Јас само летово на температура над 25° ги чував во фрижидер ,инаку во кујна на рафт Млечни производи колку често давате? Особено тие што не се веќе на доење?
Какво кисело млеко може да дадам? И со што го мешате? Ни рече др. да воведеме жолчка 1/4 во исхраната и месо. Дали ја давате така жолчката или ја мешате? И за месо какво да земам чисто или? Јунешко, телешко и пилешко ни рече. И што друго може за зголемување на хмг, 109 е на 6месеци?
Кисело млеко земав и на Бучен Козјак 3,2% и Битолско. Моево за Б. Козјак се мршти - кисело му е. Ако купуваш од месара телешко кажи бејби биф, кажи дека е за дете, јас земав од Веро, но сега купивме домашно имам. Кога ќе даваш жолчка не давај месо. Јас за неколку дена ќе почнам со воуведување на жолчка и педијатарот ми рече може да ја мешам со нешто што веќе го имам воведено, ми рече може со кисело млеко. Пилешко ако имаш домашно, вака од продавници не. Претходниот педијатар на ќерка ми рече, ако не најдам домашно подобро ич да не давам Кисело млеко давам со палента или со лепче
Јас 3 пати неделно давам месо... сите ве читам 5 пати нели е премногу... Не е баш љубезен мојот педијатар е знам кој да прашам..
Така ме советуваше педијатар,и како што читам сите така даваат. Мојата имаше низок хемоглобин и давав 4 телешко,1 бело,2 жолчка.
Нормален е тој хемоглобин за 6 месеци, тоа е т.н физиолошка анемија... како што ќе воведуваш цврста храна ќе се покачи со тек на време. Не мора одма да се дава нешто посебно, таман си е за бебе на таа возраст.
Ми се чини сите кисели млека ги проба, само кораб трница го сака. Го ставам во палента, спанаќ. Месо телешко и мисиркино давам и тоа во месарава кај што земам ми објасни месарот дека нема потреба да е бејби биф, само цената му е висока. Најчесто сега од бут ми дава убаво месо, меко и брзо се вари. За хемоглобинот можеш плус цвекло да воведеш, просо. Три пати неделно давам и јас. Еднаш риба, еднаш леќа/грашок/боранија и два дена зеленчук само, алергична е на јајце.
Дали мора да замрзнувам овошје и зеленчук? Не би било подобро да се јаде сезонско? Гледам има праска/кајсија, а ние ќе почнеме со дохрана во ноември. Единствено тиква да замрзнам, тоа сум замрзнувала. Ама овошјето не знам дали би било океј замрзнато.
Јас пастеризирав сливи и праски.. Не успеав да најдам кајсии. А замрзнам боровинки малини рибизла и бамја.
Фала ви на сите за споделените мислења,ми значат Пилешко има баба ми да е жива и здрава, и домашни јајца исто така.
Јас мислам печен па замрзант,така се договаравме со мајка ми, не знам дали може свеж Аронија и урми кога дадовте? 11+ е мали
Аронија планирам од понеделник, 11+ е и мојата. Урми ни ние не јадеме, никако да ми текне да купам, а колку што знам може веќе и тоа да се даде