Дадов кога почнав со вкусови,праска негде на 5ипол месеци, тогаш немаше свежа од каша Хип дадов Мислам праска и круша Или праска и банана беше комбинацијата
Јас воведов на 5 месеци . Овошјето се препорачува да се вари до 8 месеци, после тоа можеш свежо да му даваш.
ај и тука да пишам, пишав и кај големите, дајте ми некој рецепт со просо ама да не е каша,супа за да јади сама ми е
Како ја установи алергијата??? Бурна реакција или блага??? Јас утре планирам прв пат да дадам па страв ме фака
За неполни десет минути црвени флеки и се појавија на грбот. И одма дадов сируп, претходно договорен со педијатарот. По два месеци, дадов пак, се повтори реакцијата. Сега чекам насоки од доктор, после годинка што да правиме. Ама доколку немате историја на алергии во фамилија, не се секирај.
Тортичка на пареа од просо, малку брашно и јајце/жолчка или банана, или авокадо, некој дрyг блендиран зеленчук. Изблендирај сѐ, стави во мало садче, покриј со капаче што има дупче или покриј со фолија и боцни неколку дупчиња со чачкалица, и нека се готви на пареа околу 25мин. Моево деновиве вака зајаде само, овие тортички испаѓаат меки и лесни им се за низ уста.
Мајки бебе уште 9 дена 4 месеци. Вчера бевме на педијатар и ни кажа од 4 месеци да почнам да му давам на синко зеленчук. Мене тоа воопшто не ми се допаѓа. Цел живот ќе јаде и ќе има време за три оброци. Сопругот ми вели не ти се мешам. Ако си решила на 6 месеци да почнеш ок. Кога почнавте на бебињата да им давате кашички?
Неколку дена пред да наполни 5 месеци почнав со пробување вкусови. Една намирница 3 или 2 дена давав.
И јас не сакам толку рано, до 5 месеци сигурно нема да му давам да пробува. Кога ќе направи 5 месеци, ќе го носам на контрола и ќе видам што ќе каже педијатарот.
И мојов педијатар ми рече да почнам од 4 ама еве го 4 и пол е и уште не сум почнала..еднаш така од љубопитност му направив кашичка од морков па не знае да голта бе, прво не знае да седи па да го ранам јас..така полулегнат неможам па ќе почекам уште некоја недела барем да е подисправен малку па да голта...
И според мене е рано освен ако нема некоја индикација да почне со цврста храна. Јас планирам од 5ипол-6 месеци, а и педијатарот ми рече исто. Сега му давам оризова вода (4 ипол месеци е) и ептен по малку со лажиче, се чуди, брчи со уста се гледа дека не му е природно. Се чудам како би прифатил зеленчук. Да се редактирам: Гледам обично се почнува со морков. Како треба да се направи кашата? Се вари морковот, се бленда, а треба да се стави вода или млеко да биде течна или како? Зашто стварно не знам дали ќе знае да голтне.
Јас морков тек сега неколку дена пред да наполни 6 месеци дадов. Пред да почнам со цврста храна имаше нередовна столица, затоа бев малце претпазлива со што почнувам. А морков,компир и ориз последни на листа ги ставив бидејќи ми кажаа дека прават запек. Инаку исецкај го морковот за убаво да се обвари, после тоа го ставаш во блендер и малце од водата што го вареше морковот, ги блендираш и може да даваш.
Вариш морков и го блендираш со водата во која се варел. Нема да е грешка да ставиш и мајчино млеко, за полесно да го прифати. Сепак, поентата на пробување вкусови е да се знае дека има и други вкусови освен млеко. Ако си во дилема, купи готова кашичка морков и ке видиш која треба да е густината и тркстурата. Треба да е течно и сосема мазно.