Прво киснам од вечер 2 супени лажици просо/киноа. Па го варам 20тина минути,прецедувам и мешам со овошје. Банана,праска,круша ,кајсија.. Еднаш,два пати неделно давам,не знам колку смее или не смее
До пола ѓезве од прилика Ставам повеќе вода па ја цедам,никогаш не научив точна мерка сооднос на вода
За во кашичките почнав да користам кравјо млеко. Пробав со АД да ги правам , не сака , земав козјо - пак не сакаше. Ова за Лино кашите зборам. Моево сега година ќе полни , па и видов не и прави проблем и си продолжив така
Како го замрзнуваш цвеклото? Јас имам се домашно, па скоро се замрзнато. Спанаќ, блитва, цреши, вишни, брокула, карфиол, патлиџани, пиперки. Само брокулата и карфиолот ми се обарени 3-4мин.другото е се свежо замрзнато
И јас обарувам брокула ,карфиол а да и боранија обарена имам замрзнато. Цвеклото сварено,блендирано и во калапи за мраз замрзнато. Кога ми треба си вадам по две коцки и додавам во каша
А боранија како складирање... Замрзната или во тегли? И овошјето сечено на парчиња или вели овошки? Сакам да замрзнам сливи и праски дали да ги сечам или цели?
Сливите ги сечев на пола, вадев семка и ставав во ќеси Боранија сецкана,обарена и во ќесички во фрижидер
Пиперки исецкани, тиквичка, боровинки, аронија, сливи, брокула, карфиол, грашок, цвекло,за сега имам смрзнато, плус праски и круши во тегла. Сега и домати планирам да смрзнам.
Јас засега имам замрзнато рибизли, боровинки, малини, капини, бамја. Планирам боранија во тегли да ставам а да замрзнам уште сливи и праски.. Можеби и пиперки.. Немам место во фрижидерот за замрзнување.. Тоа ми е проблем
Мајки,вода како почнавте да давате? Зборам за пробување вкусови.После јадење,уз јадење Колку? Знам превриена од бокал треба,ако неќе шише имам чашка..
После јадење и во текот на денот Давај колку сака, претежно не сакаат Јас давав купечка вода, не ја вриев Ако не ти пие од шише или чаша можеш со лажичка