Јас свежа боиранија замрзнав, ваљда не е грешка? Вода јас давам по цел ден ама и во текот на јадењето, бидејќи и јас така пијам и се муалам жеден е И да ве прашам, р'жани снегулки дали подготвувате на ист начин како овесните? Првпат ќе користам?
Просо со банана, праска, кајсија, јаболко, круша, слива, буквално со се,а можеш и со зеленчук и киноа исто,... Јас најчесто со зеленчук киноа комбинирам а просо со овошје...
Мајки, леб давате купечки или домашен? Без сол да го правам? @crazylady Ако не сум грешка, неколку страни поназад (или може на другата тема за храна да било) пишуваа членки дека вака пастеризираат. И јас сакам да пробам.
Јас давам купечки леб. @crazylady свекрва ми направи на сличен начин. Ги излупи и исецка патлиџаните и ги стави во тегли. Ги стави во ладна рерна и тогаш уклучи на 50 степени. Кога постигна температура уклучи на 100с, кога постигна 100с уклучи на 150 степени и ги остави 1час. После ја исклучи рерната и ги остави 3-4 часа внатре додека да се излади рерната. Не ја отвараше рерната за целото време. Пробав пред некој ден и супер беа.
https://www.crnobelo.com/intervju/r...tor-za-blw-metod-na-ishrana?showall=1&start=1 Што мислите за овај метод?
Мајки кога воведувате нов вкус а при тоа давате веќе оброк дали го давате исто три дена по три лажички?
Во оброкот ја ставам новата намирница и давам по 2 дена,целиот оброк. Со тоа што првиот ден ставам помала количина од новото
Денес прв пат дадов сладок компир но премногу влакна имаше и бебе само лизна малце страв ми беше да дадам повеќе...ваков го давате со се влакна или јас не знам како да го подготвам? ( го варам,пасирам и малце ад додавам и на крај блендирав заради тие влакна ама пак имаше)
Женски што правите во врска со храна кога одите на одмор? Ние само на викенд ќе одиме, па јас се мислам да земам инстант житарки, неколку готови каши што ги јаде, и свежо да јаде на пример краставица и друго овошје. Имате вие некој предлог/совет? @Pocahontas9 Одамна немам приметено така многу влакна низ компирот, да не се стари ако имаат многу низ нив? Зашто знам ако го оставам подолго забележувам огромни жили под лушпата, како вени. И тогаш не го јадам, го ставам во вода и претварам во салонско цвеќе. @crazylady Во врска со blw, не мислам дека има потреба 100% водење според методот. Особено како малово што беше анемично, што и колку ќе внесе јадејќи само... Јас комбинирам, го хранам, ама и му оставам парченца брокула, краставица, компир, овошје исто само на парчиња може да помине, во каша не. Така добива фингер фуд, вежба координација, моторика, без да си игра со храната на секој оброк.
Ние истеравме викенд со готови каши и овошје свежо плус. Можда да имав термос за каши, ќе правев па ќе земав на шетање, ама вака без, не ми се ризикуваше.
Женски,цреши од кој месец се воведуваат? Се водам по бебе готвач но цреши има и во 7 и 11 месец. Некако ми има голема разлика во месециве.
Црвени овошја во принцип одат подоцна, 10+, но нема строги правила. Ако сметаш дека бебе е доволно старо да проба, дај