Бебе е 5 месеци и од 4 месеци почнавме со пробување на вкусови. Денес педијатар от ми рече дека веќе да и давам како оброк а ова со пробивањето по 3 дена мн бавно ни оди. Утре планирам да дадам гриз и ме интересира дали можам да го мешам со нешто што го имаме досега пробано и дали може да и ставам од готова овошна каша во гризот или морам и него да го терам 3 дена.
Може да ставиш овошје што е пробано до сега, ако пробало круша,праска банана,слива. Можеш и со готова каша да измешаш Но мислам дека е рано за глутен Освен ако не даваш безглутенски-Семолина
А од кога може кашкавал? @koritsaki @Yowannty вашите се поголеми, давате? Ко да ми спомна педијатарот на последнава контрола..
Од хип имам земено семолина, пишува за 4 месеци.. А да давам 3 дена со работи што ги има пробано @Sofi.ja?
После година дадов прв пат. Мојата не сака млечни производи воопшто, ништо до сега не ми поминало. Можеш да дадеш да проба близу година сте вие.
Јас по 2 дена давав ново овошје,зеленчук или житарка, само месо и глутен по 3 дена Инаку да тој е без глутен
Ќе замолам ако може некоја мајка да ми разјасни дали кога се воведува нов вкус (пр.брокула) тој ден бебе јаде само лажичка две цврста храна? Бидејки јас давам бебе да јаде колку сака кога мешам веќе пробани вкусови а кога давам нов вкус што ако сака уште? инаку бебе е 6+
Дај две три лажички од новото и продолжи со веќе воведено, да си изеде цел оброк. Јас обично првиот ден давав чисто, вториот го мешав.