако е по тежок и калоричен млеко не пие 2 часа. А ако е само овошје си бара млекце побрзо но пие помалку. Количински секогаш јаде различно и пие млеко различно. Таман фативме ред дома јадеше 3 оброци по цели теглички, сега кај свекрвами јаде едвај по 50 гр. Затоа воведов и 4 оброк. 9 сабајле доручек, па после млеко. Ужинка накај 12, па пак млеко. Потоа ручек накај 3-4 и пак млеко( си бара и ако е најадена барем 30 мл пие). Накај 18 ч пак млеко. И вечера во 19.30- 20.00 ч. Па спиеме во 20.30-21.00. И се успиваме со млеко накај 120-150 мл. Секое дете е различно. Совет од педијатарот мој, може ке ти користи. Штом пиете млеко во 9 сабајле, наместо млеко напрај му оброк(каша) со 60-90 мл млеко. Исто и навечер. Јас такс правам често, освен за ручек.
Користам гриз од Хумана. Го правам со АД млеко. Не се вари само се додава топло млеко/ вода. Количинки искрено ставам одприлика. Да не биде ептен густо туку како и секоја друга каша.
Душо на тоа јадење не е воопшто буцко туку онака таман си е ама долг е многу и пргав не застанува,башка и едно 6-7 пати пеленки дневно ги полни квалитетно,значи му работи метаболизмот што ќе му е да е дебел бацки до вас