Нема да се одбие,ние имаме 3 оброци на ден, плус цицање и ад млеко навечер,па досега сум немала проблем...
Задоволна сум,убаво пасира. Можеби не толку мазно како нутрибулет ама убаво ги прави кашите, освен месото. Наутро овошје+житарка Ако даваш прв пат дај само лепче,најубаво и во раче да се учи само да лапне. Јас давав тазе леб од фурна,од мекото. Околу 7-8м му дадов Но ако даваш прв пат немој помешано во к.млеко јас така кога му дадов почна да се закашлува, да прави фаци како да се дави. Најверојатно зошто не очекуваше дека во млекото има нешто што треба да го џвака
Да можеш,јас млеко прв пат дадов со палента. После во млекото му додавав овошје и во блендер,како овошен јогурт му го давав да пие
Здраво, кога прв пат почнавте да давате од кашичките што се со бејби бисквит или житарки? И дали вие што сте на АД со воведување на доручек и ручек го заменивте млекото со кашичка?
Фала. После месец дена само цицање, почна да јаде деновиве. Давам и пилешко, ама се фокусирам на телешко.
Женски здраво,имам едно чудно прашање Живеам во Германија и мн често се начекува кашичките од Хип и на пола цена попуст да се или купиш 3 и имаш 1 или 2 гратис.Е сега прашањето е дали пример кога ќе купам 10 кашички можам да ги чувам во фрижидер ,со оглед дека во дм или аптека стојат на полици не се во фрижидер? Или како? Фала ви на одговоритеее ама еве незнсм како би било правилно да се постапи
Штом има анемија, секако телешко е подобро. Семе од коприва и аронија може да вклучиш, жолчка, цвекло, просо форсирај, богато е со железо. Наут исто може.
Неотворени нема потреба да се чуваат во фрижидер. Купи си и складирај ги на суво и темно место, а во фрижидер по отварање само.
Фала многу. Да да, знам, пилешко давам колку да смени. Ама два дена телешко давам, еден пилешко. Семе од коприва како да давам? Аронија замрзната во каша? Просо како правилно да подготвам? Може з вечера со овошје? Жолчка јаде само со палента и јогурт, знам дека не треба со млечен производ, ке пробам со овошје да ја маскирам. Просо сум заборавила дека е добро за железо, фала што ме потсети. Цвекло давам за ручек и со телешко и со пилешко. Кашите ги сака кога се со повеќе вкусови комбинирани.
Аронија во каша, со овошје, измешано со сок од лимон. Ако сака да грицка, може и така, само карактеристичен вкус има, не ја сака секој. Не се сеќавам дали просото се вареше во однос 2:1 или 3:1, ама убаво е да ги киснеш малку пред да се вари, побрзо ќе извари. Ако го оставаш преку ноќ да кисне, тогаш во фрижидер нека стои, инаку мислам дека се расипува. Или па земи лупено просо, тоа не мора да се кисне. Ако го даваш навечер за вечера, со банана или јаболко од овошје, други овошки не. Може со доматен сос како манџичка да го направиш, со домат и пиперка, вкусно е и така.